1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Употреба на туѓи зборови во македонскиот јазик

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од GirlLove, 3 јули 2024.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.835
    Пол:
    Женски
    Тогаш е навредлив збор. Не е за употреба.
     
  2. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    11.386
    Пол:
    Женски
    Абе еве и за "тодлер" да се користи, мене некако не ми иди на дете да му речам "џагуре" пошто самиот збор ми делува потсмевливо дека во друг контекст го имам чуено. :)
     
    На DS10, theowndemon, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Им зборуваш на луѓе што имале 3 ка по македонски мајчин јазик во школо бидејќи тие се си знаат нема што да учат македонски...
     
    На eliesaab и Adidas888 им се допаѓа ова.
  4. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.296
    Пол:
    Женски
    :rofl:Абе многу се буните за англицизми а корисничките имиња на англиски ви се ….

    Јазикот се учи од млади години, ние какви цртани сме гледале во споредба си денешниве деца/ младинци се небо и земја. Немам сретнато дете а да не збори англиски, што ми е смешно , ама таа е реалноста..

    Самата катедра на ФЛФ не им е гајле , што па останува за обичните луѓе, де помалце и помалце има млади кои би сакале професори по македонски јазик да се, у мое време беа 4 у цела генерација, во споредба со англиски каде беа 100..
     
    На Malesia, Purpleheart и Adidas888 им се допаѓа ова.
  5. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.296
    Пол:
    Женски
    Нормално, се почнува од мајчин јазик, се почесто сретнува личности кои не знаат именка/ придавка што е, што е страшно искрено и при објаснување ти пак пример да не дадеш.
    Сегашно е сегашно, минато итн ама мораш да знаеш како де на твој за да можеш да ги сфатиш на странскиот.
    Што порано учат тоа подобро, но не и први зборови да се на англиски..
    Во денешно време има тон бесплатни содржини за учење не јазик кој сака ќе научи…
     
    На Malesia и Vikktorr им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Иронично, твојава реченица има неколку грешки.

    Навистина не знам зошто толку ви пречат англицизми. Како да е најголем проблем на светот ако се користат туѓи зборови за полесно да се разбереме.
     
    На staycalm, BlackAndWhiteSwan, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    20.830
    Пол:
    Женски
    Им пречат на тие шо не разбираат :rofl:.
     
    На staycalm, Gosh, Malesia и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Најстрашното што имале петка би рекол, зашто ни снемува деца, а наставниците/професорите мора да го толерираат нивното незнаење.

    ***

    Не мислам дека е вината е е само кај децата туку има цела мрежа на причини:

    1. Самите институции

    - Самите „модели“ на луѓе, авторитети не знаат македонски ниту пак го користат како треба, иако ја „возвишуваат“ македонската култура. Тие самите не се доволно образовани. Има вградено лицемерие, а тоа ја „разводенува“ културата на правилно зборување/пишување. И ова трае со децении.
    - Сме мултиетничко општество каде секој етницитет врти кон својата страна и не се негува еден јазик кој обединува. Наместо да се гради обединувачки култура ние мислиме дека „паралелизмот“ ќе нѐ направи повеќе свои.И ова функционира и на ниво на етницитети, вери, и индивидуи (сите се во својот „меур“)
    - И оние што го користат на некое пристојно ниво (луѓе, институции) со презир се однесуваат кон тие што не знаат, и наместо да ги поучат и/или да обезбедат „материјали“ со контрасни примери (треба вака, а не така , на пример. како што има во други земји) го користат како начин на „дистинкција“ во однос на „смртниците„. И оваа само создава еден магичен круг, што не оди во прилог на општата писменост и знаење. Расчекорот меѓу оние што сакаат да знаат/користат и оние што не знаат/не користат се зголемува, и паралелно се зголемува бројот на оние што не користат, зашто популацијата старее.



    2. Родителите

    - Немаат премногу време да им посветат на децата, поради обврски, работното време до 5 pm, тоа што како култура премногу посветуваме на нешта кои треба да се подразбираат и имаме премногу егзистенцијални проблеми.
    Егзистенцијални и културолошки прашања од типот:
    - Зошто моето дете да знае македонски кога не му треба? И онака, дај Боже, да се исели. Ќе учи германски и/или англиски за почеток. Македонскиот е „колатерална штета“.
    - Самите родители не работат на својот македонски и заменуваат зборови од еден јазик, обично англиски (зашто е полесно, зашто е „побогат“, зашто сум опркужен со него ) со зборови од мајчиниот јазик и вака мајчиниот им станува „туѓ“.
    - Немаат преголема култура да им читаат на децата, немаат култура самите да читаат, или она што го читаат не е од некаков висок квалитет или бара продлабочено размислување и/или знаење.. За да имаш култура на читање треба да имаш култура и на размислување, Сѐ е поврзано.
    - Генерациско штедење. Зошто моето дете да се троши како мене? Што ако јас знаев/учев македонски, каква корист од тоа?


