Ехе да знаев дека со тампон е уживанција исто како да немаш ќе си ставев порано, а јас во нај жешкото носи влошки . Со тампон е по убаво ниту мириса,ниту чуствуваш влошка. Јас користев об, ама ќе пробам и со апликатор штом велите дека е подобро. Јас се зачудив кога од прва го погодив бидејќи што читав тука доста не го погодувале.
И јас ноќеска прв пат со тампон спиев, милина! Една капка никаде да нема - прв пат во животов! Јас прв пат кога пробав имав околу 20 години и пробав после туширање "на суво". Фала богу дека ни влезе ко што треба, ме болеше, ни јас имав поим што правам. Сега за после туширање имам "финта" - малку лубрикант брка многу работа
Си се радувам и јас на Тампакс. Ама ја утнав земав прееска регулар за на работа место супер, па протекло малку, после 6 саати тампонот беше фул. Иначе 1 и 2 ден регулар, 3 и 4 супер и последниот ден пак регулар. И јас синоќа прв пат спиев со тампон, ќефови! Станав еднаш да сменам тампон а немаше потреба, ама шубе. Леле кој раат е со тампониве еј, раат!
Се супер со тампониве, ама 4рт ден денес, супер имам ставено, боли убија и ствара нелагодност, го вадам бргу скоро цел сув само на врвот малку крв имам и уште осеќам нелагодност внатре. Да користам лубрикант ќе се намали нелагодноста и болката? Немам долг циклус, 4рт ден и со влошка веќе би привршувало а со тампон па ептен се гледа само малку дека имам, ама не ми се остава така.
Штом имаш нелагодност веројатно го немаш убаво ставено. Јас кога сум сува се мокрам со вода надворешно и се опуштам убаво, за да ми лизга. Да, и мене ме болело кога сум ставала при сувост. Може дека при крај ти е и затоа така малку на врвот имаш.
Кога ќе го ставам тампонот, првин не го чувствувам како што треба но по одење само неколку минути чувствувам како да ми "паднал" надоле. Дали сепак значи дека треба да се обидам уште погоре да го вметнам? Иако буквално до крај одам со апликаторчето... Или имам широка јама.
Jessa ги опраиле тампоните, не се веќе толку груби, силк тач ги направиле. Ептен ми се погодија нивните тампони, плус цела кутија за 199 денари (на попуст се често и се наоѓаат по 160-170 денари). Внатре има 56 парчиња од средните или 48 од супер плус тампоните. Минус им е тоа што немаат апликатор (ма да, кога еднаш ќе се навикнеш не претставува никаков проблем), па не се баш практични за надвор, ама сосем солидни испаднаа. Не се споредуваат со Tampax, тие не ми пропуштиле ни по неколку саати во обилен ден, дури и за вежбање се топ, а од Jessa (супер величината) само еднаш ми се случи да пропушти сосем малку во првите денови од добиеното кога е најжустро. Ги заменив со супер плус и немам гајле, овие помалите ги користам при крај на менструацијата и сè е под контрола.
Од каде ги купуваш овие тампони? За двата вида прашувам...об се 80 и нешто незз точно а само 8 тампони
Одамна кажав дека планирам да земам од ДМ тампони со апликатор. И ги искористив претходниот пат. Малку ми требаше време дур сфатам некои работи ама човече зошто порано не ми текнало да земам тампони. Дур зачував еден на другарка ми неотворен, и сега кога ѝ дојде неа, беше да си прикупи исти зошто ептен ѝ се допаднаа. Се едуциравме на интернет.
Немам користено, некако страв ми е да не ми остане внатре Ептен слабо сум едуцирана за тампони, со влошки поминував, сега ај немам потреба ни од едното ни од другото уште некој месец,после тоа се надевам ќе почнам и јас со тампони па ќе видам како ќе оди. Вака кога читам делуваат многу лесно и практично.
Само за на одмор ги користам. Језиво ми е да стои тоа во мене. И тоа лани прв пат се опуштив да носам повеќе од пола час, инаку само за бањање ги ставав и вадев .
Jessa ми се супер погодени и тампоните и цената. Не ми менува ништо силк тач или не, може дека оддамна користам тампони. Нормал за 1 ден, супер за 2 и 3 ден и потоа пак нормал. Никогаш до сега не сум имала проблем со ниту еден бренд,ниту о.б. ниту н.с. јесса, ниту со други непознати брендови. Е овие тампмах не сум ги пробала до сега, ако е приближна цената како на јесса може да ги пробам.
Да одбереш соодветен за твојот циклус, т.е ако ти е обилен со поголема впивливост, ако не е обилен регуларни земи, за последните денови мини. И гледај да се квалитетни, најдобро со апликатор. Користи ги според препораката, не ги оставај предолго внатре.
Луѓе, спиете со тампон? Мене страв ми е. Носам само преку ден и тоа на 3-4 саати менувам. Читав некаде демек до 8 часа немало гајле да се носи. А баш ноќе се праам лом со влошка. Ко ќе станам на сабајле ко со снајпер да ме пукале в газ. И тоа нема врска дали ноќна влошка, голема, дебела, пак од по страните ми протекува, и пижами и постелнини понекогаш ми се прават лом, ни памперс пелена не би ме спасила. И затоа сакам да спијам со тампон, ама пошто обилен циклус шубе ми е некако.