Може ли препорака за гинеколог кај кого одиш? 5 имам сменето во Скопјево, и на приватно и на државно и ниеден не чинел. Имав уреаплазма, кламидија и кандида, се изнапив сумамеди и разно разни антибиотици, вагиналети и лекови за кандида, на последните брисеви се ми беше чисто, и папот и колпоскопија ми се чисти, ама мене од време на време почнува да ме чеша доле. Докторкава ми вика наводно можно е инфекцииве да ми преминале у хронични и да не се детектираат на брисеви, да се "заспани" во одреден период и кога ми паѓа имунитетот да напаѓаат и прават проблеми. Али тој одговор не ме задоволува, зошто ме отру од лекови и пак имам повремени проблеми. Односи не сум имала долго време, ама можам да замислам дека ако имам што ќе биде пак, болки во јајници и одма печење, пржење, чешање, болка доле.. Страв ме фаќа кога ќе ми текне. Ај, јас си ја изнакажав маката ама стварно ми треба некој асален гинеколог..
Jas ovaa terapija ja najdov na forumot od clenka i si ja zemav na svoja raka. Ete brisot sega mi e negativen i za ureaplazma i mikoplazma, a dali od nea mi pomina pojma neam ♀️♀️♀️jas inace piev 7 dena po 2x na den vibramicin, od po 100mg, 200mg dnevno
Прво најбитно е што ти се чисти брисевиве! Коренот на проблемот е решен а тоа е кламидијата, таа е пострашна од другиве и може нив да ги појави(уреа.плаз) ако таа ја имаш. Второ што мора да се помириш е дека советот нејзин е реален. За жал овие инфекции се баш до толку подмолни и точно е дека заспиваат, истово што ти го кажале и мене ми го споделија. Значи исто и ја ако се разболам или останам трудна може уреа.плаз. да се врати. Факт е дека кога се разболев со ковид уреаплазмата ми се врати. Значи наша должност е да се грижиме и да си го чуваме имунитетот. Скапав по доктори и на нет за ова и советот и е реален- ако имаш пецкање имај бетадин вагиналети при рака, некогаш ставај и безпотреба, секои 3 или 6 месеци на гинеколог, ако се разболиш обавезно после заздравување на гинеколог брисеви да се проверат, скрати на шеќер и кофеин се што го дразни организмот и најбитно неделно на внесуваш доволно пробиотици, витамини и антиохиданти и физичка активност. Тоа е мојата реалност, не сум јас од тие што немаа последици откако ја исчистиле уреаплазмата и од тие што не им се вратила. За жал имав и спонтан 7 недела ради бактеријава. Ако сеуште сакаш конт. пиши порака ама верувај чим си чиста на брисеви твоја одговорност се работите што ги набројав погоре и ќе бидеш ок
Здраво на сите. На гинеколошките брисеви ми покажа дека имам Ureaplasma urealiticum, меѓутоа немам никакви симптоми, ниту болки ни промена на вагиналниот исцедок, ништо. Секако ке појдам на гинеколог за терапија, меѓутоа прашањето ми е дали бактеријава е пречка за да останам бремена? Бидејќи година ипол се обидуваме за бебенце, но неуспешно.
Девојки дали со еритромицин антибиотик сте ја излечиле уреаплазмата? Јас немам никакви симптоми, на првите контролни брисеви испадна уреаплазма позитивна.. инаку за два дена сум 14 недела од бременоста па малку ми е страв антиобиотик да пијам но матичниот ми препиша еритромицин.
Во бременост и мене ми се појави за прв пат уреаплазмата исто Еритромицин пиев јас, а маж ми Вибрамицин тоа беше лани во јуни , септември правев брисеви беа ''чисти''. сега во Јануари пак се појави на брисевите. Пиј го антибиотикот и прашај дали смееш да го зимаш чајот од аптека Стојанови за уринарни инфекции, треба да се пие најмалку 2 месеци , докторка од ГАК ми кажа дека е добро дополнување на антибиотската терапија.
Да. Си ја испив терапијата, исто и партнерот (него друга терапија му дадоа), никако односи и на контролните брисеви немаше ништо. Последните брисеви исто ми беа чисти.
Јас да прашам какви симптоми имавте со уреаплазма? Јас сум бремена 27-ма недела, имав некој минимален исцедок и на контролен брис излезе позитивен. Но, бидејќи немам други симптоми се сомневам во точноста на резултатите...плус во 13-та недела брисевите ми беа чисти, не сме имале односи. Малце ми е нелогично
можно е да си ја имала уреаплазмата во "заспана" состојба или во минимален број, и при паднат имунитет да се активирала/или размножила. Сосема е логично, дури подоцна што ти се покажала на брис. Ако ти е сомнително иди на второ мислење но мислам дека нема потреба
извини не ти одговорив- има различни симптоми, од пецксње, до кандида, до болки при односо и може да има фатални последици, спонтан или неподлоност. Обично почнува со незабележителни симптоми или воопшто да немаш симо. а да си позитив.
И јас на брисевите во 12та недела бев позитивна на уреаплазма и немав апсолутно никаков симптом, ниту пецкање, ниту болка, ништо... пиев антибиотик и сега за две недели ќе одам да проверам дали ја имам повторно.
Јас во првата бременост ја имав и имав страшни симптоми, чешање премногу, густ бел исцедок. А во втората бременост ми излезе Уреаплазма на брисеви што се прават онака редовно и не ми се веруваше да имам зошто немав никаков симптом. Направив приватно пак брисеви без да пијам антибиотици и бев чиста...
И јас во втората бременост на тие ја имав во 12та нед без никаков симптом. Не земав да пијам антибиотици (иако одма ми препиша матичната), направив приватно брисеви пак и тие ми излегоа чисти...
12недела резултати позитивни на уреаплазма. Од симптоми имав: печење вагинално дури и во седење, секрет со мирис и жолта боја.
А каде на приватно? Мислам пак кај матична се зеде брис па потоа сама го носеше брисот или како? Се повеќе мислам дека и јас ќе направам уште еден брис да се осигурам
Тогаш отидов во Ганеш, таа докторка работеше само приватно (сега незнам), тоа пред 4г беше.. Направи некаде приватно, но гледај да ги носат и во приватни лабаратории, не на клиника...