Мммммм... јадаааам, многу ми се допаѓа, ја сакам пржена со помалку јајца некогаш и без ич јајца, моите некогаш ја пржат со сушено месо таква не сакам, ми се губи вкусот на урдата. Ја набавуваме од луѓе кои ги знаеме, ама одамна не сум јадела сега ти ме потсети дека не сум јала урда одамна, денес тоа ми е на предлог листа за набавка.
Понекогаш со јајца јадам, баш е убаво и вкусно. Прво масло, па урда колку сакам + 2 јајца и ете ти одлично јадење (за студент ехеее прекрасно!) Исто со варени макарони во релна (урда + 1 јајце ги мешам) плус од горе сусам... мераци
Ја сакам ама не нешто ептен претерано. Освен пржена со јајца ја сакам и во салатата со урда (сусам, буковец, урда). Како зимско мезе ја сакам со пиперки. Секоја година се става една голема тегла урда со пиперки а исто така може и со поховани црвени пиперки полнети со урда. Ја земаме од проверени луѓе или свекрва ми прави своја домашна од млеко кој ни го носи млекар.
Јас ја јадам со шеќер (несолена). Може е малку необично за ова поднебје. Купувам обично урда (рикота) Беби Киндер во Буњаковец до КАМ. А еве еден рецепт од мене (децата го обожуваат): МИНИ-КРОФНИ СО УРДА Состојки: Брашно 1 ½ чаша Јајца 3 Несолена урда 500 гр Шеќер 5 големи лажици Сода бикарбона 1 мала лажица Сол 1 мала лажица Маргарин или путер 3 големи лажици Шеќер во прав Зејтин за пржење 1. Во урдата се додаваат јајца, маргарин, шеќер, сода и сол. 2. Се додава брашно. 3. Се замесува тесто. 4. Од тестото со влажни раце се формираат топчиња со големина на орев. 5. Топчињата се пржаат во загреан зејтин дури не поруменат. 6. Готови крофнички се валкаат во шеќерот во прав. 7. По желба одозгора мини-крофнички се преливаат со чоколаден прелив. ПРОБАЈТЕ, НЕМА ДА ЗАЖАЛИТЕ.
Мајка ми зимно време прави една салата со урда. Става сецкани оревчиња, малку зејтин и сосема малку павлака. Многу е освежителна и вкусна. Освен тоа, јас често за ручек си правам пржена урда. Сецкам печурки и шунка, малку ги потпржувам, потоа ја додавам урдата и на крајот ставам јајце. Вакво нешто за прв пат пробав кај другарка ми кога мајка и ни донесе да јадеме, и оттогаш дома често ја правиме.
Еве една салата со урда Данска салата Урда Шунка Магдонос Лук Ореви толчени 4 варени јајца Краставица Сите состојки се рендаат или се сецкаат и се соединуваат во еден сад.
Салата со урда или изварка, дали има разлика абер немам Урда, сецкани ореви, свежа краставица(колку повеќе, толку поубаво), копар, бибер, сол, малце павлака, малце мајонез и лукче сецкано Некоја модификација на онаа погоре, од Тинкербел, ама превкусна е и е неизбежен дел од нашето мени за сите можни празници што следуваат Иначе, јас си јадам, како и повеќето млечни производи, ја сакам пржена со јајца, со пиперки, ја сакам како плескавици нешто од урда, ми се убаво мезе, не ја сакам само со ајвар пржена и во мазник. Е тогаш преферирам сирење
Уф салата со урда за мезе ја послужувам кога ќе ни дојдат гости па наместо една до две чашки ракија се расположуваме со повеќе урда, малку сол, малку зејтин, буковка сол, ситно исецкан лук и оревчиња, мајонез. Сето тоа се меша и после ништо не останува во чинивчето Наместо оревчиња може да запржите малку сусам (без зејтин, само така неколку минути на рингла) и со тоа да ја помешате салатата.
