Има ли јунак што ја разбира Уредбава? Јас сум тотално lost, поим немам како да ги водам книгиве... а докоменти само ми се трупаат... Друго прашање, дали мислите дека имаше потреба од вакво нешто? Ќе водите писмено или електронски? Ако водите електронски, чиј софтвер го имате?
Ке си посетиш семинари/обука и ке ти биде јасно, или најди некој архивар по фирми, институции да ти објасни. Сите институции и фирми водат канцелариско или арх. работење по Уредбата. Можеби ти изгледа шпанско село сега ама не е тешко и комплицирано. Сега за сега е суште по избор кој сака да води електронско, инаку има софтвери треба да се распрашаш, цената им се движи од 1000 еур па нагоре (зависи од обем на раб./док.). Кај мене се води писмено иако има и софтвер но архиварот кој е пред пензија не го прифати.
Имаш и бесплатни обуки и онлајн ја имаш Уредбата. Не знам кај работиш за да знам што ти треба од тој дел.
Обуките што ги нудат се само за електронската варијанта. Доколку некој има информација за општ семинар, ќе бидам бескрајно благодарна ако сподели мене највеќе ми треба оној дел финансиско-материјален. Имам деловодник, книга за примени и книга за пратени ф-ри и екпедициона книга. Печатите ми се во изработка. Многу сум офф ич не можам да го сконтам ова. А од сметководство е знаеа да ми објаснат.
Мене исто не ми е јасно Пример - излезна фактура. Истата си има реден број. Треба да има и архивски? ... книговодствениот софтвер треба да биде поврзан со архивскиот или? ... документ добиен на меил - понуда, допис, известување ... ќе се архивира? ... колку деловодници треба да има? ако запишувам на пр. излезни фактури со 02-2015/1 02-2015/2 итн. и добијам влезна ф-ра па ја заверам со 03-2015/1....ќе ја запишам во ист деловодник? .... книги за влезни/излезни фактури и понатаму ќе се водат(пишуваат)? ... и треба ли секој документ да се зачувува во ел.форма? мислам дека Уредбата има за цел - нови вработувања. кој се ова да постаса да го запише
Не е ич комплицирано. Фактурите и сличните работи кои се во огромен број а се исти, се во посебна деловодна книга, која секако се запишува во архивскаста книга. Нема потреба електронски да се води. Тие се помошни книги. Секој документ кој влегол во фирмата мора да се заведе во архивската деловодна книга со свое влезно бројче, и секој излезен документ се внесува исто така. Договор е на фирмата дали маиловите ке ги заведува или не. Ако е некој битен маил, се принта и архивира, ако е ситница, не. Секоја фирма треба да си има секретарка/архиварка која си ги води овие документи. Ова е Уредба само малку проширена и подобрена од преходната која сто години не беше сменета. Нека не ве буни, многу е слично како досегашното работење, со тоа што ви дава можност, место во хартија, се да водите електронски. Има на пазарот многу софтвери за електронска архива кои се супер едноставни, а оние од кои ке ги купите ке ви направат и обука за користење.
Во врска со фактурите (влезни и излезни) кај нас се евидентираат така што преку главната деловодна книга се остава број за влезни фактури (реден број и организационен број според планот на архивски знаци) и има посебен образец за попис на акти каде се заведуваат фактурите, значи имаш еден број за нив во деловодната книга од архива а добиваш обрасци каде што ги заведуваш фактурите со истиот реден број и организационен број, само менуваш подброеви. Обично првите редни броеви од деловодникот се одвојуваат за тие заведувања каде што годишно има многу заверки. При работење со архивски и документиран материјал треба да се води особено грижа и да се оди по законските одредби, бидејќи поминува инспекција. Ама се сомневам дека некоја води канцелариско работење и чува архива точно според наведените одредби за чување на документиран материјал. Електронското архивско работење може да е и подобро, ама за тоа треба многу добар и стабилен компјутер и одржување од страна на софтверска фирма и работодавач кој ќе одвои пари за истото. Сметководственото работење е преку електронски софтвер, не дека е помодерно туку е поедноставно за разлика да треба да заведуваш се писмено. Еве подетално http://www.inbox-datacenter.com/Media/60/Упатство.pdf
Тоа влезно бројче оди според ,,План на архивски знаци,, (кој е составен дел на Уредбата) кој треба да се разработи и законски се поднесува до 30 Ноември за следната год. до Државен архив на РМ. Во тој план јасно стои дека на пр. ф-рите се водат под арх.знак 05, значи имаш добиено ф-ра бр. 144 која ти е на пример 7-ма ф-ра по ред на 10.01 и ставаш печат и ја запишуваш во деловодник 05/7..незнам дали сум јасна. Нешто што бараат сега е на секој архивски материјал, нели што се архивира во архива да стои печат со ознака ,,архивски примерок,, и втор печат кој се удира е трајност на чување на документот. Кај нас беше инспекција пред 2 месеци па тазе ми е ова во сеќавање.
