Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Употреба на туѓи зборови во македонскиот јазик

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од GirlLove, 3 јули 2024.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Тоа што ти сега си го прочитала, не значи дека е нов.
    https://pedijatar.mk/prim-d-r-lilan...elki-koi-se-terminski-zreli-novorodenchina-2/
    Еве статија од 2018 со зборов, а и на форумов одамна се користи.
    Веројатно зашто предвреме родено бебе е малку предолго.
     
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.157
    Допаѓања:
    125.011
    Пол:
    Женски
    Затоа што е многу тешко да се каже предвремено. :D
     
    На Bratot, eliesaab, kim.k и 2 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Па, ако размислиш, не викаме што, викаме шо, како е као, кратиме на зборови со три буквички, од секој збор скратуваме, а не па за вакви описи.
     
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.033
    Допаѓања:
    55.336
    Пол:
    Женски
    А зошто кога веќе има јасен збор за ова во македонскиот јазик? За тодлер беше подруг случајот, немаме баш соодветен збор. Ама зошто е толку потешко да се каже предвремено родено бебе?
     
    На nextredstyle и GirlLove им се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.858
    Допаѓања:
    15.742
    Пол:
    Женски
    Имаме и многу подолги зборови во нашиот јазик. Без разлика дали е од 2018 или не.

    Не ми менува ништо тоа.

    Пак вртиме дека си го уништуваме јазикот. Ленгуиџот.
     
    На 2cents, Bratot, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.157
    Допаѓања:
    125.011
    Пол:
    Женски
    Ај, во разговорна форма за во неформална средина не е проблем. Но, во пишана форма за во формална средина, не е во ред. Особено кога имаме наш збор за тоа.
     
    На eliesaab, GirlLove и Amellie13 им се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.033
    Допаѓања:
    55.336
    Пол:
    Женски
    Ти лошо спикаш инглиш, затоа вака пишуваш. :D
     
    На Bratot, eliesaab, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.157
    Допаѓања:
    125.011
    Пол:
    Женски
    Од тогаш си го пишуваат, но еве не е внесен во речникот. Не може да се прифати.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Да, се сложувам. Инаку, не знам дали можеби само мене ми се чини, ама јазикот општо како да детериорира, се гледа на секој можен начин да се најде некој попрост збор за било што, пократок... Не само ние, него луѓето насекаде. Па затоа кај нас е ваквото присвојување на зборови, кога е нешто пократко одма се присвојува, англискиот исто така е затапен поради економичноста, а можеби и тоа што премногу време само пишуваме во пораки си го направи своето.
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Бебе прематурче се употребуваше даааалеку пред да почне да се употребува зборот тодлер. Тодлер е англиски, прематурче каков е?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.858
    Допаѓања:
    15.742
    Пол:
    Женски
    Систер, Ај ду нот ноу инглиш, ај ду нот адрстенд.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.858
    Допаѓања:
    15.742
    Пол:
    Женски
    Друго ме мачи, ако предвремено бебе е долг збор, тогаш личната заменка ЈАС е долга, зошто не користиме само АЈ (I), по нечија логика.

    Несвесно користиме туѓи зборови, и не е воопшто оправдливо да си го праиме лом јазикот.

    Во ред е за нешто шо неаме збор, а е усвоено во нашиот речник, да го употребуваме.

    Се надвор од него ми е, глумење лудило и покажување сила и демек стил на изразување.
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Во медицината цело време се користат англицизми, не знам што сте шокирани. Исто ко во ит и други професии.
     
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Фонетски должина на збор се мери во слогови, а не со колку букви се пишува, така што иста должина се тие два збора. Не дека ти беше гајле, ама си пиша колку да продолжат хехенцата.

    Инаку може колку сакате да се туфкате како јазикот ни пропаѓа од страшните злобни англицизми ама историјата не се согласува со вас. Најефикасен начин да убиеш еден јазик е по секоја цена да го штитиш од надворешни влијанија и ,,нечистотии". Во природата на јазикот е да се менува. Ако сакаме македонскиот јазик да опстои уште многу векови, треба да се помириме дека тогаш нема да изгледа како што изгледа сега, бидејќи не постои јазик што нема претрпено огромни промени, а преживеал. Е сега бирајте си дали сакате жив и нечист јазик или чист а мртов.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Па, ЈА викаат често говорно или во пишување пораки. :D С на крајот е премногу.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    Не е несвесно туку баш напротив свесно се користат англицизми бидејќи патат од тоа да бидат посебни и поразлични од другите.
     
    На eliesaab, nextredstyle и GirlLove им се допаѓа ова.
  17. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.858
    Допаѓања:
    15.742
    Пол:
    Женски
    Мешаш ДИЈАЛЕКТ со збор со туѓо потекло.

    Пример кичевски, користат ЈА, без С.
    Што е нормално за КИЧЕВСКИОТ ДИЈАЛЕКТ.
     
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.444
    Допаѓања:
    24.942
    "Ја" е србизам, затоа дијалектите не се валидни кога станува збор за како е правилно литературно да се зборува.
     
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.157
    Допаѓања:
    125.011
    Пол:
    Женски
    Јазикот се уништува со преголемо менување.
    Доволно збогатување му е со прифаќање на некои интернационализми. Или постоечки збор од дијалект да се прифати како официјален во речникот и да стане литературен. Не треба да му доминираат низми и цизми само од едно подрачје.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.858
    Допаѓања:
    15.742
    Пол:
    Женски
    @MissChievous прочитај малку и размисли.

    Стандардизацијата на К. П. Мисирков е содржана во петтата статија на книгата „За македонските работи“: „Неколку зборови за македонскиот литературен јазик“.

    Мисирков ги предлага, и во книгата практично ги применува, следниве три норми (стандарди):
    1. за основа на литературниот јазик да се земат централните македонски говори;
    2. користење фонетски правопис (со мали отстапки);
    3. речникот да се збогатува со зборови од сите македонски наречја.

    -Во македонскиот литературен јазик треба во најголем степен да се изрази неговата народна основа.

    Речникот на литературниот јазик да се збогатува со зборови од сите наши дијалекти, да се изградуваат зборови со живи наставки, и само колку што е потребно да се усвојуваат и туѓи заемки;
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.