A kako koga nemame odnosi posledni brisevi pravev vo septemvri pred da ostanam bremena a I prethodno eden mesec nemavme odnosi se pazev deka so ivf a sega izleze pozitiven toa ne mi e jasno
Најверојатно си ја носиш во себе ти или тој и при помал имунитет се зголемува концентрацијата и тогаш се појавува на брисеви. Многу често и ако е проверувано на државно работат со лоши реагенси и нема точни резултати. Важно дека со терапија ке се среди и ке биде се во најдобар ред, само примајте обата партнери терапија.Инаку најдобро е кај машката особа да се оди со уретрален брис бидејки на спермокултура може да не се појави.
Како што веќе ти објасниле. Со многу бактерии и инфекции е така. Може да се со намалена концентрација и "во мирување" и да не се покажат на брис, а при зголемена концентрација и намален имунитет да излезат на виделина. И тоа важи и за мажи и за жени. Затоа ако има едниот партнер се третира секогаш и другиот. Кај мажи најрелевантно испитување како што кажав е преку брис. Јас кога имав уреаплазма двајцата примавме терапија, и после терапијата направивме брисеви и јас и сопругот и беа чисти.
Каква терапија примаше? Јас имав уреаплазма и хламидија, пиевме сумамед по 2 одеднаш. На следните брисеви пак ја имаше уреаплазмата, хламидија немаше..
Да се надополнам.. Имав и јас уреаплазма. Само доксициклин ми помогна, и тоа пиевме и јас и сопругот во исто време. Земавме и пробиотик и јас полигинакс вагиналетки. Месец дена после терапијата односи само со заштита. На следните брисеви ја немав. Поздрав
Истово, само различни вагиналети сме земале, а може иста генерика да имаат. Заборавив да напоменам дека 2 недели дур ставав вагиналеги немавме односи а после тоа до резултат од брис со заштита само.
Да, на рецепта се дека антибиотик. Дополнително, не се земаат во бременост (ова чисто за да си знаеш...) Најдобро консултирај си се и со матичен или со гинеколог.
Девојки кажете совет што да правам покрај испиен еритромицин и сумамед и јас и сопругот повторно си имам уреаплазма во истa концентација 10.000 Зборувам за период веќе 5 6 месеци
Јас испив само една доза сумамед се миев со чај од камилица и сода бикарбона дали тоа помогна нз сега кога правев пак резултатите ми беа чисти
Се миев прво со камилица после со сода во една чаша топла вода и пола лажиче сода ,на сабајле и навечер јас имав и чешање се миев некогаш по три пати