Многу пати сум се помислила за да почнам да користам тампони и досега ниеднаш не сум се решила. Баш ќе пробам наредниот пат кога ќе добијам. само ме интересира по колку тампони користите во денот при нормална менструација?
Samo izvestuvanje kon tie sto koristite tamponi... tie ne se zdravi iii prestanete da gi koristite...vi kazva strucno lice
^^И јас би сакала да дознаам нешто повеќе околу штетноста на тампоните - чекам факти. Мене гинекологот ништо такво не ми рекол - освен да не спијам со тампон.
Анатх, гинекологот нема ни да ти каже дека се штетни бидејќи тампоните не се штетни ако се користат правилно. Ако беа штетни немаше на секое пакување да пишува дека се одобрени од гинеколозите. Е сега точно дека има некоја болест имам читано за тоа дека многу мал број на жени не поднесуваат тампон па им се јавуваат симтопи на грип и лекарите неможат да откријат од што е тоа и понекогаш последиците се фатални. Но, тоа се случува дали кај 1% од жените кои користат тампони и тоа најчесто од неправилно користење. Се знае правилото кај тампоните- се носат максимум 4 часа и затоа не се препорачува да се спие со нив. И ве молам ако имате некое мислење поткрепете го со факти, а не само да спамирате по темите.
Да Сесилија, од тампоните може да се јави токсичен шок синдром - е сега ако се држи тампонот подолго од пропишаното, ако не се следат препораките за користење - нормално дека ќе има реакција. А токсичниот шок синдром е веројатно и резултат на тоа што некои жени не можат да поднесат некои од, ај така да кажам, градивните состојки на тампонот. Ама тоа е ретко, иако не е исклучено. Евентуално, може да се предизвика оштетување на слузницата на вагината кога се става тампонот, ако е несоодветен, ама и тоа оштетување, во вид на ерозии брзо поминува. Друга причина не знам. А дека се одобрени од гинеколозите, тоа да. Дури мислам дека жена гинеколог ги измислила.
Јас пред некој месец купив об нормал и пробав, ама сеуште немам навикнато на тампони па се осеќам непријатно и не можам да седнам. Ама пред некој ден кога бев на плажа, сакав да се изладам во вода а имав менструација па кладов тампон и си влегов во вода, не го ни осетив! Во лето не можам да поднесам влошки! И плус ми прават иритација! Само сеуште не можам убаво да си го наместам тампонот и тоа ме нервира!
При крај сум на менструација а утре одам на плажа... би сакала да ставам тампон, но досега не сум користела и сакам да прашам дали се ќе биде во ред ако се капам со него?
Читај погоре ќе видиш девојки имаат напишано дека се капеле со тампон.Не е ништо страшно Позз и убаво да си поминеш на одмор
Влошките ми се некако поедноставни, си ја ставаш пред спиење и немаш гајле цела ноќ. + страв ми е од можноста да се скине кончето и не знам дали ја имам соодветната возраст за нивно користење .
И јас така си мислев, ама ете вчера ми дошло и се размачкало што најмногу ме нервира. Ме изненади 3 дена понапред. Ставив влошка и нови гаќи и де гледам по неколку часа се изместила и пак размачкано и тогаш земам од тампоните (патем, по вторпат како ги употребувам) и раат. Мислам дека од влошкиве ќе се откажам засекогаш веќе, ме нервираат.
``Стручно лице`` прво прочитај ги правилата на форумов и пишувај кирилица, а друго, 21 век сме и при толку чуда не морам да киснам со памперс на плажа. и јас досега не сум употребувала ама сум ЗА и деновиве треба да одам на одмор а ќе имам менструација и ќе си набавам некое пакетче и ќе се потрудам да ги ставам како што треба. Само ако може девојки да ми каже некоја дали може да се појави инфекција ако влегувам во вода, зошто во тие денови организмот е преосетлив?
Срце, со тампоните може да се бањаш, затоа се тие добредојдени во лето. Не се грижи, само менувај ги почесто
Од лично непријатно искуство пред да почнете да ги употребувате тампоните внимателно прочитајте го упатството за употреба. Можно е да се појават вртоглавици, лошење и нагони на повраќање, во тој случај веднаш треба да се извади тампонот.
Јас си употребувам тампони од пред 4 години.Се трудам колку што можам поретко да ги употребувам бидејки при разговор со неколку другарки ми имаат кажано дека при посета на гинеколог ги посоветувал за поретка употреба на тампон. Инаку првата употреба на тампон не беше воопшто болна (непријатана). Сега за вториот ден од циклусот обавезно ставам тампон доколку одам некаде. Кога останувам дома користам исклучиво влошки.
јас баш од одморот ќе имам добиено првите два дена, купив тампони,ама се мислам дали да ставам или да се воздржам. Мислам прво да пробам еден дома да ставам, колку да добијам претстава како сето тоа оди и дали ќе ми смета.