Јас спијам со тампони, не се случило да ми пробие, ниту да се преполни ама многу внимавам кој ден ми е и колку е обилен циклусот тогаш. Вториот и третиот ден не оставам тампон повеќе од 4-5 саати ноќе, станувам, менувам и продолжувам да спијам. Исто како што правев и кога носев влошки. Потоа кога се намалува крварењето, слободно пролонгирам саат-два плус. Никогаш не ми пробило, но и никогаш не сум држела тампон подолго од 7 саати. Максимумот е осум саати, но секако не треба да се остави тампонот толку долго во деновите кога крварењето е обилно. Кога е при крај, нема гајле. Пробај прво со аларм, за два циклуси отприлика ќе си видиш што функционира најдобро за тебе. Јас веќе се навикнав, природно се будам кога ми е време да сменам тампон, а како - немам поим. Инаку и јас сум со обилна и долга менструација и протекувањето од влошките беше главна причина за да преминам на тампони. Шанси нема да се вратам на влошки, ме ежи помислата на нив. Се наспав ко човек кога почнав да користам тампони.
Ај среќен 8ми март. Еве ноќеска преспав со тампон, измеѓу прв и втор ден добиено. Инаку имав аларм во 4 за менување, ама изгледа несвесно сум го исклучила и си отспав 7 сати со истиот. Добро поминав, чиста се разбудив, никакви знаци од "гостинкава". Убајни. Инаку, користам Jessa super портокалови.
Го имав истиот проблем, а решението е смешно. Пробај неколку ноќи да спиеш со постигнати гаќички и мислам дека проблемот ќе ти се реши. Мене ми е премногу страв од токсичен шок па никогаш не спијам со тампон. А и преку денот, скоро никогаш не го оставам повеќе од 4 часа.
Девојки дали може да се бања во базен со тампон? Не мислам на обилна менструација, туку на почеток како кафено и бледо розево. И кои се најдобри тампони за таква ситуација?
Нема да штети ако го ставам тампонот а да ми нема сеуште дојдено менструација туку само кафено да е? И кои се најдобри според тебе за почеток, регулар?
Не знам искрено дали ќе ти штети. Јас имам ставано на прв ден еднаш и ништо не ми беше,ни за време на бањање имав проблем само мора да го менуваш често тампонот. А за изборот зависи какви користиш.
Земи тогаш спрема обилноста на менструацијата во прв ден. На втор ден употребувај влошки. Оние на Jessa се многу добри.
Значи дефинитивно нема помалер од мене. Ден пред да заминам на одмор ми дојде, на 24ти ден без симптом, без ништо. Досега немам користено тампони ама очигледно ќе морам. Какви би ми препорачале и на колку време се менуваат одприлика? Немам нешто преобилна менструација, при секое излегување од вода треба да го менувам? И најглавното прашање, дали често се случува да се скини кончето и да се заглави? Кошмари имам од тоа.
Нема да ти се скине кончето, не мисли на тоа. Јас обично нежно го повлекувам конецот пред да го ставам тампонот како за проба, оти така влечам и кога го вадам. Занчи не станува збор за џасање за да се извлече конецот, а потеглување. За прв пат полесно ќе ти биде со апликатор, ама не е тешко и со обични без. На мене не ми е. Најдобри ми се покажале тампекс. Зимаш спред обилност, ти си знаеш каков циклус имаш, и според тоа бираш впивливост. Исто како кај влошки.
Со тампони во вода најлесно се фаќа инфекција . Не би ризикувала подобро би се сончала само отколку да закачам нешто.
Не се фаќа,уживај.Да не беа тампоните,ќе имав многу уништени одмори.Еве,искуство од некој што не закачил ништо.
Најлесни се О.Б. за апликација за почетници. Не се секирај, нема ни да осетиш дека имаш добиено. Раат се тампоните, посебно за во лето.
Menuvajte gi pocesto tamponite. Visoki temperaturi, voda I obilni ciklusi se prichina za infekcii. Vnimavajte cel da e tamponot koga go vadite. Vo Kolku e mozno kombinirajte tampon za banjanje a koga ne se banjate I koga spiete vloshki koristite. Visoko nivo na higiena I koristite tampon na koi im nema istecen rokot na koristenje.