Oбооооожавам! но во лјублјана нема некоја салам урда се продаваат во поголемите маркети но искрено да ви кажам мене ми се гадни затоа јас си правам своја и ептен е лесна само си надробувам сиренје и си стаам едно јајце премешувам и ставам да се пражи нема разлика меѓу купената и таа (Jас така мислам хихи) пробајте супер е
Ех, не е исто дробено сирење со урда. И јас како што немам од кај да ја купам, па сама си варам. Може и да се замрзне, така да кога ми текне, да не ја умеришувам куќата често, сварам одеднаш повеќе. Инаку јас си ја пржам со јајца, со праз, со пиперки, со што најдам.
Eх кога бев мала омилен оброк ми беше урда пржена со сирење A оваа салата ми е омилена урда(зависи колку имате и за колку луге правите) Cечкана салама Cечкани кисели краставички или пак свежа сечкан лук (малку колку за вкус) A ако не сакате лук,можете сечкани оревчина 2 лажици мајонез Cето ова се меша и се декорира со магднос Mх,мх Mераци
Ова е рецепт на свекрва ми. Денес се изненадив од вкусот, навистина е исто како да јадеш похован кашкавал. Превкусно. Се надевам дека ќе ви се допадне . Ќофтиња од урда Потребно: 300 гр. урда, 2 јајца, околу 7 лаж. брашно (може и повеќе да се стави, ќе видите во месењето, тоа многу зависи колку е влажна урдата), сол. Се меси убаво и се остава малку во фрижидер да се стегне. Потоа се оформуваат ќофтињата, се валкаат во пченкарно брашно и се пржат.
Девојки а урда како се прави? Јас знам дека се става млеко преварено 30 мин па после кога ке олади му се додава лажица две кисело млеко. После се остава еден ден, па се цеди. Е не ми е јасно кога се остава да ферментира колку време се чува така и на која температура?
Многу сакам урда, посебно на сточарство Богданци. Секогаш кога купувам вадам во чинија колку би изела, додавам сол и буковец(мн. малку) во неа, а потоа ја мешам за да ми омекне и да се соедини. Понекогаш мислам дека ми е многу поубава од сирење
Урда купувам само кога треба да правам салата. Имам неколку рецепти за салата со урда, ама најчесто ја правам според овој рецепт... 1 кг урда , 1 тегла кисели краставички, 300 гр шункова салама, 1 помала главица стар лук, 3 големи лажици павлака, 3 големи лажици мајонез, 1 голема лажица буковец, 100 гр сецкани ореви, 3 варени јајца, се сецкаат , мешаат и се јадат
Во загреано пресно млеко пред да зовре (некаде 70-80 степени) се ставаат 3-4 лаж. к. млеко. Се меша постојано на тивок огин додека не се направи урда. Пазиш да не ти зоврие смесата. Откако ќе се направи урдата тргаш на страна на рингла и чекаш да се олади. Оладена урда ја процедуваш и потоа посолуваш. Ако се многу згусне можеш да додадеш и малку пресно млеко. Втор начин е кога во пресно млеко се додава сирак (сирќе) така се вика го има по продавници и служи за правење на сирење. Во загреано млеко на телесна темп. отприлика се става сирак и така се остави да се олади и стои една ноќ. Утредента имаш младо сирење а од таа течност која кај нас се вика цвик се вари урда т.е тоа е изварка што ја викаат. Постои разлика меѓу урда и изварка ама луѓето ја поистоветуваат под исто име. Првиот начин е побогат со хранливи материи - калциум, магнезиум, калиум...и е поубав
Славица, обратно е - урда е тоа второто, а првото е изварка - јас така ги знам. Изварката се прави од кисело млеко, со варење да не врие, а урдата е сувиот остаток од солилото за сирење.
полнети пиперки со урда Состав 300 грама Урда малку Сол 500 грама Пиперки 60 милилитри Маслиново масло 1 Јајце Подготовка Пиперките треба да се со тенка лушпа, средно долги и не многу тенки. Исечете им ги рачките и извадете го семето од нив. Изматете го јајцето и во него додадете ја урдата. Сето тоа убаво изматете го со вилушка. Секоја пиперка, со мало лажиче наполнете ја со подготвената урда. Во тавче ставете ги маслото и наредете ги пиперките да се пржат. Немојте да го покривате тавчето. Пржете додека малку не поруменат пиперките.