Документите ги делиме на попоисни и непописни.пописни се оние документи што се еднородни и многубројни како влезни и излезни фактури,патни налози,благајницки и извештаи итн. и за секој од нив во деловодникот се заведува само книгата пример.Книга на влезни фактури а влезните фактури си ги водиш во книга за влезни фактури...фактиЧки во деловодникот само ја заведуваш книгата дека таа постои..Така е со сите пописни документи. А останатите си се посебни предмети. Неколку пати ја читав уредбата и се консултирав со лица од мојата бранша и некои работи не ми се јасни... 1,Дали во електронски деловодник освен фактурите мораш и испратниците да ги заведуваш и скенираш? 2, Кои печати се ставаат на излезните фактури?(по моја логика се става само округлиот пеЧат а приемен и роковен Штембил се стават на влезните). Ве молам пишете и споделете информации и мислења и се што знаете околу новиов закон.Поздрав
Здраво Во врска со Уредбава нешто е исто од претходно ама доста има и ново.Еве јас какво искуство имам до сега: 1. Влезни ф-ри- се ставаат 2 печати горе десно,ако нема место од другата страна лево горе ако не на ливче се хевта.Се удира прво приемниот каде се пишува-Примено-датум на прием, орг ед-според планот,број од деловодникот, прилог-зависи ако има поголем бр на страници што го следат док пр.2-3, Вредност-се мисли ако се наплаќа некој вид надоместок или е платен,барем така објаснија.Под овој печат се става арх. Освен влезни ф-ри се евидентираат сите док кои се однесуваат на фирмата-дописи, опомени и тн.Овие док се евидентираат во ДЕЛОВОДНИК,доколу влезни ф-ри ако не се во голем бр а ако се во поголем бр тогаш се користи ПОПИС НА АКТИ. Пр за заведување.влезн ф-ра 05, број пр 25 под број 1, прилог 1. 05 25/1 1 во вл.печат,Во роковен штембил арх знак-4 цифри 05-04, рок на чување и потпис 2.Излезни-се става тркалезниот печат и штембил горе лево.Ако има доста излезни ф-ри се заведуваат во ПОПИС НА АКТИ со тоа што да речеме бр. 2 од Деловодникот ќе биде за излезни ф-ри -основен бр, орг ед. е 05-врз основа на планот и натаму се редат подброевите.значи за излезна ф-ра со оглед на тоа што ни го кажаа ќе се заведе на штембил- 0504-02/1,0504-02/2,0504-02/3 и тн се до крај на годината.Има објаснето и погоре од другите . Попис на акти има книга со тврд повез и листови кои се 5 ден парче.Ние користиме листови.20 ЛИСТА СЕ ДОВОЛНИ ЗА ЦЕЛА ГОДИНА. Понатаму треба да се чита упатството има зафрканции околу начин на чување,разведување и тн. -ИНТЕРН ДОСТАВНА КНИГА-книга која служи за достава на док доколку да речеме имате надв сметководство или док се доставува до други сектори(за привв фирми требало) КНИГА ЗА ПОШТА-каде е пратено и цена на пратката(за привв фирми требало) КНИГА ЗА МЕСТА-ако праќате ПТТ со КУРИР Останатите книги ги ма уште 2 -3 ми рекоа дека за приватни фирми не се користат по член 31 и 32 од закононот за архивски материјал Доколку имате дополнение или нешто ви текне пишувајте, бидејќи навистина е малку збунувачка целата работа
За влезните ф-ри веќе ми е јасно значи се ставаат приемен и роковен печат( тие се нови) а за излезните документи каков печат се става од тие старите деловодните печати што си ги користевме порано? И изводите дали треба да се архивираат?
Здраво, за приватни фирми се става само приемен печат,роковниот и другиот каде што пишува архивски примерок не, тоа е разликата од претходниот мој пост.Другото е се исто.За излез како што објаснив се ставаат тркалезен кај потписот на одг лице и штембил лево горе.Изводите банкарски не.За приватни фирми важи законот, само во член 31и 32. Останатите печати 2(роковниот и архивски примерок) за влез важат евентуално ако Архивот ги побара од вас како приватна фирма, поради интерес на РМ тогаш ќе мора се да се архивира.Ако не,тие ви се џабе купени како и на 20 000 други приватни фирми.Беше финта направена да се земат пари.
Zdravo na site, i jas imam golema maka so ova novo pravilo. Ke ve zamolam za pomos. Treba da izdadam potvrda za K-15 na rabotnik i potvrda za pridonesi od plata, neznam kako da gi zavedam pod koj broj ke treba da gi stavam Pozz
bi sakal da prasam dali moze nekoj da mi kaze kako da zavedam vlezna faktura vo delovodnik problemot mi e vo pod brojot sto se pisuva dali nekoj znae da mi kaze pozdrav
Dali znaete kako se arhivira vo podruznica? Dali vo podruznica moze da se ima drug arhivski pecat od onoj vo sedisteto, i poseben delovodnik da se vodi?
Здраво, ме интересира кога се разведуваат документите ? ако е фактура дали е тоа по истекот на рокот на фактурата откако е платена, и ако е договор за работа дали ќе се разведе веднаш истиот датум кога е и заведен и потоа се подготвува за архивирање, и другите документи кои се изготвени од фирмата дали се разведуваат веднаш истиот датум кога се заведени? некој нешто повеќе да каже за преносот ? благодарам , поздрав