1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Употреба на туѓи зборови во македонскиот јазик

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од GirlLove, 3 јули 2024.

  1. 2cents

    2cents Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    86
    И јас користам англицизми али во принцип само кога со еден збор на англиски заменува повеќе зборови или реченица на македонски.

    Дури кога ги слушам вака помлади кога секој втор ебен збор е на англиски како да ми глумат интернешнал или копија на однесување од сериите кои ги гледаат ми се превртува желудникот.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Сакав да ти кажам зошто луѓето употребуваат туѓи зборови, најчесто зашто се пократки, а на македонски треба описно да го кажеш. Ко тодлер, дете од две години, или од три години, а можеш вака само да кажеш тодлер. Или прематурче, моето предвреме родено бебе бла бла... А имаш побрза опција за тоа. Треба да се опишува нешто за што може да се „позајми“ еден збор. И тоа е една од причините, покрај тоа што сме толку изложени на англиски на пример.
     
    На ♡ Cinderella ♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    Мене не ми треба за предвремено родено бебе да кажам прематурче и ми сметаат позајмици, ако имам збор од 20 букви би го кажала.

    Баш е убаво ако би кажале нешто поописно, според мене.

    Ти сметаш поинаку. Тоа е тоа.

    Па, да гледаме поќе да си го штитиме јазикот.
     
    Последна измена: 28 јули 2024
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    24.213
    Па дијалектите се претежно формирани преземајќи зборови од околните држави кои се во близина на местото, само зошто се превземени од соседни држави тогаш е океј? Така настануваат дијалекти, нели.

    Во Скопје одамна се превземаат зборови и се зборува на одреден начин во секојдневието, што може да се каже дека е некој вид на скопски дијалект.
    И апсолутно секој во секојдневието во спонтан тек на разговорот зборува нелитературно, што е сосема океј бидејќи индивидуално влијаат разни нешта од светот врз нас. Тоа не значи дека така зборуваме намерно со умисла и цел да го убиеме јазикот.
    Зборам во множина зошто сите го правиме тоа, кој повеќе, кој помалку.

    Според мене за да надворешните влијанија се помалку силни, треба народот повеќе да чита книги на македонски, да слуша македонска музика и да има голем избор и на македонски и на синхронизирани филмови, серии, документарци и емисии.
    Ама почекај, немаме баш многу такви нешта на репертоарот?
    Кој тој го убива јазикот?