Мене ми се појави на контролни брисеви во 33та недела, имав болки и зголемен исцедок, ама ради користење на Утрогестан, не знаев дека е од тоа. Први брисеви во 12та недела беа чисти, немав односи цела бременост, главно дома бев, кој знае од кај се појави. Јас не примав антибиотик, само вагиналети Нео пенотран и потоа едни на природна база, не се сеќавам на името. Немаше време за контролни брисеви пред пораѓај, на пораѓај ми дадоа антибиотик венски ама пак се префрли на бебето, па и тоа примаше антибиотик. 3 месеци по пораѓај на своја иницијатива направив брисеви чисто за мирна глава и беа негативни, а не примав антибиотик и ништо друго после пораѓај.
Денеска завршувам со Lactogyn вагиналети , кога да почнам со канестен и дали има врска со контролните брисеви за поминато време како со антибиотик ?
Neka pomine den, dva i posle kupi edna vaginaleta kanesten i stavija vnatre ubavo pred spienje. Za brisevi napravi za edna nedela pobrzo dejstvuva kanestenot jas za brzo zabelezuvav podobruvanje
Ми излезе уреаплазма. Гинекологот ми даде сумамед 3 дена на мене и сопругот и вагиналети вагисан 7 дена. Ги завршив, но се уште имам по малку чешање и исцедок накај зелено. Дали полигинакс би имале ефект, или некои други вагиналети?
Мене само со полигинакс вагиналети ми се исчисти и ми се смири исцедокот пред тоа се отрув од пиење антибиотици со сопругот
Ако не си бремена, барај доксициклин. Од една доза поминува. Зелениот исцедок може да е знак дека уште е присутна. Многу битно да земаш пробиотик за враќање на нормалната микрофлора на вагината, пр.лактогин, се издаваат без рецепта.
Здраво . Испадна брисот позитивен на уреаплазма . Не сум бремена , породена пред 2 месеци и дојам . Некоја со вакво искуство да сподели дали лесно ја има излечено бакеријата . До сега и во двете бремености немав проблем со бакерии . Ви благодарам