    3. Самите деца


    - Живеат во време на брзи задоволства, каде вложувањето на напор не се цени туку кој полесно се „снашол“ со помал напор.
    - Постојано им е намалувано вниманието и фокусот, благодарение на новите технологии и комуникации. Зошто да се мачам, кога имам нешто „готово“ да додадам, филтрирам, преземам, и тоа сѐ ми е достапно ГЛАВНО на англиски.
    - Сеприсутна психологија на повеќе со помалку вложување која главно се должи на притосок од врсниците, донекаде и од родителите, глобалната култура.
    - Знаат дека родителите се попустливи, имаат разни трикови. Ако едниот родител е попустлив, тие ја користат неговата „логика“.

    4. Глобалната и локалната култура

    -Глобализацијата на „културата“ и завладување на сѐ со некаков international english (главно американизиран), што е лингвистички осиромашен суругат кој владее со медиумите. Децата дигитално доживуваат акултурација на дистанца. Живеам во Македонија, ама „во главата“ сум во САД.
    - Порамнување на сите глобални култури, нивна „унификација“, што се должи на многу фактори (од економија, преку брендирање, меѓународна трговија, глобална медијатизирана култура, однесување, размислување) Ова важи за сите култури, но мали култури како нашата се премногу погодени. Нас буквално нѐ снемува и квантификативно (како жители) и квалитативно (културно/јазично)
    - Голема емиграција. Луѓето што веќе се иселени, не го негуваат македонскиот, немаат време за него, замисли што ќе се случи со нивните деца. Пред некој ден имаше статистика дека за 10-тина години се иселиле 40 % од високообразованото население. Дали нивните деца ќе зборуваат македонски? Се сомневам. Нивните деца уште помалку.
    - Се користи стандардниот македонски само во одреден контекст. На „работа“ зборувам литературно, ама дома користам сленг, колоквијален говор, англицизми („Дома сум си“; “Со другарите“, „Смешно е да зборуваш литературно македонски. Никој не го прави тоа“, итн, итн.)
    - Непочитување на својата култура и јазик што има многу конкретни директни културни последици, а за што треба томови од студии, а форумов не е место за тоа.
     
    На Heavy Feather, Трагедијаупмм, Emma Star и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Никаде не спомнав дека ми смета англицизам напротив и јас користам.
    Туку баш убаво беше напишан постот и само сакав да потенцирам каква е реалноста.
    П.с : слободно попрај ми ја реченицата еве.
     
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.317
    Пол:
    Женски
    Ако чујам некој да си го каже детето џагуре, ве пријавувам. :D

    Уф, како го промаши толку примерот. Словенците користат милион пати повеќе англицизми отколку нас. И тоа не само младите луѓе, мене ми беше шок кога слушнав колку се нормализирани некои англицизми кај народот.
     
    На MarijaMi90, theowndemon, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    За жал нема доволно бесплатни програми за учење малкедонски. Оди на Youtube и види колку содржини има за шпански, германски, англиски, италијански, француски, па дури и мандарински, а колку има за македонски... За ова и јас не бев свесен сѐ додека еден мој познаник Ирачанец не ми обрна внимание, кој сакаше да учи македонски и учи од тоа малку што го има! :)
     
    На Космонаут и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    20.830
    Пол:
    Женски
    Аман па и вие, оставете младите како сакаат така нека си зборат. За се мора да најдете маана :D.
     
    На BlackAndWhiteSwan му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Во Словенија престојуваш/живееш?

    Ние секако не може да се мериме со Словенија. Твојата забелешка е еднострана.

    1. Многу повеќе внимаваат на јазикот и имаат специфични зборови. Многу посамобендисани се од нас. Многу повеќе си ја сакаат културата.
    2. Економски се помоќни. Културата и јазикот никој не им ја проблематизира, подобро се културно интегрирани, итн.
     
  14. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Прочитај го ова @Srckata28
     
  15. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    859
    Не им пречат на тие што не разбираат, баш напротив. Мене ми сметаат, а знам разговорно два светски јазици. Ги користам и јас понекогаш, ама навистина се претерува со угнетувањето на мајчиниот јазик.

    Ниеден Германец, Англичанец, нема да искористи туѓ збор од друг јазик, ако го има во неговиот. За тодлер сме немале соодветна, имаме, и тоа се вика мало дете.

    Во англискиот, кога ќе прочиташ збор friend, не знаеш дали е машки или женски род освен ако не сфатиш од контекстот на реченицата, па еве ги, не пропаднаа.
     
