Би те советувала и партнерот да испие исто терапија од сумамед барем една доза зашто миже да ја има и он па да ти ја пренесува
Феминки дали имате позитивно искуство со лечење на уреоплазма со Сумамед? Терапијата ми е препишана 6 дена по 1 на ден и по две недели на контролни брисеви. Секако доколку имате совет за плус лекарства кои ви помогнале за лечење пишете.
Јас пиев еритромицин од 500 по две на ден. Мислам дека пиев така зошто немаше време да се лечи веќе бев 38ма недела, немаше време ни за контролен брис.
Jas piev se i sesto za ureaplazma dodeka na kraj ne se najde doktorka od brzata pomos koja mi kaza jas bi te lecela so doksicilin no stom imas maticna idi kaj nea. Si gi zapisav apcinjata u telefon i ojdov vo apteka poznanicka mi gi dade bez recepta, fala bogu se otkaciv od taa bakterija. Inace piev i sumamed i eritromicin i cefpodoksim ciprofloksacin amoksicilin flazil .. sto uste ne no samo doksicilin me spasi.
Точно е дека доксициклин ја лечи уреаплазма, но во бременост не е дозволен. Претпоставувам не си била бремена?
Исто и јас во првата бременост бев позитивна на уреаплазма, никако неможев да ја излечам,пиев сумамед две дози,џабе.. ми направи проблем со предвремено породување.: Многу тешко се лечи
Kaj mene vo 28ma se pojavi so mnogu tecenje na vaginalen sekret i strav me fati od predvremen porajgaj. Piev eritromicin pa stavav vaginaleti erutromicin i posle 2 nedeli vo 35ta pak poiztivna na bris ama doktorot sto ke ne poragja mi rece dosta e si piela terapija uste e tuka..i da pies nesto drugo pak ke bide pozitivna. Teram 37ma nedela sega...dobro e sto ne napravi problem.
Како што знам јас нема освен еритромицин таблети (антибиодска тррапија) јас пиев сега поради уреоплазма, а за вагиналети прв пат слушам
Ima da jas kupiv vo apteka Efedra karpos e. Se javiv na telefon im gi izrabotija i za nekoe vreme gi zedov. Treba samo recept da im odneses
Да споделам искуство.Ја излечив со еритромицин по едно на 8 часа (3 на ден),вагиналети Мелиора во траење од 5 дена. Дополнително пиев пробиотик. Брисеви поради обврски направив по 2 недели поминати од терапија,што мислам дека е исто важно бидејќи и треба време да дејствува антибиотикот Да напоменам дека немав никакви симптоми претходно.
Ова е доста резистентна бактерија. Јас два пати во животот сум ја имала, и бремена и небремена. По мое искуство антибиотик може да помогне ама не да излечи сам по себе. Мене ми се активира бактеријата кога ми е многу паднат имунитет во комбинација со стрес и нездрава исхрана (многу благо). По протокол ако е некој позитивен - доктор би требало да препише антибиотик, ама по сите искуства колку е досадна бактеријата има доктори што може и да не дадат антибиотик и да предложат алтернатива. Јас со 3 терапии антибиотици, не се имам исчистено. Прекинав антибиотици и после повеќе од 3 месеци режим здрава храна, физичка активност и сл... ми се повлече.
Зависи најверојатно и од твојот имунитет и од отпорноста на бактеријата.Ете кај мене не беше така со една доза е веќе негативен брисот..сакав да пишам за ако има некоја ко мене шо е паничар да знај дека не е секогаш како во твојот случај..И за бактерија колку и да ја сметаме досадна секој доктор треба да препиши антибиотик по антибиограм.
И јас 12 дена по антибиотик еве негативен брис. Пиев сумамед 6 дена и polygynax вагиналети. Се надевам само дека не беше многу рано после антибиотикот контролниот брис ама така ми рече гинекологот дека веќе 38ма недела сум