Јас никогаш не сум употрбувала тампони за време на циклусот, може се практични во одредени ситуации но не ги користам
Јас немам користено тампони исклучиво влошки што им фали на влошките? топ си се..какви тампони какви бакрачи, ке се секирам ја дали све е во ред.. а иначе и јас имам обилна менструација во првите 1-2дена и на секои 2 саата мењам више..
Не употребувам, не сум употребувала до сега, а и не само дека ми е страв да не направам беља туку не знам и како се става за бељата да биде поголема, а и не ми тече по многу , сепак влошка колку и да нервира ќе си ја трпиш.
Јас не користам тампони само влошки за време на циклусот (епа сега тоа што нервираат нервираат ама ке издржиш 5-6 дена и пак терај по старо.)
користам тампони оb. и тоа најмалите само кога сум на одмор, а се случи еднаш да добијам на одмор (порано ми дојде),кога сум на некоја прослава а треба да носам танга.Иначе мразам тампони и си користам влошки.
Јас коритам и тампони и влошки некогаш и во комбинација. Поставувањето на тампонот се усовршува со пракса, се внимава на кончето да е на дофат, не верувам дека мозе да се скине. А болка при излегувањето се јавува ако е ептен преполн, повеќе боли неправилно наместен тампон. На лето тампоните ми се неопходност и поради облеката и поради топлината, ама се случува на зима да поминам циклус и без нив, а и не ми трае долго 3-4 дена.
мислам дека е опасно да се користат тампоните ... ако е до потребата ќе си земеш некои потанки влошки барем во денешно време има доста избор...има сега и од always едни за на танга ... дури и ако се одлучиш да носиш танга можеш со влошки ..
Да и јас ги користам и тампоните и влошките зависи кога како. Али кога бев помала и додека немав односи не се осудив да ставам тампон некако ми бесе страв и мислев дека ке се скинам и ред други работи. Сега најчесто ги користам летно време.
Не знам зошто ама некако не можам да користам тампон, пробав еднаш ама некао го осеќам цело време у мене и некако непријатно чувство имам, а можеби и не сум го намести ла како што треба , ама затоа влошка си е влошка
леле јас кога ставив прв пат на секој 15 минути бев во купатилото постојано го осеќав ама не бил убаво наместен кога ставив втори пат се беше ок и си реков е раат се биле можеш и бели панталони да си облечиш на излевање без да му ја мислиш.......секако не ги исфрлив и влошките си ги користам и нив кога како........
Многу ретко користам тампони, скоро ич. Некако ми е непријатно чувството, го чувствувам а не би требало, нели?!
грешка си мозже јас се имам консултирано го мојот гинеколог ми кажа дека може бидејќи тампонот не се внесува во хименот него пред него во отворот кадешто уринираме Спојлер http://www.women-health-info.com/39-How-Insert-Tampon.html
Мислам дека си едниствена што тампонот го става во уринарниот отвор ... тампонот се става во вагиналниот отвор, а за да го ставиш внатре, длабоко, (за да не го чуствуваш) го поминуваш хименот бидеќи тој е на самиот почеток. Има тампони со помали димензии кои можат да се стават, и покрај тоа што хименот е цел, (еластичен) ... е сега не знам пробајте па....
како бе тампон во уринарниот отвор???ај те молам кажи како ти го собра. па знаеш ли ти колку е мал тој отвор??? не знам прв пат слушам за ова.
Јас знам дека може. Самиот химен има отвор низ кој протекува менструацијата. Во истиот тој отвор се става тампонот!
Се извинувам за оф топик ...сакав да кажам дека погоре објаснив ,ама еве за секој случај пак: да хименот има отвор кој кај сите е со различна димензија,,, кај некои мал кај некои поголем. Тука лежи и причината зошто некои девојки крварат при првиот сексуален однос( повеќе), а некои помалку или воопшто не крварат. Во тој отвор може да се стави тампонот(од најмалите), не одрекувам ...но исто е битно дека може да се повреди истиот при ставање на тампонот, бидејќи се става длабоко внатре. Значи доколку киристите тампон со нормална димензија, може итоа како да го повредите хименот.... се надевам ме разбирате....