1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Употреба на туѓи зборови во македонскиот јазик

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од GirlLove, 3 јули 2024.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.216
    Допаѓања:
    162.725
    Пол:
    Женски
    Ццц циција. ]:)
     
  2. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    :wasntme:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    858
    Со сиблингсот вчера бевме на граџуејшн парти, беше многу интерестинг, екшли имаше многу гестс, па после бевме на афтерпарти во диско клаб еј....

    Оваа реченица ќе биде секојдневие за 4-5 години ако се охрабруваат децата дебили да го користат повеќе англискиот отколку македонскиот.
     
    На jacqueline.s, Gosh, Mrs. right и 7 други им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.924
    Пол:
    Женски
    @BraBru баш вака имам слушнато млади.
     
    На nextredstyle и Vikktorr им се допаѓа ова.
  5. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    И јас, за жал. Трагичното е што не знаат НИ македонски НИ англиски! Зборуваат некаква глосолалија од сленг, англиски, македонски, српски, дијалект, и ги користат зборовите од различните јазици кога нема да им текне соодветниот збор. И секако, немаат доволна длабочина на јазикот, осиромешен е како тик-ток видео, што брзо го листаш и ти предизвикува високи емоции, им недостасува способност за фокус, аргументација, не ја следат мислата, зашто ни на мајчиниот не научиле да МИСЛАТ. Трагично! Баш трагично.
     
    Последна измена: 7 јули 2024
    На Трагедијаупмм, st-el, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    54.897
    Пол:
    Женски
    Има исто така зборови во англискиот како: grandparents, fingers, toes за кои немаме превод, но не боли да велиме: баба и дедо, прсти на рацете (или само прсти) и прсти на нозете. Или фингерс и тоус треба да почниме да велиме? :D
    Мене ми е толку неприродно да велам сиблингс наместо браќа/сестри, ми звучи како кога оние што цел живот се Австралија иселени па сеа кога ќе се вратат мешаат англомакедонски.
    Подобро да се зборува како со мал опис или на дијалект отколку сосема да се преземаат зборови од англискиот. И србизми исто, кога сме на темата.

    Иако спомнав дека и мене ми се случува некогаш да смешам и на англиски да кажам, или некогаш едноставно се губам бидејќи зборувам три јазици, ама сметам дека користење на англиски зборови во голем дел од времето каде што е очигледно дека има соодветен македонски збор, е глумење лудило пред сѐ.
    А од друга страна, толку луѓе пишуваат на латиница што исто така е непочитување. Треба на ова телефоните кај нас да им ставаат тастатура на кирилица, па потоа ако сакаш да си спуштиш латиница, а не обратно. :|
     
    На Трагедијаупмм, DS10, Gentlewoman! и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.924
    Пол:
    Женски
    @Vikktorr него, користат и некои зборови измеѓу што не можам да им ги дешифрирам. Еве за истово се жалат и родителите по книжевните групи. Одбиваат да читаат лектири на македонски, бараат строго на англиски. Значи полека почнува.
     
    На Vikktorr му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.808
    Пол:
    Женски
    Пред долго време имаше професор по македонски на квиз кој кажа дека зборови кои не се внесени во речникот не се сметаат за дел од македонскиот јазик. Сиблинг го нема во дигиталниот речник, а и во хартиен не сум го сретнала.
     
  9. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Не знам колку почнало и до каде сме, феноменот е комплексен, не можам да обвинам само еден фактор, учесник, ама можам да кажам дека секако не е во насока на описменување, разбирање, логично размислување, (себе)изразување, сѐ што ПОВЕЌЕ ни треба во овој свет!

    **

    Фала ти за увидот! :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.924
    Пол:
    Женски
    @Vikktorr имам некое мислење дека откако почнаа што помали да ги пуштаат по курсеви за англиски, забегаа. Не сум против курсеви, но убаво е и по дома да им посветат внимание за јазикот. Сфаќам дека денес сите се кусо со време (обично тоа е оправдувањето), но џабе е „познавање“ *** на јазици кога сопствениот не се знае. Да не кажувам како граматиката на нашиот јазик помага во учењето на граматиката на другите јазици.

