Од Тампакс ми протекува, искуство? Регулар користам моментално. А многу се убави, меки, со апликатор, бомбона. Се мислев да земам супер ама па ме нервира кога се големи. И об ми се убави ама не можам без апликатор, таква сум, гадлива. Иначе многу убав, мек, нежен тампон, скоро како и ОБ силвер тач, тие ми се ултимејт супер убави, ама без апликатор...
Не се толку големи супер од Тампакс. Таман се за деновите кога е пообилно. Регулар од кои било мене ми протекува, не ми одговараат.
Тенкју. И од ОБ синоќа ми протече. Ќе си земам тогаш супер на Тампакс и ќе си комбинирам со регулар во првиот и последниот ден. Мене втор, трет и четврт ден ми тече ко река, со влошка, ама со тампон ми се скратува циклусот за 1 ден и фактички втор и трет ми е обилен. 2 циклуса тотал со тампон, претходно само за некои прилики сум користела, абе ова било раат еј. Искрено Тампаксот повеќе ми се свиѓаат од ОБ, потенки и полесно ми е, првите 2 ставања дур да се научам како да ги ставам ми беше проблем, ама сега веќе милина.
Човече, не ми се верува дека сум користела влошки цели 16-7 години Зошто побогу не сум си зела тампони порано? Ме охрабривте со позитивниве искуства во темава, особено @Mishela Купив Тампакс регулар, од прва го ставив со апликаторот. Малку пониско наместен, ама воопшто не истече. Немам обилен циклус, инаку. Веќе по второ, трето ставање е сосема лесно, правилно го местам, не го сеќавам никако. За спиење влошка, сепак ми е страв да не се заборавам ама тампониве се life changing. Се осеќам како peasant шо не сум почнала порано да ги користам
И мене Тампакс ми се поубави, а и цената им е топ. Штом протекло и од овие другиве, верувам големината била проблем. Ќе си пробаш па ќе видиш како ќе биде, ама не би требало да имаш проблем мислам. Мене ниту на вежбање не ми протекле досега, а имам така обилен тек. @Doozy ајде аирлија. Знаев дека сè ќе биде супер.
Нели? Абе ко на рекламине ми иде да си пафкам суќна, нит се запотив, нит се склетисав... Тампкасов па, со апликаторот, милина!
Денес првпат ставив тампон и полесно од тоа здравје. Од прва го наместив како што треба и не го чуствував воопшто.
Мене срам ме фаќаше оти летово прв пат користев тампони, си викам само ти заостаната Еднаш одамна имав неуспешен обид, ама сега профи станав Пошто врска немам, купив ОБ големи и нормални, ама сакам да пробам и Тампакс, од каде ги купувате? Аптека? Маркети? #newbie
Tampax купувам од ДМ, а ги има и во Веро ама нешто поскапи се. Во моментов на акција во ДМ се Џеса (кутија со 54 парчиња за 159 или 169 денари), си купив уште еден пакет, нека има. Убави ми се и тие и не ми пропуштиле досега, само без апликатор се.
@theowndemon тампоните се со апликаторче за една употреба, нема баш башка апликаторче да купиш. Не би било хигиенски. @CameliaMiller у ДМ мачко, на друго место нема овде тампони. Патем, Тампакс 16 тампони со апликатор се на некој акција во ДМ, 109 мислам ги зедов. Или 129? Или толку им е редовната цена, а влошките беа 109? Како и да е, земете си Тампакс со апликатор и РААТ! На сите ги препорачав и сите ме гледаа налудничаво, а само една другарка ме послуша и пробаше и ми вика - УААУ! Јас сега се спремам за на одмор и најверојатно ќе добијам, ама гајле ми е - тампаксчето и ајт.
Душо, мене ми каснеше цели 8 дена, за да добијам по пат накај море вчера Ама раат сум. И мене ми е малку бљак со об дека нема апликатор, ама побљак ми е морето да го гледам само Рачно Како изгледа апликаторот? Како се користи? Се осеќам како оние "се сексав со перница, дали сум трудна?"
Посебно за на одмор и во “надворешни услови” тампоните со апликатор се закон. Многу е похигиенски, затоа што ниту го допираш тампонот, ниту буташ прсти кхм... знаеш каде А и веројатноста лошо или плитко да го наместиш е многу мала. Еве сликичка од тампон со апликатор vs без апликатор. Како се ставаат (со и без апликатор) Спојлер Оние со апликатор, всушност работат по принципот на шприц Инаку, секој тампон си доаѓа со апликатор за една употреба Кај и да си на одмор во маркетите и аптеките ќе најдеш сигурно.
Епа кои се со апликаторче тогаш Оти земав едни јас и немат и уште ред им немам земено. Тие Тампакс кај ги има? Еј ако ако ти прашвај прашањата да не морам јас. Ама дур се разбудам ете дојде @Avery Апликатор поќе око ми фаќа реално ахахх :')
За бањање во море ќе се пресрамам и се' ќе си прашам Ob големиве ептен бркаат работа, денес после 6 саати од шубе го сменив и деф. можев да го носам уште 2 колку што смее. А имам обилна менструација, посебно вака втор ден, како да сум заклана Си ја поминав младоста со тури/вади улошки или гледајќи море... смотана. А башка што ич не се осеќа... за разлика од улошка.
И јас не осеќам дека имам добиено кога носам тампони. Како ми се погоди последниве неколку месеци без болки, мислам конечно видов раат и можам да бидам како оние весели женски по рекламите за влошки. Дури и за спиење сум со тампон, доста ми беше од укочена кичма од спиење во поза легнат полицаец за да не ми протече од некаде. И онака често станувам навечер па немам веќе страв дека ќе го заборавам предолго.