Може. Затоа што тампонот мора да го ставиш внатре во вагината, не на почетокот, туку малку подлабоко, инаку ќе го чувствуваш цело време.
Употребувам тампони бидејќи сум спортист и неможе секогаш поради мензис да отсуствувам од натпревари или од тренинг. Имаме секој ден тренинзи и влошките ми сметаат при трчање, па еве веќе неколку години употребувам тампони. Почнав со најмала големина и понекогаш кога имам обилно крварење се случува да употребам и средна големина.Ги употребувам по потреба,не секогаш. Многу ми се пријатни и дефинитивно ги благословувам и на сите ви ги препорачувам да ги употребувате ако спортувате или па за на плажа. Невреди да си го расипите годишниот одмор поради месечниот циклус...
Користам само за на одмор или евентуално кога одам на базен па дури и да немам менструален циклус заради заштита од валканата вода.Значи многу ретко и супер се ОБ нормал ми се најубави и само тие ги користам Сепак и јас имам прочитано дека не е препорачливо за девојки кои не се сексуално активни.Поззич
јас самошто се вратив од одмор, ама таму отидов опремена со тампони оти знаев дека тоа ке ме снајде. А инаку и првпат ги упоребив , што да правам така излезе ситуацијата. Сега можам да кажам дека во право биле сите форумџики што ги пофалија и благословија тампоните.А и немав проблем за отстранувањето на тампонот, за менување пишува во упатството 3-6 саати не повеќе но мислам исто така зависи од видот на тампонот , некои се за поголема апсорпција некои за помала.
Јас скоро почнав да употребувам тампони и искрено да кажам многу сум задооволна се чуствувам сигурно,лесно и воопшто немам чувство дека се ТИЕ денови Е сега,ги користам по 3тиот ден најчесто кога текот на крвта е смирен ,значи не е во изобилство а првиот ден задолжително ставам влошка бидејќи имам обилна менструација.За кој како,во секој случај да биде благословен тој или таа што ги измислила тампоните
мене искрено ме изненадува анкетава дека толку немаат пробано тампон.ако сум се престрашила да имам секс,не сфаќам зашто би имала страв да користам тампон.а оние што пробале,а не користат,веројатно и не го наместиле убаво
и јас сакам да почнам да користам тампони зпшто влошкиве ми ствараат иритација и црвенило но ми е страв да нене го наместам ко што треба или да не ми се скине кончето за следнава менструација сакам да купам тамнони ај некоја нека ми препорача која големина да ја купам?
o.b. Јас ги користам. Нормални. Без грижа можам да си пливам, шетам и слично. Не се секирај за кончето нема да се скине. Јас во аптека кога прашав кои се најубави ми рекоа дека се o.b и тие си ги користам. 90 денари се 8 внатре.
дали сте чуле за тст токсичен шок синдром кој во никој случај не смее да биде занемарен кога купувате тампони и кога го читате нивното упатство.за почеток се јавува како симптом на грип со висока температура, повраќање, грчеви во стомак, главоболка, гадење, кои можат да одат до нагорен степен и да предизвикаат смртност...па затоа ако ставите тампон и добиете било кој од овие симптоми веднаш да го отстраните бидејќи може да има несакани последици....но сепак не е толку страшно ако детално се придржувате до упатството за употреба и ако немате воопшто проблем можете да користите слободноооо....секоја чест на оној на кој ги измисли бидејќи се спас во многу ситуациии особено во летно време за на плажа....ставате и уживате во водааа без никави проблеми....ураааа за тампонитееее