Имам прашање за тие што лечеле уреаплазма во бременост. Мене ми е препишан сумамед, да испијам 2 одеднаш, и следен ден едно, 7 дена пауза, па пак 2 одеднаш па следен ден едно. По нетов читам дека сумамед за уреоплазма се пие 2 оденаш, па 7 дена пауза, па 2 одеднаш и пак сеум дена пауза, и после пак 2 одеднаш. Пр. 3 понеделници по ред. Како пиевте вие?
Мене ми дадоа две дози последователно да испијам, 6 апчиња во 6 дена. Ги завршив минатата недела и задутре сум на брис пак.
Две до три недели е најдобро да се почека, сумамедот е антибиотик со продолжено дејство па побавно делува..
Здраво женски, лани после missed abortion испаднав позитивна на уреаплазма, пијав сумамед и јас и сопругот, и после еден месец на контрола беше негативна. Пред неколку месеци пак имав missed, и веднаш после тоа повторно позитивна на уреаплазма, примавме 2 дози сумамед и двајцата плус ми даде Флажил вагиналети 10, не знам зошто тие баш. Рано ми е за контрола, но негде читав дека чај од бреза помага да се искорени бактеријата, зедов да пијам сега, дали некоја има пиено или има слично искуство со оваа бактерија. ОДнапред ви благодарам <3
И јас мака мачев со уреоплазма. Сега сум бремена, во 12 та недела ја имав пак. Пиев сумамед, контрола не сум направила. Не си сама Она што јас го знам е дека е битно како се пие сумамедот. Значи се пие 2 одеднаш, па утредента едно. После една недела пак се пијат 2 па едно. Може да се пие и на пример три понеделници по ред по 2 апчиња. Јас сум ја лечела еднаш со комбинацијата 2 па едно, а еднаш со друга комбинација 2 сумамед, па едно другиот ден. А после тоа уште 7 или 10 дена ( не се сеќавам точно) доксицилин. Во меѓувреме пиев пробиотик драмфлора. Контрола сум правела во три последоваателни месеци, и беше негативна. Но после тие 3 месеци пак ми се појави. Контроли сум правела и во различни лабаратории бидејќи се сомневав во резултатите, ама кога била негативна секаде била негативна, кога била позитивна секаде била позитивна. Она што јас го добив како совет е да пијам препарати за зајакнување на имунитет. И да се лечи и партнерот задолжително. А и вие сте се лечеле двајцата. Значи контрола според мене треба да се прави после 3-4 месеци од испиени лекови. Барем кај мене така беше случајот. Ако најдеш некој друг лек што помага, пиши.
Се сложувам со тебе за контрола, во јули ми испадна позитивна па не одам до октомври сигурно иако докторот иниситира да одам сега некогаш. Некаде прочитав на некој форум дека чај од лист од бреза да пиеш 1 месец секој ден по литар, со 2сл од чајот, дека скроз ја искоренувала. Па почнав да пијам, Исто така друг ми рече во билна во ск да кажеш чај против уреаплазма и ќе ти дадат што треба и да пиеш. Матичниов гинеколог ми рече за тианде влошките дека имала задоволни пациентки, но се распрашав по луѓе а имам и блиска пријателка со уреаплазма , не и помогнале. Ќе земам сега од чаевите па ќе видиме. А тоа со имунитетот не знам баш бидејќи здраво се хранам цел живот, а посебно сега сум на ептен дефинирана исхрана, а и физички активна сум доста, па ете ја пак. А многу многу во апчиња за имунитет и не верувам најискрено. Ако нешто разберам плус ќе ти пишам. Ти благодарам многу за советите. <3
http://trudnicebebe.blogspot.com/p/cajevi-za-trudnice.html Прочитај на странава и изгуглај или прашај во билна некаде, по страни што разгледував вика дека не е штетен во бременост не знам. Јас не сум бремена, почнав да пијам ќе видиме.
Јас сега нема да пијам чај, бидејки докторот ми рече да не пијам никаков чај. Ако разберете нешто друго а да не е чај, споделете. Бидејќи сум бремена не би ризикувала.
Ми најдоа уреаплазма. До сега не сум имала никакво искуство со бактеријава. Од каде, како, навистина не знам. Утре треба да одам да ми препишат антибиотик. Страшно ли е? Опасно ли е за бебето? 14+1 сум.
Мене како што ми кажаа, не може да наштети ако е плодот над 12та нед, ама ако не се лечи може да предизвика предвремено раѓање, ама не само оваа бактерија, секоја може да го направи истото ако не се лечи и отиде во тој стадиум... Јас ја имав првата бременост, но ја излечивме со антибиотици. А втората бременост без никакви симптоми ми ја покажа на брис, но пак си направив брисеви приватно и тие негативни беа... после до крај чисти ми беа секогаш брисевите, а антибиотици не пиев ич втората бременост...
Жени страшно сум разочарана човек раат да нема, денес ги земав резултатите од контролниот брис и повторно ја имам таа досадна бактерија уреоплазма значи терапијата со еритромицин не ми помогна, сега ми препишаа сумамед треба да го земам три дена па контрола дури на 19-ти пак читав на форумот дека доста ја имале и дека е многу досадна, да не знае некој покрај сумамедот со што друго може да пробам на природен начин да ја излечам?
Ја имав уреаплазмата, прво пиев две дози сумамед, па правев брисеви, позитивна беше пак, па пиев една доза еритромицин, пак брисеви, пак позитивна.. Кога појдов на преглед кај др. Петровска во Систина ја прашав што уште можам да направам за да ја излечам, ме праша по колку време сум правела брис и откако и кажав дека нецела недела откако ќе ја завршев терапијата со апчиња матичниот ми закажуваше брис ми кажа дека уреаплазмата не се лечи така и дека на лековите им е потребно и цел месец за да почнат да делуваат. Правев брисеви пак после месец дена и уреаплазмата беше чиста.