Менструацијта треба да ми дојде за една недела, а ќе одам на патување и баш последниот ден би требало да добијам,ама се плашам од промена на клима едно друго да не добијам порано..досега не сум користела тампон и се мислам дали да си купам,а имам обилно крварење, препорачливо ли е?
Тампоните не се употребуваат кога нема менструација,само кога има,така што ако немаш добиено тогаш не треба да користиш тампон.Ако се сомневаш дека има шанса да добиеш порано,тогаш може на гаќите да ставиш една чиста влошка за секој случај додека патуваш да не ти дојде случајно,а за тампоните ако сакаш да пробаш,тогаш можеш да купиш,но да внимаваш да ги менуваш често бидејќи имаш обилно крварење и да внимаваш да се гледа надвор кончето,да не се заглави кончето за да можеш да го извадиш потоа кога ќе треба да го менуваш тампонот.Сега зависи и колку долго време ќе патуваш,ако долго време патуваш,тогаш влошката би била побезбедно решение,но,сепак,ова е мојот совет,а ти треба убаво да размислиш и да ја донесеш конечната одлука.
Секако ако добијам мислев да, но еве уште сега ме болат градите и ко луда јадам. Прашањево ми беше дали е пречка обилното крварење бидејќи колку што можев погоре да видам не се употребува првите денови ако е обилно,а мене баш заради тоа ми е..
Може да користиш и првите денови кога ти е обилно крварењето, само ќе си земеш со поголема впивачка моќ. И ќе ги менуваш почесто, на два до три часа максимум. Како ќе се намалува крварењето, ќе земеш помали.
Има различни големини секако. Си бираш спрема твоите потреби. За првите денови од поголемите, после од помалите. Иначе, многу е важно да ги менуваш често, во спротивно ризикуваш страшна инфекција, т.н синдром на токсичен шок. Немој да спиеш со тампони.
Дали можеш да носиш тампони ако не се појавени усните? Јас дека не носам тампони ништо незнам во врска со нив. Другарка утре ќе оди на патување па ме замоли да напишам тука зошто ке оди на патување а сеуште не и се појавени усните а денес и дојде циклусот. Ве молам за искуство..
Tampax со апликатор ги има во ДМ 79денари за 8 супер тампони. Ми се допаѓа што се маскирно спакувани како бонбончиња, ги немам пробано уште, ама и не ми се допадна што имаа само две големини нормал и супер. Ги користам O.b. pro comfort нормал,супер и мини и немам утка.
Имам прашања кој сакам да ми се разјаснат во врска со тампоните....Ако некој сака да ми објасни нека ми пише во порака
Еднаш ставив бидејќи добив во ниедно време а немав влошка дома. Погадно чувство немам осетено Вршат работа да ама гадно ми е некако, и ми искачаше цело време. Другарка моја нон стоп си носи без проблем, и се чудам цело време