Женски имам проблем... Мајка ми резервирала датум за одење на одмор уште од пред неколку месеци, а мене баш на тој ден 2 месеца по ред ми почнува. Првиот ден имам ОГРОМНИ болки и крварење, а сакам да си поуживам тие неколку дена и да се капам у езеро. Никад неам ставено тампон и страв ми е. Мајка ми има некои предрасуди таму ми викаше како мала дека тоа е кога нема да си невина и тако даље. Некоја идеја на тоа како да се справам и да имам убав одмор?
Навистина едно големо браво за тампоните Кој ги измисли свака му част! Подобро нешто нема дефинитивно и не може во никој случај да се споредува со влошки. Пред некој ден прашував на темава дали можам да се бањам со тампон, тоа не сум го пробала, ама навистина на оваа жештина не се осеќа дека имаш добиено, освен нели болките Се препородив со нив, секако треба да се менуваат на 2 3 часа во зависност од тоа кој ден ви е, имаа навистина голем избор на тампони. Јас земав без апликатор и до вчера не знаев воопшто ни како се употребува, прочитав доста низ темава и пробав, ако не го чуствуваш тогаш е дпбро наместен. Да си ги користите сите бидејќи од ова поубаво дефинитивно нема. Сега сум баш како на рекламите со фустаните
Дали е во ред доколку за секоја ментруација носам тампони? Со нив ми е најпријатно и улошки не сум користела веќе две години.
Ова не е точно. Секоја девојка и жена може да користи тампони. Во ред е. Само внимавај на времето и хигиената.
А зошто да не се употребуваат? Нема да направи ништо, хименот е растеглив и може да се стави тампон, ништо нема да биде.
Јас бев пливач со години и кога почнав да добивам менструација за да не отсуствувам од тренинзи по цела недела (толку ми трае менструацијата и до денес) побаравме мислење од гинеколог чисто така за консултација. Докторката ми рече дека најмалите тампони се погодни за млади девојчиња, поготово О.Б најмалите. Тие не ни влегуваат подлабоко во каналот, скроз на почеток си се вгнездуваат и нема ама баш никаква опасност. Нив си ги користам сè уште кога менструацијата ми е при крај. За обилен циклус не се баш сигурни да се носат повеќе од 2 часа, но и онака често се менуваат, нема потреба од страв и паника.
Прв пат почнав да користам тампони пред 2 и пол години кога почнав на факс за да не се замарам на сред предавање да морам да менувам влошка, па дали истекло итн. Плус зошто сум надарена во задникот некогаш морав да користам дневна влошка позади споена со нормалната(најчесто ноќна) влошка затоа што ми се случуваше да се слее крвта како во линија наназад. Користам комбинација на влошки и тампони со тоа што во најобилните денови сум со тампон + секојдневна влошка. Додека последните денови можам секако, зависи од расположение. За спиење секогаш користам влошка зошто скоро ич не ми тече. До сега само 2 брендови сум користела О Б и уште едни слични. Ги купувам од маркет, Рамстор или Тинекс и само тие ги има. Само во еден маркет во Охрид видов друг бренд, ама не ги пробав. Дали имате користено други освен овие? И каде можат да се најдат?
Јас немав користено никогаш. Ми делуваа комплицирано, ама веќе неколку месеци ми се единствен спас за првите 3 дена од менструација. Ги земам ОБ про комфорт. Раат било.
Не можам да ги користам некако ми е језиво и не знам убаво да ги наместам , едно пакетче купив го потрошив и од тогаш немам купено.
Ох која глупачка сум била сум се мачела со влошки.. Тампоните ги мразев од неинформираност. Читнала не дочитала, за ТСС бев испотресена. Ги користам Jessa од ДМ бидејќи се исплатливи, 48 во пакување од околу 200 денари.
Денес добив, а на одмор одам утре вечер во 11 тргаме. Сакам за по пат да си ставам тампон зошто ќе полудам со улошка. Земав тампакс со апликатор, супер. Што мислите безбедно ли е со тампон да се патува? Не знам на колку саати ќе прави пауза..
Мислењето е старо ама ќе го напишам за да си знаете. Зависи од обилноста на менструацијата пожелно е да се менува на четири часа,а максимално носење е 8часа. Доколку тампонот се преполни вас ќе почне да ви тече по нозе. Имајте предвид кога одите на патувања на долги релации по идеално би било да носите влошка отколку тампон,а да го користите тампонот кога не е премногу обилна и кога се бањате.
Паузи се прават обично на 2 до 3 часа така да ќе можеш да направиш замена. На самите тампони е наведено до колку часа најмногу смееш да го држиш, но ако менуваш на паузите тогаш немаш гајле...
Ке имам ли мака ако ставам тампон на 2 ден менструација (средно обилна) мислам посекако втор ден е најлош би го сменила и за 1ч Имам о.б прокомфорт супер со 4 капки