Јас одамна немам користено тампони, некогаш само по еден, и тоа Џеса само, баш од таа причина што послаб ми е текот во последно време и сите ми се... мех... о.б. ми се мене дефинитивно преценети, ми ги даде другарка што мислела може да ги користи ама сфатила дека не е за неа, и не ни купив, ич не ми се погодија Ако има препорака за подобри, и јас би
Постојат ли воопшто тампони со апликатор во Македонија? Мислам дека хигиенски се подобри, посебно кога морам да го сменам надвор од дома.
Истото и јас се плашам Инаку користам чат пат, на одмори користам обавезно ако имам мензис... ај за ставање немам проблем, но исто како тебе се плашам да не повлечам со кончето и да излезе само кончето
Не си ги користела правилно, воопшто не се осеќаат и се одлични во одредени ситуации. Секако дека упиваат. Си имаат различни упивателни моќи, зависно од тоа кој ден ти е и колку ти е обилен циклусот. Не се сите исти.
Ги користев лани. Бев на одмор. Маж ми ми ги ставаше. Едвај издржав со нив. А вадењето ептен незгодно.
Или не ти ги ставал доволно длабоко или си зела тампони кои не ти одговараат, т.е биле со поголема упивателна моќ отколку што навистина ти требало. Штета што имаш лошо искуство, навистина се благодет, особено на одмор.
Се погоди да одам на одмор кога имам менструација, па сега планирам да купам тампони. Да ми препорачате некои лесни за употреба и пријатни? И на колку време се менуваат? Немам користено до сега.
Девојки, што ако се скине конецот на тампонот? Читав погоре дека се силни конците, дека е многу тешко да се скине, но сакав да прашам затоа што сум слаба со искуство на ова поле и ми треба некој совет за оваа што ако ситуација? Планирам да идам на одмор па идењето кај матичен гинекогол не ми помага затоа што ќе сум надвор од земјава..
Нема да ти се скине. Ама ете, во случај да се случи, ќе чучнеш, ќе напнеш во тој дел и со прсти лесно ќе го извадиш. Не оди толку длабоко тампонот... Не се оптеретувај, јас со години користам тампони и до сега не ми се случило да ми се скине конецот.