1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уредување на домот. Вие или архитекти?

Дискусија во 'Дом' започната од rossonerka, 20 декември 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Кога станува збор за уредувањето на вашиот дом сакате тој да го уредите вие лично по ваш вкус, ваши идеи, заедно со семејството и партнерот секако во консултација. Таму вие ќе живеете, домот треба вас да ве претставува, обожавате да ги избирате парчињата мебел, домаќинските и електричните апарати, деталите, украсите, да ги одбере боите итн.

    А од друга страна постојат професионалци во таа област, архитектите. Тие си ја знаат одлично својата работа и можат да уредат еден дом перфектно. Но тука пред се преовладува вкусот на архитектот, секако може комплетно сам архитектот да го уреди домот, но може и заедно со сугестии од лицето кое ќе живее потоа таму.
    Но многу станови/куќи уредени од архитекти се навистина модерни и интересни и сите сме импресионирани, но некако бар јас приметувам дека недостасува во домот една душа. Таквите домови повеќе личат на канцеларии. Се е некако премодерно и да не речам празно, делуваат ладно и не се чуствува онаа домашна пријатност. Секако не секаде. Постојат прекрасни домови од архитекти уредени, а толку топли и пријатни.
    Но тука улога играат и парите. Не може секој да си дозволи професионалец. Со тие пари ќе докупи некој мебел.

    Вие кога би го уредувале домот би го правеле тоа комплетно сами по свој терк и вкус или би викнале архитект ??? ;)
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    И во овој дом се си бирале сами моите, и во мојата соба се бирав јас и немам никаква намера некој да уредува место мене. :) Дворот строго јас и мама го одгледуваме. Едино тревата јас и тато.

    И кога би имала пари на претек не би дала друг да ми чепка,ни да ми кажува што е убаво. Во моја куќа што сакам јас ке си имам.

    Освен водовод струја и слични работи.И да ја изградат куќата секако.Тоа оставам на друг.Ама јас ке му диктирам како :D
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.091
    Допаѓања:
    88.002
    Пол:
    Женски
    Кога сега би требало да го уредувам домов, тоа ќе си го земам во свои раце. Постојано на интернет , а и во каталози гледам примери од архитекти, убаво изгледаат, но се многу празни. Сакам дом во кој ќе се чувствува топлината на домот. Верувам кога сите би имале пари, сами ќе знаеме што нас ни е потребно, не би ни било потребно стручно лице.
    Пред седум години ја преуредувавме куќата и мајка ми ја среди по нејзин вкус, а многумина не прашаа кој одиграл голема улога :D
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.077
    Допаѓања:
    56.309
    Пол:
    Женски
    И јас не би ангажирала архитект.
    Ако имам пари за архитект, подобро ќе ги дадам за поскап и поудобен мебел. Знам дека она што ќе го одбереме сами ќе е одлично. Освен тоа, има безброј примери во списанија и на интернет каде што можеме да си одбереме ентериер што ни се допаѓа, да ја земеме идејата и да додадеме нешто наше.
    Би се чувствувала удобно само во дом кој ќе ја има душата на оние што живеат во него. Убави се ентериерите уредени од професионалци, не велам не - но не сакам да живеам во соби уредени по правила и шаблони, туку во дом уреден со љубов и внимателно одбирање на секое парче во него.
     
    На rossonerka и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    во принцип е многу подобро кога се реновра нешто дома или одново се гради куќа да се консултираш со архитект,чисто информативно да ти даде совет за местоположбата на мебелот во куќата и усогласувањето на боите и контрастите со теписоните и ѕидовите.но за жал ако си во ситуација да однапред ти е лимитиран буџетот за трошење многу ретко се оди на варијантата за консултирање архитект.ние овој период имавме поправки нешто по до дома и сама на себе си велев,дека многу добро би дошол совет од стручно лице но и таквиот совет се плаќа а кај нас секој денар беше од напред испланиран.инаку јас попрво би консултирала фенг шуи аритект за да ми направи квалитетен распоред на предметите во домот заради позитивна енергија во домот.
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Би сакала да слушнам мислење од професионалец од архитект, плус тие примаат и ваше мислење, нема да го уредат домот по своја волја ако вие не сакате така. Сепак муштеријата е тој што ќе живее во домот, а не архитектот.
    Но за наши услови не може секој да си дозволи мислење од архитект, а да не зборам за комплетно уредување од архитекти. Тоа е луксуз ипол :)

    Eве нешто што ми е ладно, без душа, уредување кое на прв поглед е убаво, но здосадуваат тие малку елементи кои би се имале во домот. Не сакам ладни ѕидови, малку елементи и многу слободен простор.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ама еве уредувања од архитекти кои ги обожавам :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На ennaz, VAGA91, frutini и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Бидејќи другарка ми студира архитектура, често ја зезам дека она без пари ќе ми ја проектира куќата. :lol: Во однос на внатрешниот ентериер, би сакала самата да го уредам. Дома собата сами со сестра ми ја имаме уредено, се е по наш вкус, и кога би добила дозвола од моите да ги средам и другите соби во домот, ќе ги реновирам целосно. Не се секогаш парите главен дел во уредувањето, потребни се само добри идеи и некои трикови за да се добие убав изглед на домот. Другарка ми има дома еден куп списанија (најчесто странски) за уредување на домот и во нив има прекрасни идеи!
     
