Дали некоја примала вибрамицин? дали се излечи со вибрамицинот? Мене докторката вибрамицин ми препиша да пијам заедно со сопругот и пробиотик за мене. 10 дена треба да пиеме.
Ние пиевме терапија 2х1 вибрамицин во траење од 7дена. После два месеца на контролата ја немаше. Инаку ја имавме како што др објасни во мал бр околу 10 000
Jas sum bremena vo 22 nedela sum. Vo 12 nedela mi zemaat btisevi i ureoolazmata bese pozitivna ginikologot mi prepisha klaritromicin 7 dena po ispieniot antibiotik i pauza napravivme pak bris ureoplazmata pak ja imase piev erutromocin doza ipol i po trreta majka pak ureoplazma pozitivna sega ginikologot nisto ne mi dade terapija ama jas se plasam kako ponatamu so ovaa bakterija
И на блиска познаничка моја и испадна на брис позитивна (без никаков симптом)... што е работава што е се почеста бактеријава
Здраво. Од земени 4 вагинални бриса на уреаплазма ми даде позитивен. Бактерија/ml <10/4 и ми препишаа левофлоксацин и вагинални Видермина зелени. Сеуште ги немам купено овие првите. Па сакам да ве прашам дали некој има искуство со овие апчиња
Ја само со сумамед ја излечив стварно. Но сепак треба да си го слушаш Др, што ти препишал тоа земи, не одложувај, почни побрзо со терапија
По две недели талкање по лекари, тоа е откриено. Од утре почнувам се надевам дека на следниот брис ќе покаже негативно.
Да, на следниот брис сигурно ќе биде негативно. Но треба на три последователни бриса со размак од еден месец да е негативно, за навистина да ја снема. И пред брис најдобро е да поминале 2 недели од последното апче.
Здраво, веќе 3 месеци имам нередовен циклус, моментално ми доцни цел месец, на микробиолошките брисеви ми покажа уреаплазма. Утре треба да одам да ми препишат терапија, дали има и некој природен лек покрај антибиотик? Благодарам
Нередовниот циклус можно е да е предизвикан од бактеријата? Утре убаво ќе разговарам со гинекологот, но ми е страв дека сеуште немам никакви симптоми на добивање
Не, од хормоните тие. Иначе ова бактерија појке се однесува како паразит одошто како бактерија. Значи во женската флора има најразлични бсктерии добри и лоши. Е овај тн паразит се прикачува на некоја друга бактерија. И докторите треба да се поупорни со испитувањата. Зошто ако се уништи носителот, и оваа ќе ја снема. Иначе тешко се искоренува пошто нема клеточен ѕид, а антибиотиците па се со функција да го уништат тој ѕид кај другите бактерии што ги прави бескорисни кај уреоплазмата. Можеби од поновите генерации, што сумјам дека ги има во Македонија. Иначе според едно истражување тимијан е делотворен кај уреоплазмата. Тимијан тимол. Тимијан, а не мајчина душица. Во странство оваа бактерија ја сметаат како нормална, со паролата дека се е во ред, се додека не стане патогена. Како и секоја др бактерија.
Гинекологот ми рече хормоните да ги испитам на трет ден добиено, си чекам еве веќе една недела од кога бев на преглед, ме фаќа страв.  Дали можам и вака да одам да ги испитам? Благодарам
Уреаплазмата итекако може да биде опасна, кога е доволно намножена. Постојат и антибиотици во мк кои делуваат на бактерии без клеточен ѕид, како што се азитромицинот и еритромицинот. Сум ја лекувала, и излекувала, познавам и случаи кои по спонтан абортус е докажано дека ја имале позитивна оваа бактерија, па со месеци ја лекувале. Во прво тромесечје од бременост е опасна за плодот, затоа и бараат чисти брисеви
Мене сумамед ми прешиша, не сум го пиела овој антибиотик до сега.. Се надевам нема да има несакано дејство
Се даваат по антибиограм лекови, ако сумамед(азитромицин) го пишувало-затоа и ти го препишале. Треба и ти и партнерот да пиете во исто време. Несакано дејство може но и немора да има, како и за секој друг лек. И јас и мојот сопруг пиевме сумамед. Вагинален пробиотик ставав и вагинален гел кој и до ден денес го користам редовно. По завршување на антибиотикот, по 1 недела се прави контролен брис и ќе видите дали сте ја излекувале бактеријата
Ако можеш кажи го протоколот за лекување? Да, нормално ако е намножена има можност да постане патогена ко и секоја др бактерија. Баш ми е мило, што кско докторка ни помагаш тука па би можела да споделиш повеќе искуства.
Не само како докторка, пишував и како пациент. Намножена уреаплазма ја третираа кај мене со погоре наведената терапија. Нормално и со здрави и редовни навики како вагиналниот гел и пробиотик и исхрана за подобрување на имунитетот богата со витамини, минерали и антиоксиданси. Имало случаи каде се третирала неколку месеци, со различни антибиотици и била сеуште позитивна, во многу мала концентрација која не и прави проблем на пациентката. Чајот кој ти го спомна е секако ефикасен, и сум ЗА било каков и да е, друг начин за лекување на билна основа, освен антибиотиците како единствен начин.
Kade da najdam takov caj? Jas samo ednas ja izleciv so eritromicin i otkako se pojavi pak maka macam da ja iskorenam. Sega posledno piev vibramicin + diflukonazol i ttebase nedelava da ispitam ama mi ostanuva za vtornik. Namalena e vo kolicina ama ne e negativna.