Кога ќе се натопи во "течноста", сосема малку повлекуваш и лесно излегува. Не знам која е таа сила што некој треба да ја употреби за да се скине, ако се користи правилно нема потреба од грижи.
И мене ова ме интересира. Исто така, прв пат ќе купувам, па од каде да знам од кои поконкретно да земам (нели има со повеќе капки, или помали/поголеми)?
Капките покажуваат исто како на влошките упивачка моќ. Ако имаш обилна менструација ти требаат тампони со повеќе капки, и исто како влошката што е поголема, и тампонот е поголем
@sofija014 @Luminary ги користев Џеса за последнава менструација и мене ми се видоа како подобри од ОБ. Прво, потенки се и не е толку језива апликацијата. Самото вадење е полесно и забележав дека не се растураат како ОБ, т.е. нема такви памучни влакненца разлетани на сите страни. Немав проблем со протекување и нелагодности при носењето. Исто така се многу исплатливи, јас ги земав Супер (4 капки се, тие Екстра супер се со 6 капки) и во кутијата има 56 тампони за 199 денари.
Има две помали пакувања, не сум сигурна дали се по 8 и 16 тампони но се помалку од овие 56. Таман за проба.
Me interesira dali navistina moze da se koristat mini tamponite dokolku seuste ste nemale seksualni odnosi.
И јас сум задоволна од Јеssa. Подобри и поефтини се од ОБ кои лично мислам дека се преценети. Ако сакате смао за проба има во ДМ едни шарени како кутивчиња и внатре има три тампомни од тие со три капки. Побарајте ги кај што се танмпоните во ДМ.
Мене многу ми се погодија Јасмин тампоните. Ги има само во Зегин и не се сеќавам на цената точно, но не се скапи. Џеса ги гледав и јас во ДМ, ама ме интересира дали имаат тампони со апликатор? Не видов такви, а може имало ама не сум приметила. Знае некоја?
Која е цената на тампонитр и препотачајте ми од каде и кои да ги купам? Ми се погоди да имам добиено на одмор, а сакам да се бањам...
ОБ ти се најпознати на пазарот. осум тампони околу 85/90 денари. Јас ги користев до рпед некое време. Поскледниот пат земав Јесса од ДМ и сум многу задоволна од нив. Околу 16 тампони за 130 денари или нешто така. И овие ги препорачувам. Внимавај само за колку капки ќе земеш.