Употреба на туѓи зборови во македонскиот јазик

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од GirlLove, 3 јули 2024.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Тоа треба да тргне од училиштата. Македонскиот јазик веќе не се ни смета како сериозен предмет, инаку, од каде мислиш дека излегуваат овие елементарно неписмени? И, никогаш нема да биде престиж да се зборува македонскиот јазик бидејќи е мал број на луѓето кои го користат, така што немаш никаква придобивка, или престиж нели, ако убаво и течно се изразуваш, или пак некаде во светот да бидеш почитуван поради тоа што знаеш литературно да се изразуваш на македонски јазик.
    Не верувам ни ова да се промени, луѓето се селат, зборуваат други јазици, нивните деца едвај зборуваат македонски, како што и сам рече, следната генерација воопшто нема ни да знае македонски.
    Немаш ни корист ни престиж, кога е државата таква.

    Така што, ако некој се користи со странски зборови, слободно, ниту ми пречи, ниту ми боде очи, ниту пак сум за некакво зачувување на јазик кој е користен од мал број на луѓе и станува сѐ помал со секоја измината година.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Мислиш дека само сѐ на училиштата се сведува? Културата, јазикот не е само „вертикален“ феномен - институции во однос на поединци , туку и „хоризонтален“ - култура МЕЃУ поединци... И едните и другите имаат одговорност. Од нив зависи до некаде кој јазик и како ќе го употребуваат. Зошто јас како поединец да придонесувам кон својата неписменост и таа на другите?
    .
    Вас/тебе ако те ни пречи, очигледно, на многу други им пречи претераното користење на туѓи зборови. Тоа се гледа и низ форумов и надвор од него.. Не мене не ми боде очи ако некој зборува странски јазици, мило ми е за него, јас зборувам неколку, но, сакам да си го зборувам како што треба и мојот мајчин , зашто така секако нема да зборувам ниеден друг. И мислам дека и другите треба да зборуваат, наместо да бидеме жртви на околностите и престижот. И од нас зависи тој престиж. инаку.
     
    На Mumoftwo30, Bratot, Heavy Feather и 7 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Па, сѐ почнува од училиштата. Таму ако не научиш како се пишува правилно, каде? На форум, каде што секој како сака се изразува?
    Нормално дека треба од училиштата да се почне. И нема престиж со шака народ кој зборува еден јазик, јазик кој и таму каде треба да е главен, веќе преминува во второстепен. Затоа, странцизмите се најмал проблем, ама секогаш површното смета, а не суштинското.
     
    На theowndemon, Трагедијаупмм и fbaby им се допаѓа ова.
  4. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Треба да се почне од најмала возраст, и ПРЕД училиште според мене. И низ целото образование до докторски студии. Секако и во секојдневниот говор. Но, не знам што би изгубиле ако за тоа се зборува и на еден ваков форум. Секоја ситуација е можност. Всушност, децата користат медиуми од најмала возраст, па ќе се сретнат со коректна употреба на јазикот и ОВДЕ.
    јас мислам дека јазикот е суштински инаку... Тоа што се „шака народ“ јас не можам да го спречам ама МОЖАМ и те како да посочам кон коректна употреба на јазикот. Претпоставувам и затоа има вакви рубрики на форумот?
     
    На st-el и DS10 им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Ништо не би изгубиле ако се зборува на форумов за ова, кажувам свое мислење за јазикот само, за што е и дискусијава нели.
    Можеме и да не се согласиме, не сме обврзани дека мора исто да мислиме.
     
    На Gosh, st-el, fbaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Машки
    Да во ред, исто и јас викам дека треба да збориме македонски, не ко инстаграм блогеркине што за нешто најпросто ќе употребат англиски збор, ама јас сигурно нема да речам наместо билет, пропусница или наместо факт е, податок е. Тука ќе се изгуби самата смисла на реченицата. На пример сакаш да кажеш нешто што е добро познато кај народот ќе речеш факт е тоа, нема да речеш податок е тоа. Добро сега, зависи и од поентата на реченицата, наместо да речам fun fact можам да речам интересен податок и повеќе ми лежи да речам така него со туѓизми.
    Едит: заборавив да додадам, ќе речам имам имунитет, нема да речам отпорен сум.
     
    Последна измена: 4 јули 2024
    На Mumoftwo30, Malesia и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    wtf?
    Не е исто, едното има функција како опис на чувство, ама повеќе се користи како дијагноза, другото е чисто само чувство.
    Гледате дека немаме доволно зборови....
     
    На theowndemon и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    2.673
    Пол:
    Женски
    Веќе прифатени што постојат како туѓизми да (уствари ако не отвориме книга, нема да знаеме дека се туѓизми) , а нови како (wtf,omg) што произлегоа од тастатура не! :D:D:D
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    Ко за некој поборец за македонскиот јазик, многу чудно како не ти текна дека на македонски PM е попладне, и дека уствари се пишуе 15.00 часот, али која сум јас да ти судам...

    У истите мислења у кои плукаш против странски зборови, користиш зборови шо најчесто имаат свој збор или фраза у македонскиот јазик, и уште потрагично одредени зборови ги имаш напишано у наводници, од не знам која причина, некои странски, некои наши...


    Исто као и @GirlLove, и тоа провалена е поише пути у Сдк, али нема везе, добра е темава.

    Еве и ние ќе си пишуеме ,, тодлер,, вака, и чича Мича, готова прича. Све ни е опростено.

