Не си го ставила убаво ако ти искача. Не е гадно, напротив, не го чувствуваш во тебе, нема она незгодното течење кога станеш, не осеќаш ни дека си добил. Многу убави се. И тоа од некој што не користи тампони баш често.
Искрено да ме извините ама се чувствував како со морков да седам. И додека го ставав се ежев од памукот, не поднесувам памук во облик на тампон, туферче, стапчиња за уши.. Мислам дека еднаш и за во школо ставив.. Инаку, колку е практично/хигиенски да се бањам со тампон? На одмор пример?
Не најверојатно, туку сигурно не ти бил добро аплициран тампонот. Ако е добро наместен не се ни осеќа. Да не е болката во јајниците, јас дури и ќе заборавам дека сум добила. Земи си такви со апликатор, далеку позгодни се за ставање, ќе видиш дека ќе се научиш. Јас се туширам со тампон кога имам добиено секогаш, зашто ме нервира кога ми протекува додека излегувам од под туш. И на одмор кога се погодувало да имам добиено си користам секогаш. Ќе ги менуваш по излегување од вода ако ти е шубе. Јас ги менувам на неколку часа, 3-4 отприлика, кога како.
Еднаш само пробав да ставам Спојлер и буквално само до пола влезе И толку од таа работа, не планирам пак со тоа да се заебавам, а и тоа ептен на одмор дека добив, среќа не ми е обилна и кратко ми трае па протерав само со влошки на плажа, ама дефинитивно мноогу непријатна работа се ова тампониве.
Џеса од ДМ. Не се лоши, ми се допаднаа. Имаше и едни од Зегин, не ми текнува на името ама најубави ми беа тие. Ги има само во Зегин, па ако на некоја и текнува, нека пише кои беа.
Феминке треба и поза да одбереш. Можеш седејќи со дигнати нозе и опуштено да го внесеш,а можеш и стоечки малку потклекната со раширени нозе. Важно е да си опуштена и да дишеш полека за да го наместиш убаво. Секоја грешка доведува до болка. Јас ги користам една година речиси на Џеса и сум презадоволна. Малку е шубе бидејќи е памук а ти сува и имаш чувство дека се гребеш. Навечер си ставам влошка бидејќи спијам повеќе од 8+ часа. Ќе се научиш ама важно имаш удобност во текот на целиот ден и не се чувствува дека носиш. При обилна менструација пожелно е да се носат до 4 часа, а во денови кога крвавењето е намалено и до 8часа. Индивидуално е.
Да, овие убави ми се и мене ги имам користено порано. Мислев на Јасмин инаку, тие ги има само во Зегин колку што се сеќавам, ама не ми текнуваше на името за жива глава.
За почетници Tampax со апликатор од ДМ се одлични за да добиете претстава каде треба да отиде тампонот, а не да седите со морков јас барам кутивче за тампони, купив едно пред две години од ДМ со Jessa тампоните идеше, преслатко е, ама не се затвора веќе убаво и ми испаѓаат по чантата. Ако некој здогледал негде пишете.
Па можеш и во тоа за влошки да си наредиш. Јас имам такво од always метално и цврсто се затвора. Си редам 3-4 внатре плус влошка.
Zdravo citav komebtari vo vrska so tamponive jas sakam da probam od ljubopitnost ama nezz kakvi se kako se koristat I kade gi ima I od koi Ste dadovolni mi se zdosadi od vloski?
https://www.ladybook.mk/mk/post/2715/Kako-pravilno-da-stavite-tampon-za-prvpat Имаш различни.Јас ги имам користено Ob.прочитај нагоре малце
Ги пробав Tampax, супер се. На акција се во ДМ - пакување од 16 парчиња за 129 денари, па не ми се пропушташе. Многу повеќе ми се допаѓаат од Normal Clinic. Тие ми се најкрути од сите иако не ми пропуштиле никогаш, но исто голем минус им е тоа што немаат апликатор. И од Jessa ми се поубави, повеќе ми одговараат Tampax-от. Носев и на вежбање, немаше никакви инциденти, а имам обилен циклус. Супер испаднаа како за случајно купени.
Ги зема оние со апликатор? Се прерадував кога ги видов, многу ми е похигиенски аплицирање тампон со апликатор надвор од дома. Во поглед на впивачка моќ не можам да кажа, ги носев при крајот на циклусот, ама маана ми е што некако се распаѓаат тампонот е доста деформиран по употребата, а со тоа и потежок за вадење, што не ми се случило со Оb. Имаш такво искуство?