А еритромицин вагиналети? Јас имав во првата бременос и вака ја излечив. Тогаш знам во аптеката на промедика ги купив.
Еве матичната пак ми даде Еритромицин од 250,10 дена да пијам, не ми спомена Полигинакс пак да ставам. За вагиналети читав позитивни искуства, ама изгледа нема кај нас, не знам кај да ги барам. Ја не знам зошто со глава ѕид бута, третпат ќе пијам Еритромицин.
Ај јави се телефонски прашај во промедика аптека или маријагаленафарм мислам ги правеа дали имаат, па консултирај после матичната дали да земаш во таква форма.
Кај мене искрено матичната не знаеше да ми каже и најдов фармацевт во пензија и тој ми кажа и ми ги изработија. Инаку вагиналетите може со секој сензитивен антибиотик од антибиограм да се изработат јас користев вагиналети со гентамицин.
Јасно. И вагиналетата мора е да е антибиотик дозволен во бременост? Не знаев дека гентамицинот е дозволен.
Јас не бев бремена кога примав, а би требало да е антибиотик дозволен во бременост претпоставувам поради ризик од компликации.
И јас така правев после месец дена кога ја лечев уреаплазмата,сега за уринокултурата е друго. Иначе незнам дали дека сме трудни па ова се дешава со бактерииве што антибиотиков неке да ги уништи. Гледам и тебе дадено по антибиограм ти е,и мене исто ми е според уринокултурата антибиограмот. Значи треба да делува ама неќе нешто. Во која концентрација ти е? Не мрдна и не мрдна ни мојава. И докторката рече да се појача на пробиотици,затоа ти спомнував да пиеш Лактогин. И обичен и ова плус,пошто тие бактерии добрите што ги имаме штитат од бактерии и додека пиеме антибиотик се уништуваат и тие и затоа треба да пиеме за да ги надокнадиме,за да ги имаме,да може и они да помогнат во уништувањето. Јас уште утре антибиотикот преку вена 5ти ден ке ми е,и за две недели треба да испитам уринокултура,се молам на Господ искрено да ми се излечи овој пат пошто незнам што ке се прави.
I jas zemam od efedra, eritromicin so nistatin vaginaleti, mi gi izrabotuvaat,samo toa deluva na ureaplazma, antibiotici ne pijam.
Иста концентрација од почеток. Не е мрднала, мене тоа ме загрижува. Обавезно ќе ги земам Лактогин кога ќе почнам со антибиотикот. Еднаш дневно го земаш? Абе нејќе мојава друг антибиотик да даде, вели или доза ќе менуваме или времетраење, ама друг антибиотик јас не давам. Нит фамосан ми даде нешто за заштита.... Закажав второ мислење следна недела, баш да видам шо акл ќе ми даде друг лекар. @Tarantulla фала ти, ќе ја имам предвид и оваа опција.
Исто и мене во урината бактеријата иста концентрација си стои и после цефалексинот и после панцефот. И некеа да ми дадат ист да пијам зошто очигледно еднаш не делувал пак џабе да го пијам пак нема да делува. Не е работата тоа да пиеме едно исто што нема ефект. Затоа ми го дадоа ова венски уште појак Лендацинов што се дава во случај кога другите не делуваат. Иначе Лактогинот кога лечиш бактерија два пати на ден пиеш,едно сабајле едно навечер капсулче. Го чуваш во фрижидер. И измеѓу,нормално обичен пробиотик за црева плус. И мора да има размак од пиењето на лактогинот и антибиотикот минимум 3 саата. Значи пример пиеш лактогин во 9 сабајле па антибиотик во 13 па после три саата пробиотик за црева па вечерта пред да си легнеш пак лактогин. Така искомбинирај си некако,пошто мора размак да има. Иначе за превенција по едно се пие од лактогинот. Јас коа лечев уреаплазмата пиев скоро месец лактогин. Додека го пиев антибиотикот по две на ден пиев ,и после по едно на ден си пиев. Арно си направила што си закажала и второ мислење,пиши баш и тој што ке ти каже. Да не беше трудна доксициклин ке си пиеше комотно и одма ке се средеше јас со тоа ја средив одма тогаш,ама ова сега трудни ништо не ни делува у пм. Гледаш и уринарна инфекција колку ме мачи мене..
Ах ах на сета немаштија од витамини, минерали, прашоци уште овие кај да ги вметнам. Размак едно од друго скоро секое апче што го пијам сака. Телефонот преполн со аларми и римајндери. Абе јас уште пред да извадам позитивен тест ја открив оваа Уреаплазмата. Праев брисеви божем на ХСГ ќе одев, ама испадна не сум чиста. Матичната уште тогаш ми даде Еритромицин, "ај за секој случај, нем па да се фатило во меѓувреме" и стварно се фатило оно . Само досадијава да пушти. Следна недела ќе ти кажам инфо од второто мислење, а до тогаш ќе се размислам дали ќе почнам со Еритромицинот. Стварно не сум паметна.
Леле ќути и јас сум со милион апчиња ама сега кога лечиме бактерии е многу битно да се вметне лактогинот,пошто помага многу во лечењето. И обичниот пробиотик исто. Иначе јас да сум на твое место не би почнала одма со еритромицинот би почекала уште едно мислење па после. Зошто тој ако рече друго нешто да пиеш а ти веке си испила и еритромицин,што знам многу ке дојде,а се увиде дека не делува. Едино вагинално да ставаш ама тоа прво доктор да дозволи,не сум ставала јас така. А не знам ни така дали би делувало ако не делува преку пиењево секако истиот лек е што знам. Затоа мене три различни антибиотици ми сменија. Иначе да ти дала кога ти откриле доксициклин мислам дека сега веке ке ја немаше. Многу е поефикасен од еритромицинот,јас со тоа ја излечив одеднаш и уреаплазма и микоплазма. Ама несмее во бременост тоа за жал. Ништо ајде ке се најде чаре што е тоа е. Стварно се досадни,дај Боже што поскоро да се тргнат од нас.
Јас да апдејтирам, ти ветив @АнаМаријаД Не го почнав Еритромицинот од тогаш. За досадијава Уреаплазма добив второ мислење од др. Петрова, Сумамед две апчиња наеднаш и контрола за 4 недели. Има ли некој друг паталец што вака третирал Уреаплазма, притоа успешно?
Имам читано за уреаплазма давале сумамед и на мажот и на жената и ги лечеле и со тоа. Ајде овој пат нека се исчисти и да не се мачиш веке Јас чекам другата недела да испитам уринокултура да видиме мојава дали сме ја средиле со ова преку вена што примав
Edno paketce sumamed, tri apcinja, po edno na den, i deset vaginaleti eritromicin 100 mg, so nistatin, i ja snema