1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Употреба на туѓи зборови во македонскиот јазик

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од GirlLove, 3 јули 2024.

  1. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со тебе во голем дел, но, не верувам дека казнувањето е решение за што било. Треба да има здрави „модели“ , „примери“, за коректно користење на стандардниот јазик кои ќе ги„заразат“ другите. Луѓето ТРЕБА да сакаат да зборуваат македонски, тоа е тешкиот дел, да мислат дека е добро, да чувствуваат дека има некаков престиж во тоа, дека е дел од нивниот идентитет, да бидат свесни дека зборувањето на мајчиниот јазик ним им е од корист...
     
    На Трагедијаупмм, GirlLove, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  2. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    1.780
    @Srckata28 јас еве цел ден си го повторувам зборот џагуре за така да му се обраќам на синко, ама мм се лути. :rofl:

    Баш ми одговара за тодлер, ме асоцира на нешто што цело време е во движење и прави зијан. :rofl:
     
    На IRBBB, DS10, Srckata28 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Јас најмалото маче почнав да го викам џагуре. Таман е тодлер во мачешка старост де. Ми оди за маче, за дете не.

    Џагуре може да е некаков дијалект, меѓутоа не е литературен збор. Освен тоа, етимолошки не ќе да е баш автохтон ни словенски воопшто, а не па македонски.

    За тодлер немаме точен збор, а форсирање и измислување на зборови или форсирање на архаични називи обично не поминува добро кај пошироката популација, нели, онаа која треба да го користи зборот. Добар пример за тоа ви се Хрватите, толку се трудат да не им личи јазикот на српскиот, што литературно никој не зборува, дотолку што често ни самите не знаат дека постои "соодветен" збор за нешто. Месеците ги мешаат, не па нешто друго. Самите за да избегнат стандардни називи (нели, нехрватски) месеците во 99% од времето ги кажуваат по број.

    Како жива материја, јазикот го создаваат оние кои го зборуваат, не е помодарство да користиш збор за кој едноставно нема соодветен превод.
     
    На An-na, Dentina, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    24.218
    Цел свет користи англицизми пошо Холивуд, филмови, серии, музика, социјални мрежи, итн. Нормално е да навлезе и у говорот кога такво ти е секојдневието.

    Мене повеќе ми сметаат глупостите што луѓето ги зборат, а не кои зборови ги искористиле за да ги кажат. Би било супер повеќе да се обрне внимание на што се зборува. :!:
     
    На theowndemon, Космонаут, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    2.740
    Пол:
    Женски
    Баш е убаво зборчево.
    Асоцира на жагор, пискотници, соодветно некако....

    Иако првпат го слушам,познато ми звучи :D
    Џагуре....таман (fingers)
     
    На DS10, Vikktorr, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Женски
    Тие албанците па ,аман значи аман
    Мислат прв светски јазик им е тој нивниот...
    Инаку лично јас се трудам колку повеќе можам да зборувам литературно ама ете некогаш ми се испушта и дијалект (иако сум растена со различни дијалекти дома ) некогаш србизам ,некогаш англицизам. Едноставно мозокот преполн информации и се закочува па не ми текнува воопшто збор а не па литературен :rofl:
    @Vikktorr секоја причина ти важи ,но за жал нема некое догледно решение...
    Останува на поединци да се трудиме да ги учиме децата да си го сакаат и почитуваат. А тоа со 3 ки мислев на мојата генерација ,сегашниве не можам да ги коментирам бидејќи немам никој близок во основно...
    И имам ,,тодлер " дома ,никогаш не сум рекла мојов тодлер ,не знам со тодлер итн едноставно не знам како да го искористам тој збор.
    Или кажувам со име.
    Или ќерка ми ,детево...
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    2.740
    Пол:
    Женски
    Анксиозност?

    Убаво си постои збор с'клет..... " ме фаќа склет "....кога се чувствуваш заробено како во кафез, клет, ( с клет или во клет ) па не можеш да дишеш, душата ти е стегната....
     
