Јас имам зголемен вагинален секрет со бело-жолта боја, и ми каснеше циклусот едно 10 дена бременост не беше во прашање и излезе инфекцијава.
Девојки никако неможам да излечам Уреаплазма.Сакам сега да пробам со Еритромицин вагиналети на своја рака.Ги најдов во аптека во Скопје.Но во аптека ми бараат рецепта да знаеле како да ги изработат.Има ли некој да ми прати слика од рецепт што е купувал во скоро време.
Оди кај матичната нека ти пише , али прво види да не е резизстентна на еритромицин па џабе да ги ставаш. Јас ги користев 10 дена по 2 на ден и после обавезно ацодосалус 14 дена и Вагисан 14 дена за да се нормализира вагиналната микрофлора
Антибиотик пиев два пати Еритромицин но не ми помогна.Тоа значи и дека вагиналетите нема да ми помогнат.
И мене исто ми бараат рецепта ама матичната ми не ми дава не знае сооднос да пише. Дали вие добивте рецепта?
Немам и јас рецепта, и мојот матичен не знае.А во аптеката Ефедра ми бараат да им ја испратам на вибер рецепт за да можат да ми ги испратат вагиналетите.Ако има некој рецепта нека ја слика само
Уреаплазма е упорна бактерија која тешко се лечи Еритромицин една доза е слабо. Јас и мм пиевме Лекоклар 15 дена на 8 саати , а претходно и плус Сумамед 2 дози. Јас ги користев вагиналетите , па Ацидосалус и вагисан по 14 дена значи два месеци терапија , после чекав скоро два месеци за брисеви и излегоа чисти. Размислував пак деновиве да правам контролни брисеви после 4 месеци од терапијата за случајно да не е вратена. Мислам ја чувам рецептата ќе ја побарам дома ако ја имам ќе ви ја прикачам тука. Проверете само микробиолошките резултати да не е резизстентна. Во меѓувреме многу јогурт, кефир, кисело млеко и сменете начин на храна одбегнувајте газирано, благо
Ако можеш да ја најдеш ќе ти бидам многу благодарна.Уште тоа не сум го пробала, пиев Еритромицин,Сумамед, вагиналети некој ставев.Маж ми не е пиел ништо.Сега планирам јас да ставам вагиналети,а маж ми истовремено да пие Сумамед.Инаку на микробиолошкот сензитвна е на Еритромицин.Сакам побрзо да ја излечам се спремам за ин витро,а веќе 5-6 месеци ја имам.
Ете кај лежи зајакот !!! Џабе се клукаш со антибиотик кога партнерот не ја лечи инфекцијата и само одново ти ја пренесува .
Девојки ми дадоа терапија Вибрамицин 10 ден и јас и сопругот да пиеме и 10 дена вагиналети Еритромицин.
Јас и сопругот пиевме еритромицин, појачај јадење на зеленчук особено (секако добро измиен) и јогурт пиј, избегнувај многу благо јас со овој да кажам режим и со еритромицинот ја исчистив, на контролните брисеви веќе немав.
Јас да ви кажам како ги излечивме кај мене уреаплазма и микоплазма. Од прв ден на менструација пиев 7 дена доксициклин по едно апче на ден и два пати на ден Лактогин и пробиотик обичен,само што ми заврши 7дена ставав вагималети нео-пенотран форте,со нив кога завршив пак вагинални Донафил 5 дена по две апчиња на ден сабајле и навечер по едно,и еве сега после еден месец чисти ми се брисевите.
Девојки ги најдов Eritromicin вагиналетите.Докторот ми даде рецепт по 1 грам десет дена да ставам.Во аптека ми рекоа дека тоа е дупла доза.Да не е малку претерано, бидејки пиеме со маж ми плус Вибрамицин.
Девојки има некоја шо пиела Еритромицин од 500мг 4х1? И мене и маж истата доза ни ја препишаа и двајцата се свиваме од болки, гадења,.. Нит фамосани, нит Нолпаза нит пробиотици вршат работа, а имам уште 10-11 апчиња. Мислам рани ми е желудникот, како жилети да ми се вртат внатре. Зар не е ова прејака доза?
Грешно да не имате разбрано, еритромицинот се пијат на 12 часа по едно апче. Ова не да е јака доза, туку прејака, не знам кој доктор ви рекол да пиете дневно по 4 апчиња од 500 мг, ама дефинитивно или поима нема, или грешно ви ја пишал рецептата.
Не разбрав грешка сигурно. И на кутиичките фармацевтката ми пиша, не ми кажа ништо дека не се пијат така. Еве сеа читаме со маж проспектот, ние буквално сме предозирани. Ќе ги кршам на 250мг, не бива не се издржува. Фала Сноуфлејк
20 таблети се во кутијата, ваљда треба цела... Така подразбирам пошо матичната нишо не ми спомна. Од сеа ќе ги кршам на пола.