@Avery O. b. се некако набиени, Tampax се потенки ама подолги и мене ми се поудобни. Таква форма се поради апликаторот најверојатно. Како се полни се шири по должина а o.b. поскоро станува топче апликаторот е најудобното нешто никогаш не би ги сменила
Да, тие со апликатор. Не видов дали имаше донесено без апликатор, сите два-три вида беа со апликатор. Мене ептен ми се лесни за вадење и многу поудобни ми се од некои други кои сум ги користела, немам таков впечаток дека тешко се вади. Се шири инаку, во многу попријатна (и поприродна) форма бар за мене, зашто ете Normal Clinic на пример кога е пополн го осеќам и ме притиска, овие не. И апсорбирачката моќ им е солидна. Не ми протече на вежбање, а бев втор или трет ден добиено баш кога имам најобилен тек.
@Noemi @Mishela фала ви на одговорот. Со години користам о.б. па веројатно сум навикнала на нив и со овие ми беше чудно. Ќе им дадам повторно шанса. Инаку, се согласувам. Апликаторот е нешто многу практично и навистина ја олеснува апликацијата.
Конечно се спасив и јас и најдов решение за летните досадни циклуси, тампон, кај ми бил паметот досега порано што не сум се одлучила. Ми одговараат најмногу ОБ силки тач, нормал. Ама имам нелагодност и како да го осеќам секој момент дека ќе излезе, колку и да сум го ставила длабоко. Нормално е? Веурвам не е. Не сум земала со апликатор ама следно ќе земам. И уште нешто, осеќам кога носам тампон дека имам како болки во стомакот, а го извадам немам таков проблем. Не долго откако ќе го ставам, одма ги осеќам болките, моментално штом го ставам. Психа или?
Имав поголеми, беше ужасно, сега земав помали ама пак некако шубе. Мислам дека е до местењето, не можам да го пикнам убаво па ќе си земам со апликатор.
Никогаш не сум користела тампони. Може да ми кажете колку длабоко треба да се стави? Како вагиналета? Колку што ти е прстот го туркаш внатре, или?
Не баш и за двете, едното е премногу плитко, другото многу длабоко, а тампонот отприлика треба да дојде нешто помеѓу тие два примери. Ма да зависи како ти е удобно, битно е да не го чувствуваш. Земи си со апликатор и нема да имаш проблем. Особено ако немаш користено досега, многу бргу ќе фатиш ред и ќе добиеш осет до каде треба да оди за да ти биде тебе удобно. Мене искрено уште понекогаш ми е тешко да си ставам тампон без апликатор, обавезно ми се случува да утнам нешто и не ми е толку хигиенски, плус со долги нокти сум и избегнувам тампони без апликатор. Не само во лето, тампоните ми се раат за преку цела година.
Ме просветли колешка, едната нога на шоља, едата доле, поднаведни се и таман. А не претходно исчашував рамо за да ставам тампон. Еве го не го осеќам сега воопшто. Зошто е штетно? Научно истражување некое? Јас мислам дека е понештетно од влошки. Влошките затвараат пори, прават инфекции, стандард сум со чешање уште неколку дена после циклус од влошките.
Поради токсичен шок,не сакам да се правам паметна најдобро намерно пишав само Иначе јас користам влошки само и ги менувам 3-4 пати во денот и се мијам многу често и немам проблем
Токсичен шок се добива и од влошка ако не ја менуваш редовно, нормално и од тампон ако не го смениш пред истекот на времето. И миењето многу често не ти е паметна работа. Не се правам паметна така кажал доктор.
Јас ги носам по 2 часа и немам гајле, не сум добила токсичен шок. Имам спиено со нив до 8часа највеќе и станував за да менувам. Меѓутоа, ако зборуваме за штетност, најштетни се миризливите влошки за вагиналната флора кои само ја гушат и создаваат иритации. Најдобро според мене е да се носи и тампон и влошка од памук без никакви други додатоци. Најдобри за мене Jessa.
Можеби се практични, но не се препорачува честа и долготрајна употреба. Затоа избегнувам да употребувам.
Ми кажаа доколку си невина не смееш да користиш тампони, дали е точно. На одмор сум и ми дојде па совет некој дали смеам да користам тампони а не сум имала односи и кој се најдобри