Преголема доза е тоа, пиј и пробиотик. Прашај го гинекологот уште еднаш да не погрешил. Јас пиев по едно на 12 саати.
Zdravo dechki Sakam da prasam vaka nekoja so iskustvo so ovaa bakteria Ureoplasma. Dali Moze da se izleci so Vaginaleti Meliora?
Не знам кои беа тие вагиналетки, ама со сигурност знам дека уреаплазма се лечи со антибиотик, бар во мојот случај. Земавме и јас и партнерот Доксициклин, 7 дена, јас дополнително и вагиналетки полугинакс.. На следните микробиолошки ја немав, се надевам дека ја откачив засекогаш......
Ureoplazma se leci samo so vaginaleti eritromicin so nistatin, oralno sumamed ili eritromicin,meliora ne ja leci,a moze da se izleci samo so vaginaleti bez da pies antibiotik
После породување матичната ми зема брисеви ми најдоа уреаплазма предходно беа чисти брисевите значи сум ја фатила во болница сеа ми е страв дека дојам има некој искуство со вакво нешто
Ги користеше ли овие вагиналети во доење и мене ми ги даде матичната дојам ама чистам на упатството да не се користат во доење и бременост?
Здраво, имам проблем со позитивен брис уреоплазма, испив ерутромицин и сега повторно позитивен. Ми даде кларитромицин, но многу сум скептична во врска со антибиотици дали се океј да се пијат, 19 недела сум
Ако дал гинеколог, тогаш ќе пиеш. Подобро антибиотик отколку бактерија во секој случај. И јас имам инаку, чекам резултати од брис да видам исчистена ли е. Од колку мг Еритромоцин ти даде? Ги испи ли прописно? Ставаше вагиналети Полигинакс?
Eритромивин од 500мг на 8 часа и двајцата певме, а не ми даде никакви вагиналети Сега ми рече и пробиотик измеѓу антибиотици бидејќи се на 12 часа по едно од 500мг но не ми рече кој пробиотик
И кај мене не помогна од 500 Еритромицин. Ставав јас Полигинакс вагиналети, и повторно пиев Еритромиоцин од 250 овојпат. Наводно само тој можел во бременост, според мојата матична. Се сомневам дека сум ја излечила и сега. Инаку јас од пробиотик пиев Провен, за трудници. Тој ми беше препорачан од доктор. Кларитромицинот и Еритромицинот според антибиограм ти го дадоа, или?
Не знам ништо не ми објасни докторката само ми ги препиша да ги пијам а за пробиотик ми рече било кој и ми дадоа пробиотик форте во аптека
Малку ми е страв од кларитромицин уште кога го земав аптекарката ми рече па добро сигурно морало и така беше малку скептична , и сега не знам дали е безбеден да го пијам но немам друга опција
Најдобронамерен совет. Инфекција посебно таква како уреаплазма сама од себе не поминува и мора да се третира. Ако имате гинеколози на кои им верувате, слушајте ги. Од искуство можам да кажам дека инфекција може да предизвика повеќе штета отколку антибиотикот со кој се третира. Знам дека не е сеедно, но кога мора, мора. Подобро така отколку не дај боже прскање на водењак или предвремено породување заради нетретирана инфекција. И внимавајте на односи, исклучиво со кондом зошто инаку само ќе си ја пренесувате со партнерот.
Јас да ви препорачам нешто од искуство. Немав во бременост уреаплазма него пред да останам бремена имав на брисовите и уреаплазма и микоплазма и гарднела. Со антибиотикот пиев и пробиотик за црева,плус пробиотик за вагиналната флора што е многу битно. Лактогин се вика има и вагинално да се става и да се пие. Јас до сега све сум го пиела. Таков ке барате во аптека,за пиење што е.Моја препорака е да си купите и да си го пиете. Додека се има инфекција се пие по два пати на ден едно сабајле едно навечер,ако е за превенција по едно на ден се пие. Еве и јас моментално примам антибиотик за уринарна бактерија и го пијам и Лактогинот и плус друг пробиотик за цревата. Мене многу ми помогна и тогаш со тие бактерии а и сега за да не развијам кандида од антибиотикот што го примам. До сега во бременоста трет пат ми е ова што примам антибиотик и тоа овој пат венски ми го ставаат во инфузија,и е многу појак од Панцефот и Цефалексинот што ги испив пред месец дена.
