Не сум никогаш употребувала а мислам дека никогаш и нема. Самата помисла ми е језива. Менувам често влошки, засега тоа ми е решение.
Мирна ми е главата со тампони, само што ми е страв да спијам со нив. Користам об со најмногу капки поради тоа што крварам како со нож да сум исечена. Првиот пат ми беше тешко да ставам, ама се навикнав. Повеќе од саат /два не седам со истиот тампон.
Ако не се лажам тие беа со картонски апликатор што е eco friendly, ама мене лично ми беше непрактичен. Tanpax се со пластичен апликатор. (чисто информативно )
Лично користам веќе подолго време само тампони. Почнав со Тампакс ради апликаторот; не ми беше наједноставно ама "се научив". Искрено сега апликаторот повеќе ми смета него што ми брка работа, па користам ОБ - ПроКомфорт првите денови бидејќи е пообилно, после регулар. Единствено ми е проблем што ако не сум дома уште некогаш дур се наместам да го ставам сум збунета Седејќи на шоља ставам, а во јавно вц не седнувам секако. Ама, мене лајф чејнџинг ми се тампоните општо. 1. Хигиена. Не можам да опишам дека мењав улошка на макс 2 саата и пак бев хаос, не знам колку влажни марамчиња користев постојано. Вака не иде никаде освен во тампонот, зборувам за мојата кожа. 2. Не знам дали е реално, дали постои истражување, дали е плацебо... ама откако користам тампони не ми треба ништо за болка. Едноставно помалце ме боли, и тоа многу помалце. 3. Слобода. Како и да се движам, што и да правам, нема да протече. Претходно користев за спиење малтене пелени, не улошки, нема чаршаф што не го имам исфлекано. Откако користам тампони буквално ни еднаш ми нема протечено. 4. Кожа. Имам автоимуно заболување, кожата секаде каде што ми се трие (препони, пазуви, под гради) прелесно се иритира од сама себе, а кога ќе "додадам" уште нешто да ја трие цела сум рани. Од улошки, сите до едни, имав такви бурни реакции што имам завршувано и во болница на дренирање апсцеси. Како престанав да користам улошки, болеста си е тука, се зголемуваат цистите, постојат, но не се претвораат во апсцеси и едноставно со завршување на циклусот се смируваат. Се' на се', уште да научам стоечки да ставам тампон
Сигурно и други имаат коментирано ама твојот пост ем последен ем детално објаснет..затоа да прашам дали носите за време на одмор тампони? Мене ќе ми дојди на одмор а сакам да се качам, да терам со тампони цел одмор и без мака да се качам? Нема ништо штетно така?
Не знам за какво качување зборуваш, ама јас ги користам секаде, и на одмор. Се бањам со тампонот па го менувам веднаш