Мене ми дадоа антибиотик Лабел или Лебел се викаше, малку јак антибиотик, ни предизвикуваше вознемиреност и мене и на мм, ама сепак успешно беше, два пати после правев брисеви, негативни беа.
Истиот и јас го пиев одма на друга контрола немаше ништо, по 2 месеци од контролниот пак останав бремена. Видете на 2ра страна имам напишано. @Tinka1234 побарај ги овие
Девојки кои ви беа симптомите на уреаплазма? Јас не сум бремена ама се сомневам дека ја имам. Утре ќе зимам брисеви па да видам што ќе испадне.
@Bebce1 јас немав никакви симптоми, баш никакви, останав бремена на контролните брисеви се појави, и уреаплазма и кламидија. Да не беа тие брисеви немаше ни да знам дека ја имам.
Да убаво би било чиста да си влезеш во бременост, затоа што уреаплазмата знае да биде доста опасна за во бременост. Ти посакувам среќа и негативни брисеви
Истото мислење го имам со тебе за пречка при забременување. Јас никако да ја излечам бактеријава. Колку време се обидувате за бебче?
@Tinka1234 ја немам оваа бактерија ама имам Ешерихија коли.Е сега не знам колку е опасна, ќе пијам антибиотици па ќе видиме.
Здраво, дали си бремена? Јас сум 14+4 и денес докторката ми препиша Лебел, на нив пишува дека не смеат да се примаат во бременост.
Не бев бремена кога ги пиев, сигурно на многу лекови пишува да не се примаат во бременост, но има исклучоци кога може да се примаат, докториве знаат ваљда повеќе од нас Во бременост пиев сумамед за кламидија и тоа е јак антибиотик, супер се се заврши. Можеби друга членка има искуство со Лебел во бременост.
Јас во првата бременост пиев Сумамед ради уреаплазма. Ја излечив успешно, се надевам сега нема пак да се појави. Она ти спомна дали се безбедни за во бременост? Направи си уште консултација ако не си сигурна..