    Земале изгуглале некој турцизам ни покојната ми баба шо не го знаела, и така се викало тригодишно дете на македонски...
    Не, него се кажува новороденче, па бебе, и од коа ќе прооде, 9 месеци, 15 месеци, 19 месеци и 3 недели и тако даље, и ја треба математика да решавам да откријам колку години има детето.
    Е затоа е тодлер.
    Пардон, ,, тодлер,,.
     
    Последна измена: 4 јули 2024
    На theowndemon, see.emily.play, Dentina и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Според мене т.е лично мене ми е интересно да знаеме јазик што многу помалку луѓе го знаат. Нешто како шарм на limited edition :D

    Инаку сум за тоа човек да знае што повеќе јазици, бидејќи така светот го имаш на дланка :inlove:

    И немам проблем ако некој користи збор како тодлер. Дури се случува ако знаеш повеќе јазици и си во брзање, па да не може во моментот да ти текне соодветен збор или израз на твојот јазик.

    А некогаш па и сакаш да кажеш некој збор/израз на друг јазик, со цел да доловиш и подобра конотација со се емоции :D

    Секако секој има право да се изразува како сака, особено неформално, во муабет со другари и сл.

    Мене лично што ми онака пречи е ваков пример:

    Имаше видео од Брејнстер за некој млад претпримач. Значи си излегол на презентација пред студенти - формална комуникација, а ни п од претставителност и професионалност.

    "До тој џурни, треба да имаш луд перзистанс бидејќи ќе наидеш на многу бампс ин д роуд. Ако стварно грајндаш ќе имаш успех" :drunk:
    [​IMG]
     
    На Herrera, CameliaMiller, BlackAndWhiteSwan и 3 други им се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    @Gosh, не знам како се замараш кој, како, каде и што пишал. И кој, во која тема е провален.
    :rofl:
     
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Се саклдиса е прв братучед на "се секира" :ninja:
    Употребувам англицизми затоа што ми се помилозвучни, поинтересни и некогаш финесите најдобро се пренесени.
     
    На Angie1432, CameliaMiller, fbaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Се уљандиса му е братучед исто :rofl:
     
    На Трагедијаупмм, KateKane и Dentina им се допаѓа ова.
  14. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Машки
    Не ми се допаѓа и уште се користи backstage, а си имаме наш збор што секој го знае. Не ми се допаѓа и кога на пишан текст, реклама, (радио и тв), јавен настап и најчесто денес водителките и водителите на емисии па и презентерите на вести ќе кажат на пример "пешкир". Ак кога би погледнале емисија, јавен настап или вести пред 30-40 години.
     
    На eliesaab и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски

    Тоа го напишав на шала :)
    Инаку лично јас немам ништо против употреба на туѓи зборови, употреба на англицизми. Но исто така немам ништо против оние што не употребуваат туѓи зборови во нашиот јазик. Англискиот јазик мене ми е дел од приватното секојдневие. Така да природно ми доаѓа употреба на англицизми. Во мојата потесна фамилија зборуваме на 3 јазици (затоа што сум во брак со странец). Тоа не значи дека го "убивам" македонскиот јазик. Македонскиот јазик секогаш ќе го употребувам без оглед на тоа каде живеам. Сметам дека Мк има далеку поголеми проблеми од употреба на туѓи зборови, но тоа би било целосно друга тема :)
     
    На DS10, fbaby и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Машки
    Точно. Некои англицизми не можеме да прифатиме, а луѓе што ги мрзи да ја сменат тастатурата на кирилица можеме да ги прифатиме. Јазикот е "жив", секоја година имаме стотици нови зборови од кои многу се преземени од англискиот. Најпрост пример компјутер, како ќе го викаме? Пресметувач? Мислам дека доста поголем проблем за македонскиот јазик е латиницата, отколку англицизмите.
     
    На Malesia и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    С'клет дефинитивно не е анксиозност. Турцизам е, со повеќе значења. Анксиозност е чувство на непотребна претерана загриженост или страв. Во таа смисла ни тремата не е анксиозност иако се слични, тремата има причина зошто се појавува, анксиозноста е врзана со нереалноста или претераната загриженост за нешто.
     
    На Malesia, theowndemon, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    9.650
    Пол:
    Женски
    Јазик како средство за комуникација е "жива материја", и постојано се менува, излегуваат зборови од употреба, и влегуваат нови. Односно, јазикот се адаптира кон "векот" и модерните потреби на истиот. На пример бутин, аван, гумно, кабает, такуѓаре, постојат како зборови но скоро и да не се употребуваат пошто го изгубиле контекстот на значење во секојдневната употреба, односно луѓето не живеат веќе во дејствие каде би им се нашла соодветна употреба (бутин, гумно), додека други зборови како кабает и такуѓаре би се употребувале и денеска, но си нашле соодветна замена, модифицирани во модерните изрази. Е сега, англицизми има што се користат за технологија, и тоа не може да биде поинаку. Како и да е ние како народ не го негуваме нашиот јазик, затоа и ни бришат историја, па и јазик не ни признаваат, али нема везе.
     
  19. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    9.650
    Пол:
    Женски
    Можда зборот АМПА. Ме фати ампата? Не знам прашувам, не сум сигурна...
     
  20. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Женски
    Ампи ко за маки го знам јас.
    Ампи големи (маки големи)
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.