    На Vikktorr, dea.18 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.820
    Пол:
    Женски
    Анксиозност е во ред. Понекогаш се преведува и како вознемиреност или беспокојство.
    Склет или саклет е друго, обичен немир.
     
    На theowndemon и Gosh им се допаѓа ова.
  9. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Јас наскоро ќе се селам во земја кај што се збори англиски. И таму нема да кажувам дека имам тодлер, туку ќе си кажам имам џагуре. Кој сфати - сфати :D
     
    На Srckata28 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    2.740
    Пол:
    Женски
    Па добро....интересна ми е аналогијата со клет, која се наоѓа во коренот на зборот.Поради тоа и соодветна,сликовита.
    Впрочем што е немир? Порано не постоел зборот анксиозност, а секако како чувството на вознемиреност,страв, немир било присутно....

    Инаку се разбира дека е во ред да се обогатува јазикот со нови зборови, но интересно е и заборавените да се возобноват,зошто да не...
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Народот е елементарно неписмен, не знае дека се пишува одвоено неможе, несака, не знае запирка каде се употребува, па ќе дискутираме за англицизми во јазикот.
    :D
     
    На theowndemon, IRBBB, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Но, тоа не значи дека на тоа треба така да останеме нели? Наместо бесконечно истото да го констатираме колку „народот бил елементарно неписмен“, може и треба да ја користиме можноста да покажеме дека може да е поинаку, и да му понудиме ресурси да не биде така, дури и на еден форум кој е посетуван од многу луѓе. Така СИТЕ добиваме. Ако видливоста за ваквите проблеми, како што наведе, е поголема повеќе луѓе ќе бидат свесни каде грешат, или ќе сакаат да дознаат нешто повеќе, во најмала рака.. Фала ви како модератор/и за таквата можност во оваа рубрика, или каде било за таквата можност на форумов! :)

    Одлични идеи... беспокојство!

    Жагор, џагуре, не ги поврзував така, супер!
     
    На DS10 и sonuvana им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.969
    Допаѓања:
    54.905
    Пол:
    Женски
    Имаме многу повеќе туѓизми отколку што можеме да замислиме. Но некои едноставно се толку одомаќинети во јазикот што не ни знаеме дека не се македонски зборови оригинално. И јас некогаш се фаќам да употребам збор на англиски кога не ми текнува во моментот поинаку да исформулирам. Сепак, мислам е претерување намерно да се зборува со англицизми во секоја можна реченица кога убаво знаеш дека има соодветен македонски збор. И децава сега често го прават тоа, се разбира бидејќи уште неродени се со телефонот в раце.

    Инаку сум во една група на една социјална мрежа и понекогаш објавуваат туѓизми и како е македонскиот соодветен збор. Ќе постирам некои во спојлер тука.
    Туѓизам = Македонски

    импотенција = немоќ, неспособност, неплодност, папсаност
    имун = бесчувствен, отпорен
    ирационален = неразумен, бесмислен
    ирелевантен = несоодветен, безначаен, неважен
    имплементација = извршување, примена, вградување
    ироничен = зајадлив, подбивен
    историја = минато
    инфузија = налевање, полевање, натопување
    дистрибуција = распределба, распоредување
    динамика = подвижност
    димензија = обем, опсег
    дефиниција = одредница, одредба
    дециден = јасен
    декември = снежник
    декорација = китење, украсување
    ехо = екот
    ефект = плодотворност
    еволуира = напредува, развива
    еманципација = издигнување
    епизода = издание
    егзистенција = опстанок
    ентузијазам = полет, волевитост
    арогантен = надмен
    афинитет = наклонетост
    амбалажа = пакување
    амбиент = околина, средина
    автор = творец
    агент = деловодител
    линк = врска
    литература = книжевност
    билет = пропусница
    биографија = житие
    фантазија = мечта
    фактор = чинител
    факт = податок

    Овие се некои само, според ова употребуваме куп туѓизми и кога не сме свесни. :D
    Сте спомнале за анксиозност, и тоа е туѓизам секако. Во рускиот што ни е сроден јазик, не го употребуваат тој збор, а велат „тревожность“ обично што е слично со тревога (претпоставувам истиот корен е), или едноставно беспокојство, вознемиреност може да е.
     
