1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Урбани легенди

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Bitter-Sweet, 14 јануари 2016.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.547
    Пол:
    Женски
    Вчера и денес како ненормална ги читав сите коментари во темата Необјасниви случки и посакав да создадам нова за нешто друго што ме интересира.
    Значи во оваа тема би сакала да споделиме некое по можност лично искуство но може и нешто за што имаме слушнато, а се работи за некои опседнати места каде се верува дека се случуваат некои паранормални нешта и која е легендата што стои зад тоа.
    Имам слушано за многу такви места но не ги паметам како точно било па оставам на вас да раскажете додека јас не слушнам или самата не се уверам во нешто.
    Јас ќе раскажам за нешто кое од искуство го знам. Ќе им влее страв на студентите освен на тие што не веруваат. :)
    Се работи за студентскиот дом Стив Наумов, кај новите бараки што лани беа подготвени и средени за вселување. Таму престојував. Кога се запознавме сите и се опуштивме, еднаш еден од чуварите кажа дека имало духови, дека вратите се отворале и затворале, на стаклата се гледале сенки, привиденија, се слушале гласови. Ние не верувавме, се смеевме на неговите зборови. За кратко, самите станавме сведоци.
    Најпрво, една другарка кажа дека во огледалото позади неа видела лик од човек кој исчезнал по 2 секунди. Некој и веруваше, некој не. Јас верував а подоцна и самата искусив нешто. Беше доцна, не ми се спиеше, цимерката беше на роденден. Читав книга а во собата светеше само сијаличката над мојот кревет. Бев легната на стомак, свртена кон ѕидот, позади мене беше бирото на цимерката кое беше преполно со секакви дрангулии, огледало, шминки, чаши... одеднаш слушнав шушкање. Се свртев, не видов ништо. Си реков ајде ми се присторило. Продолжив да читам и само што заборавив на тоа што се случи, пак шушна. Се свртев - ништо. И пак си продолжив да читам. Одеднаш, на бирото нешто тропна. Јасно слушнав дека некој предмет се помести но не видов што беше тоа. Погледнав во телефонот - 3 часот. Е тогаш ме фати паника, додека во глава ми поминуваше тоа дека тоа време е "зла доба" пак шушкање во купатилото чија врата стоше отворена но од тогаш постојано ја затворав. И се јавив на една другарка од соседната барака, за среќа будна беше и веднаш излегов. Потоа се врати цимерката па се вратив и јас.
    Сега, една година подоцна, уште еден од чуварите почна да раскажува за такви случки и ни кажа зошто е тоа така.
    Тука имало турски гробишта и коските се уште тука, под самите бараки, особено кај 8 и 7 барака. Духовите не се зли, не напаѓаат никој, тие се тука, само се појавуваат и шетаат без лоша намера. Не сакаат да избркаат никого. Многу студентки зборуваа дека им се отворале и затворале врати, дека гледале лица низ прозорците, се пуштала вода. Некои од страв не сакале да седат таму пак. Можеби има некоја на форумов што може да го потврди тоа.
    Наредна година ако ме примат таму сериозно планирам да истражам, да дојдам до доказ, да сликам или снимам нешто.
    Што би кажале вие на оваа тема? Кои се вашите искуства и сознанија?
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.547
    Пол:
    Женски
    Во контекст не темава, еве нешто што го најдов на Интернет. Ако немате свои искуства, споделете мислења околу ова.



     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.