Хаај Во 7ма недела имав хематом (така дознав дека сум бремена), тоа е сега мирно. Сега сум 13та недела, на брисевите изолирана уреаплазма. Од симптоми, зелено-жолт секрет, минимален на дневна база. Пиев до денес сумамед (две дози) и ставам полигинакс 12 ваг., имам уште 6. Денес имам особено зголемен секрет (нели, дел од вагиналетката) што сега е кремава боја.. и има нешто како розевко во него. Прашањето ми е за тие со уреаплазма, сте имале ли ваков исцедок..? И како се одвивало лечењето.. веднаш престанува исцедокот...или? Да, малку сум исплашена.. Благодарам, убава вечер
Исто на брисевите ми излезе уреаплазма, секретот беше жолт обилен, еден месец помина од брисевите секретот се намали ама уште го имам.. се мислам на следниве пак ќе ми излези позитивна
Ја немав никаков исцедок, а позитивна на уреаплазма. Пиев еритромицин една терапија и одма помина. И партнерот исто пиеше антибиотик и никако односи.
Девојки како да ја излечам оваа бактерија.Пиев Еритромицин два пати,Сумамед и спреј Октанисепт.Сега докторот ми даде Кларитромкцин,но неможам да ги пијам ми се повраќа.Некој со искуство?Сакам да ја излечам се спремам за Ин витро.
Размисли да побараш друг гинеколог, второ мислење, да смениш исхрана, диета, имунитетот да го појачаш, витамини не прочитав дека пиеш, Полиглинакс или некои други вагиналети, хигиена, повеќе фактори се, кај некои ја снемува одма од една терапија други мака мачат
Денес и јас почнав да пијам еритромицин, па да прашам дали е нормално да имам болки во долниот дел на стомакот и јајниците, како слаби менструални се болките.
После колку време направивте контролен? Јас после 22 дена после завршување со терапијата и повторно бев позитивна. Докторот сега ми вика рано е после 45 дена се прави.
Јас направив контролен брис месец дена после завршувањето на терапијата со еритромицин и беше чист брисот.
Еритромицин 3х1 од 250мг- 5 дена Полигинакс вагиналети 1х1- 6 дена Не сакам уште една тура антибиотик да пијам Повторно ќе се консултирам со докторот па ако треба за 2-3 недели ќе повторам брис. Можеби навистина беше рано контролниот после 20тина дена.
Јас ја излечив со вагиналети Еритромицин, по препорака од мојот гинеколог. Ги нарачав од Србија, порано и кај нас ги имало ама више не ги прават. Ставав 7дена по една навечер, после на контролни брисеви ја немаше
Јас примав 2 дози сумамед, една доза Полигинакс вагиналети, контролен брис правев по 3 недели и беше чист.