    ***површно е, не е како што треба.
     
    На Трагедијаупмм, nextredstyle и GirlLove им се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    Прашајте дали во Франција и Германија по дома си прават муабет на англиски.
    :rofl:

    Ахх бе, се ќе си упропастиме и држава и јазик и се.
     
    На Трагедијаупмм и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.924
    Пол:
    Женски
    Зашто во Германија се знае - има германски да пропееш оти со англиски ич нема да им чуе за тебе. И може само да плукаме за нив, али таму се знае. Ако сакаш да те прифатат ко дел од нив, строго германски. Збор-два, небитно.

    За французите да не зборувам. Строго француски.
     
    На Трагедијаупмм, GirlLove и nextredstyle им се допаѓа ова.
  13. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Ели, тоа е цела тенденција родителите да ги праќаат на некакви курсеви (активности, во Скопје) децата, наместо да бидат едноставно присутни во нивните животи, да го следат нивното образование, да читаат со нив, да решаваат задачи по математика со нив, да учат историја заедно со нив, да ги тераат да размислуваат или да прераскажат, итн. Тоа придонесува кон ослабување на поврзаноста меѓу генерациите, и емоционалниот развој на децата.

    Не можам САМО родителите да ги обвинам, секако, иако делумно имаат и удел. Работата од 9 до 5 pm нѐ уби. Потоа тенденцијата кон сѐ поголема атомизација и индивиуализација, раслојувањето меѓу сиромашни/богати, потоа разбивањето на проширената фамилија (мене баба ми ми читаше приказни и расправаше политика со мене, мајка ми ме учеше странски јазици, со татко ми решавав задачи по физика и учев со него мајсторисување по дома!) ... Тука се и големите човечки предизвици, каде треба да се вложува напор за она што треба да се подразбира. Традицијата, авторитетите, континуитетот е во глобална ерозија.

    Новата технологија има преголем удел, и ова е баш тешко за справување. Лесно е достапна, нуди брзо задоволство, учењето бара НАПОР и доследенност, колку и да си интелигентен природно.

    Не можеш да зборуваш добро и артикулирано ако не си го научил добро својот јазик, Тука учиш и дисциплина и начин на изразување и реторика и аргументација. Секако, паралелно со странските јазици.
     
    Последна измена: 7 јули 2024
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.924
    Пол:
    Женски
    @Vikktorr се сложувам дека не е едноставно, ама не смее да се игнорира. Секој минимален напор е подобар од никаков.
     
    На GirlLove и Vikktorr им се допаѓа ова.
  15. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Секако дека има поконструктивни и поздрави начини за справување со тоа ПРЕТЕРАНО (акцент на претерано) „увезување“ на туѓи зборови и тврдам дека секој може да придонесе, колку и да мисли дека тоа е минимално. Јас сум еден, ама сите НИЕ сме армија! И почнува некогаш и со само ЕДЕН!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Истото сум го кажал, практично. :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Машки
    Да, ајде најди некој 45+ што ќе рече сино наместо плаво, бедно наместо јадно, сметка наместо рачун...
     
    На Трагедијаупмм, Gosh и Angie1432 им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    А бе, според мене "понормално" ми е да имаме србизми ( пошто српскиот ни е сроден јазик, особено скопскиот дијалект изобилува со србизми ), турцизми ( сме биле под турско ропство).

    Отколку, некој јазик што нема допирна точка со нашиот и сами си наметнуваме зборови.

    Зошто пример не користиме германцизми?
     
    На Трагедијаупмм и Mrs. right им се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.924
    Пол:
    Женски
    @GirlLove швајц апарат (апарат за заварување), швајсување - германски: schweißen. Има претежно зборови кои основата сепак ја влечат од германски зборови.
     
    На Gosh и GirlLove им се допаѓа ова.
  20. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Машки
    Не е понормално, исто е. Тогаш српскиот бил тренд, сега англискиот е. Германски кој збори освен германците?
     
    На joy1 и Just.do.it им се допаѓа ова.