    На nextredstyle и Vikktorr им се допаѓа ова.
  14. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Сите зборови имаат различни нијанси, нека има и потсмешлива конотација, но, нека се користи, не постои „лош“ публицитет за еден збор. Важно е да „живее “ во еден јазик.
     
    На Космонаут му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.820
    Пол:
    Женски
    Штом некој се навредува, не е добро да се користи. И некако звучи како збор земен од кај соседите.
    За тодлер понекогаш се употребува мало дете.
     
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Дијалектите се богатство на еден јазик. Тие се доказ за колку е стар еден јазик, и зборуваат многу за развитокот и историјата на истиот. Дијалектите не се нешто што треба да се срамиш да го збораш, тие се гранки на јазикот. Јас обожавам дијалекти, и сметам дека освен за официјална употреба, треба да се користат и одржуваат.
    Јас би рекла, зборајте си на дијалекти, убај се, ме бендисват скроз :D
     
    На theowndemon, Ugly Duckling, Mrs. right и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Не се согласувам со тебе, во однос на употребата. Живееме во време на „мемитика“. https://en.wikipedia.org/wiki/Memetics. За еден јазик да е „моќен“ треба да „циркулира“, да се „зборува“, да се „употребува“. И лошата употреба е УПОТРЕБА, дел е од „културата“ e, За нешто да се употребува КОРЕКТНО треба прво да се употребува и популаризира! :) Ваквата провокација очигледно функционира... Откако ќе се популаризира збор како џагуре ќе се најде некој што ќе го покаже точното значење според стандардот, и во соодветен контекст.

    Се согласувам за мало дете. Може и така :) Иако тоа е цела синтагма, а не еден збор. Фала ти за коментарот! :)
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    11.329
    Пол:
    Женски
    Зошто на секои два месеци се повторува муабетот за англицизмите?

    Па, па, па, фолиранции па уште во странство немало да го употребуваат зборот тодлер, додека сте со англиски никови пишани тука. Така е, од далеку се сака и чува јазикот. |(

    Ако треба некого да се казнува, ко што предложил некој погоре, треба да ги казнат овие што не знаат една проста реченица да срочат на македонски, а им е мајчин јазик.
    Мислам дека ова е многу потрагично од некој англицизам.
     
    На theowndemon, Gosh и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Треба читање македонска литература, дефинитивно. Така ќе ни се збогати речникот на сите, од деца, до возрасни. Мајка ми уште си оди во библиотека и си позајмува книги, ако има 60 и кусур години. Освен на македонски, други книги не чита (знае англиски инаку). Затоа секогаш и се восхитувам на речникот, знае да се изрази и има многу богат фонд на зборови.
     
  20. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    2.210
    Пол:
    Женски
    Повеќе турцизми имаме во јазикот, отколку англиски зборчиња кои ги користиме. Нормално е, после 5 века...
    Битолскиот дијалект особено "врие" од турцизми.
    Помладите генерации употребуваат повеќе англиски зборчиња. Некогаш за да се "во тренд" и мене лично тоа повеќе ми смета. Син ми кога играат онлајн често користат " ќе ливнам, ќе џојнам" за да се вклучат или идклучат од играта. На почеток се чудев што значи ова :D

    И "логирај се" не е наш збор, кај нас би било најави се па го користиме. Спонтано е ова, не би рекла дека е затоа што не си го цениме јазикот.
    Син ми конкретно многу политературно зборува од сите нас дома, кои повеќе користиме дијалект
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.