    На Космонаут, Трагедијаупмм, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.317
    Пол:
    Женски
    Да, сум била со години во Словенија. Имаат поголема јазична криза од нашата затоа што има премногу иселеници од југ и никој не се труди да се научи словенечки затоа што е „премногу слично“ (a, не е). Те служат на босански, ти зборуваат во маркет на српски. На улица слушаш само албански и српски/босански/хрватски (и македонски секако, и ние им ја уништуваме културата во овој контекст). Албанците се често исто толку дрски како кај нас и почнуваат да ти зборат на албански како да е тоа универзален јазик и очекуваат да ги разбереш. Англицизмите од друга страна се многу нормализирани во нивниот јазик, нормално е на професор да му кажеш „Сори“ (Sorry) и слично. Така да, за споредба е, дури и мислам дека имаат поголема криза од нашата. Но, французите се добар пример. :D

    Поентата ми е, нема потреба толку да се катастрофизираат англицизмите во нашиот јазик. Фактот е дека имаме сиромашен јазик кој нема доволно зборови да се искажаат некои нешта. Сум за тоа што почесто да се употребува литературен јазик, но знаењето на сленг на англиски е горе-долу универзално, јбг. Сегде во светот доминира американската филмска и музичка индустрија и тоа е главната причина веќе со децении. И мислам дека да ја одбиваш таа промена на неформалниот јазик е одбивање на социјализација, на култура, која секогаш се менува. Има други начини да се чува јазикот, за кои сум сигурна дека ќе се согласиме како треба да изгледаат.
     
    На theowndemon, CameliaMiller и Adidas888 им се допаѓа ова.
  17. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    859
    @Srckata28 ако немаме збор за тоа, имаме фраза од два-три зборови кои ќе ти го објаснат тоа што сакаш да го кажеш.

    Еве кажи ми пример на зборови за кои нема соодветен збор на македонски, па мораш да искористиш англицизам, германизам, и како и да се вика за француски, италијански или шпански јазик.

    Еве ситуација, сакаш да објасниш нешто на македонски, ама немаш познавање од ниту еден странски јазик, и што правиме? Мимики и гестови ли ќе користиш?
     
    На Gosh, Anyshka и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  18. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Фала ти за одговорот. :) Еве, дознав нешто за употребата на словенечкиот и мешањето со другите јазици од Македонка (претпоставувам) што престојувала/живеела во Словенија.

    Да се надоврзам... И кај Французите има влијанија од англискиот и тоа многу, (на улица, во секојдневие, неформално) дури постои и термин franglais (франкоанглиси), ОГРОМНАТА разлика е во тоа што ТИЕ што треба да зборуваат СОВРШЕНО француски и кога треба, во соодветен контекст, го знаат и зборуваат така. Да не зборуваме за целата позадинска култура што оваа нација ја има, колку и да е сега во криза. И најбитно, Французите се околу 67 милиони! :) Дури и оние што не знаат да зборуваат, ГО ЦЕНАТ ЈАЗИКОТ, или имаат чувство дека зборување на стандарден јазик е важен. Не се исмеваат со тоа. Тоа ние никогаш не сме ни го стекнале, барем не до високо ниво...Ние допрва треба да го достигнеме тоа ниво, што овие култури го имаат.

    Ние како МАЛА култура (намерно со големи) букви МНОГУ повеќе од Словенците , а уште повеќе од Французите треба да внимаваме на јазикот, на кој не само што не се внимава кај сите возрасни групи (никогаш не сме ни имале висока култура) туку не го зборуваат ни оние што треба да пример за тоа!

    Со други зборови ТИЕ може повеќе да си дозволат и да не го знаат и да не го зборуваат, за разлика од нас. Тоа треба да се има секогаш предвид.

    Апсолутно дека не е страшно да користиме англицизми или да имаме позајмувања, не може ние да се изолираме од светот, од доминацијата на глобалната култура, РАБОТАТА е да бидеме свесни дури И ТУКА на овој форум , кој има голема посетеност, за таквата важност. Едно Sorry никогаш не е проблем, но што правиме со деца што мешаат латиница и кирилица, не ги знаат буквите, не знаат зборови на македонски, туку само на германски/англиски? Не знаат да се изразат, да состават мисла? Тоа е МНОГУ, МНОГУ посериозен проблем. Тоа ги прави функционално неписмени.

    Мојот погорен коментар за џагуре, кој на некои им беше многу забавен (разбирливо!), беше да посочам дека и ние имаме богат јазик, дека луѓето не се свесни за тоа, дека на јазикот не му посветуваме доволно внимание. Може да се избере друг збор, конструкција, израз, итн. Тоа беше само еден пример од многуте.

    **
    Кои би биле предлозите за чување на македонскиот јазик, што ти ги подразбираш, инаку?
     
    На Космонаут, Heavy Feather, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    859
    Едно е користење на технички изрази во стручна област, друго е форсирање на американски филм.

    Софтвер, , јузернејм, пасворд (иако за овие имаме корисничко име и лозинка), се чести зборови во ИТ сферата или било која сфера каде што се работи на компјутер.

    Но екшли, егзакли, тодлер, бумер, воук, канселиран и слични бљувотини не треба да се земаат за релевантни.

    Казнувај ги сите што користат англицизми кога нема потреба, па да видиш како ќе се средат.
     
    На Heavy Feather, Gentlewoman!, Трагедијаупмм и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    20.830
    Пол:
    Женски
    Втф, па уште и казни :D.
    Абе многу се замарате шо праат комшиите.
     
    На theowndemon, Angie1432, see.emily.play и 1 друга личност им се допаѓа ова.