Баш набрзина прогуглав за Кларитромицинот, гугл вели дека е одобрен за бременост, иако вели, има подобри опции. Веројатно подобрата опција е Еритромицинот, ама еве кај нас и во најголеми дози не делуваше. Иако мене ми беше препишан според антибиограм, не беше резистентен. Знам женска дека и ти алуваш уште од почеток со досадииве. Немам ништо против антибиотици, кога има потреба од нив. Пак ќе пијам ако треба, само да се деф чинам, Инаку и јас си барав да примам венски Еритромицин, не ми дозволија, не кажаа зошто. Лактогинот дозволен ли е во бременост? @Thinkerbell. Фала Исчитав убаво што може да направи уреаплазмата и инстантно се покајав. Шо е до мене, преземам се, се отрув од антибиотици, ама ништо. Следно ќе барам Сумамед, ако е дозволен во бременост.
@DaisyDoo Абе да ти кажам искрено и мене ми се смачи пиејки антибиотик,ич не ги сакам ни кога не сум била трудна камо ли сега,ама мораме што да правиме. Иначе јас венски Лендацин од 2грама примам тоа го нема како апчиња и мора венски а и пошто два пати испив ,и сеа последново пиење Панцеф и тие не се за потценување јаки се,и затоа решија вака,пошто пак да пијам многу ке дојде веке,а бактеријата си стои во место ич не мрднуваше. Уште ова да пробаме да се уништи на овој начин,ако не,е тек тогаш незнам што ке правиме. Да иначе Лактогинот е дозволен мене докторката ми го даде рече обавезно,за да не испадне едно лечиме друго да закачиме. До сеа триве пати го пијам со сите антибиотици во бременоста.
А симптоми имаш? Во една иста лаб правиш? Јас со првото имав уреплазма со страшни симптоми, ја излечив со Еритромицин и бременоста до 42ра ја терав, чисти брисеви до крај. Е со второто на брис ја покажа, јас никакви симптоми. Не ми се пиеше антибиотик и се консултирав со приватна докторка и направив и кај неа брисеви, кои излегоа чисти. Не пиев ништо и не ставав ништо, уредни брисеви имав до крај, исто до 41 терав..
Немам бактерија на брисови јас сега моментално фала Богу. Пишував за кога имав. Сега имам бактерија во уринокултурата што никако неќе да се уништи. Како што пишав пиев Цефалексин па Панцеф и не мрдна. Сега уште ова Лендацин што примам венски. Иначе направив во две лаборатории уринокултура пошто ми беше сомнително како може од толку антибиотик да не се уништи,и ништо. Исто покажа и во другата лабораторија. За уреаплазмата. Кога ја имав јас немав симптоми некои посебни,освен исцедок и незнам што уште беше ама не беше страшно нешто. Во истиот момент и микоплазма и гарднела имав и незнам точно од која попрво имав симптоми. Ама одма ги средив испив доксициклин 7дена по едно на 24 часа па неопенотран форте ставав 7дена па после Донафил вагиналети ставав уште 5 дена по 2на ден и фала богу чисти беа после брисовите и не се повтори пак. Ама сега во бременост знам дека несмее доксициклин и незнам како се лечи. Земајте само Лактогин пробиотик за вагинална флора специјално,додека лечите такви бактерии. Многу помага.
Јас актуелно ја имам и членката погоре што пиша @girlboy. Една доза Еритромицин од 500 неуспешно, втора доза Еритромицин 250 + Полигинакс вагинално, повторно неуспешно. Некои значителни симптоми немам, немам ни чешање, ни миризба, исцедокот повеќе ми личи од Утргогестанот. Не знам што би било следен чекор, матичната тврди дека само Еритромицин според антибиограм смеам да пијам, ама ете не ја мрднува.