Ги користам само во екстремни случаеви, значи ако сум на летен одмор и ме стрефи менструација а пуста желба за бањање во вода е тогаш си ставам. Незнам, не ги баш практикувам, ок се ама сепак сум верник на улошка
Не користам тампони редовно, но кога сум ги користела претежно на одмор, стварно ако ги ставиш како што треба се супер работа.Многу ме нервира процесот на ставање тоа е единствената причина зошто не ги користам.
Јас летно време користам само и то за на одмор(скоро секој одмор имам) и се банјам и на купаќи се нај нормално,со тампоните се чувствувам како да немам.
Тампоните не ми претставуваат никаков проблем. Кога одам на базен или на летување употребувам тампони. Сепак, почесто користам влошки отколку тампони. Затоа што полесно можам да променам влошка отколку тампон.
Обично користам улошки ама и тампони сакам да си имам во секое време,освен лето и некогаш кога сакам да се дотерам,да излезам негде а несакам да ми се познаваат гаќичките.И можам само од трет ден па натаму да користам иначе страв ми е да не се напаравам лом
Тампон имам употребено само еднаш и се чувствував многу неудобно! Можеби не знам добро да си го наместам , како и да е, сепак подобро се чувствувам со влошка!
Користам тампони летно време исклучиво кога одам на плажа. Се чувствувам удобно кога ги носам и воопшто не ми сметаат и не ми предизвикуваат непријатно чувство. Единствено нешто што ми смета е тоа што ми го дујат мешето и Спојлер ја апсорбираат крвта и кога ќе ги извадам сум ко шибер
Hемам досега употребено тампон,поубаво ми е со улошка,а тие што имале носено велат Спојлер дека кога ке го вагаат,како морков натопено е
омг Немам користено досега а може ли некако да се заглави чудото или други слични компликации и мислам дека ако ставам некогаш бидејќи сум баксуз афкорс ќе ми се заглви чудото и ќе треба помош да барам од некој друг смешно и глупаво е но мене секогаш ми се случуваат такви работи :geek:
Хаха и јас за сите работи сум жив баксуз а посебно нешто во последно време. Извинете за офф А иначе никад не сум користела а нема ни да користам, не дај боже да се заглави нешто, мене ме бива за тие работи нешто да ми се деси секад Ќе си се задржам јас на старите добри улошки, сепак.
Имам користено само за на одмор и ако го ставиш како што треба нема никаков проблем и нема ни да сетиш дека го носиш. Е сега ставањето е малку грдо дури влези, зашто е сув тампонот и малку тешко оди Али сепак влошки си се влошки
Мислам дека не си го наместила добро. И јас првиот пат кога ставив тампон имав чувство како нешто да ме жуља цело време. Не можев нормално да одам или да седнам Тоа се случува ако тампонот не е убаво „легнат„. Треба и да не биде преплитко ставен. Многу е битно да сте релаксирани, а тоа со време се учи (нормално како и се друго). Е, кога ќе научите како да го наместите тампонот, ќе видите дека не е страшно Инаку обилноста на крварењето игра огромна улога во изборот на големина на тампон. Јас не крварам многу, па првиот ден или два носам тампони со средна дебилина. А потоа се помали и помали...
Не сум користела до сега тампони, постојано влошчиња си користам . Можеби е подобро незнам немам искуство, сега за сега не би започнала со користење на тампони, ама којазнае можеби некогаш......
Јас од пред неколку години користам редовно тампони ( и улошка за секој случај бидејќи обилно крварам), а почнав да ги користам откако мојата помала внука која учеше и живее во Америка ми се изначуди како ние уште користиме улошки Замислете, во Америка на физичко кога се на базен не им е оправдување ако имаат добиено !!!!
Здраво девојки, јас користам и влошки и тампони, кога - како, зависно од тоа што имам на залиха но, особено лошо искуство имам со тампоните Viriana (со Ob никогаш ништо лошо ми се нема случено). Се трефна ете, во продавницата имаше само такви и такви и купив и ми се појави кандида, од која долго време не можев да се ослободам, па морав да користам вагиналети и кремови и си реков уште еднаш, освен Ob, нема шанси други експерименти правење. Така да имајте на ум, особено ако сте сензитивни во тој поглед
Јас си користам влошки редовно,само кога сум на одмор користам тампони и тоа при крајот.Многу е незгодно чувството кога го вадиш тампонот јас барем осекам болка и не ми е пријатно баш.Jас сум слушнала дека девојки кои немаат се уште сексуални односи да не користат тампони.
Јас за тампони ја прашав мајка ми што мисли ..ми кажа една случка со нејзина колешка дека и се скинал конецот и тапонот внатре останал..кога ми го кажа тоа веднаш го отфрлив мислењето за да ставам тампон ..користам влошки
Јас сакам од кога ке се породам да почнам да употребувам тампони , ама ми е страв да не ми пропушта бидејки имам многу обилна менструација
ќе си земеш од тие што апсорбираат повеќе(об се најубави вистина),ќе ги менуваш на 3-4 саати и ќе уживаш.пробај ако ти е страв прво додека си дома цело време и ќе видиш