  8. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Според мене архитектот е оној кој треба да го среди "хаосот" од желбите на клиентите, тој кој треба да ги претвори барањата, желбите и замислите на луѓето во реалност, односно домот да го направи едно удобно место кое нема да го загуби својот шарм за неколку години кога модата ќе се смени. Многу од нас правиме грешки при реновирање на домот, имаме некои кич идеи што се модерни и популарни во моментот ама за кратко време го губат сјајот, мислам дека архитектите треба да имаат "око" за тие работи и способност да можат да го направат просторот убав и безвременски -нешто слично е и со облеката, како што се менува модата некои работи стануваат популарни но веднаш потоа излагаат од мода, но некои работи остануваат класика засекогаш. Јас лично не би ангажирала архитект за да ми помогне во уредување затоа што сметам дека сум способна тоа да го направам сама, но навистина би препорачала на тие што се чувствуваат неодлучни и несигурни да си побараат совет. Подобро е скромен простор уреден со стил и вкус, одколку триста скапи парчиња наредени без ред.. :!:
     
  9. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    Доколку се работи за изградба на куќа, за реновирање тогаш сигурно би изнајмила архитект. Но за внатршниот ентериер нема шанси!!!! Тоа е уште една моја опсесија, внатрешното уредување. Сама би направила се, па јас уште сега си размислувам како би ја уредувала куќата или станот на мојата иднина ... хахахах :P
    Ахх јас дури и сакав да одам на студии за внатрешен ентериер, но сфатив дека нема фјаде од тоа! Па затоа моето идно живеалиште ќе си го уредам според моите желби, потреби и нормално по мој вкус :)
     
  10. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Доколку сум во можност секако дека би викнала архитект,а доколку не би се потрудила сама да си го средам домот.Сега има доста списанија и доста страни на нет каде што се можеш да си направиш сам и тоа со малце пари.Само треба да се има идеа :$
    Еве сега едвај чекам да се затопли па да си ја средам собата. :$ Од цел стан само таа остана несредена :worried:
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Дефинитивно би си најмила архитект.Тоа се луѓе со искуство и сигурно со поголеми знаења и креативност од моите.Ама секако, не препуштам се на архитектот, јас ќе ја кажам замислата, а на него би ја оставила реализацијата.
    Еве еден интересен брачен кревет...што секако не би го имала :lol:
    [​IMG]
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Полесно е кога знаеш што сакаш и ти треба само мала консултација. Во принцип ти треба добар мајстор кој ќе го направи тоа што го сакаш. Но ако немаш идеја, тогаш имаш интернет, списанија....сувишно е да фрлаш пари за архитекти за уредување на интериер.
    Јас по дома си имам архитект - маж ми ама мака видов додека да најдам мајстор кој ќе ми го направи тоа што тој го исцрта (ама се заврши таа работа, упорна сум јас ;)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Планирам да се пишам на шумарски, дечко ми е на градежен, така да ќе си го средиме домот 8) .
     
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не сакам никој да ми се меша во мојата замисла.
    Тогаш ќе имам чувство дека сум туѓинец во сопствен дом.
    Сакам точно јас како што ќе замислам, со мебел јас каков што ќе посакам.
    Нормално прифатливи се идеите на тие што ќе живеат во домот.
    Имам премногу креативност во мене и криво ќе ми биде некој трет да ми се меша во мојата работа.
     
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Во зависност од тоа колку кеш би имала, ако имам доволно за мебелот кој ми се допаѓа и да си платам архитект нормално дека би му ја доверила работата нему.
    Би му дозволила да изготви нацрт план но базиран на моите идеи, во никој случај не би му ја препуштила целата работа во негови раце.Едноставно ја си имам замислено како сакам да ми изгледа домот, и ќе му ги кажам моите идеи а тој потоа нека ги изреализира на најдобриот можен начин. Зашто сепак тие се стручњаци за ентериер, и понекогаш не е добро да се гледа само естетски се да е добро вклопено, туку и просторот треба рационално да се искористи, да се внимава на светлина, функционалност и т.н.
    Сепак јас домот би го уредила со помош на архитект од причина што овој начин ми изгледа побезбеден за да се направи некоја утка :D
    Инаку мене повеќе ми се допаѓаат оние минималистички дневни соби, каде преовладуваат само неколку бои, и има неколку парчиња функционален мебел, и во таков стил би си го уредила целиот дом, некако ми е многу привлечен и ми асоцира на млади луѓе кои нон стоп се во трка со времето...
    И ај доста е многу се внесов .... :x
     
  16. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас многу сакам да ја користам својата фантазија и своите идеи. Мислам дека немам утка, го имам осетот за склопување на бои и предмети.
    При секоја мала интервенција дома, јас сум првата личност со која што моите родители се консултираат. Морам да признаам дека секогаш имаат доверба во мојот избор и тоа ме радува.
    Имам прекрасни идеи, секако за сите нив требаат финансиски средства, доколку би биле неограничени би било супер- но не е така. Идеите ќе мируваат.... во исчекување на прилив на финансиски средства.
    Во секој случај, знам дека откако ќе оформам семејство...... архитект нема да стапне под мојот кров :lol:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Архитектурата е на граница помеѓу наука и уметност. Архитектите се инженери, но мора и да се уметнички души бидејки не постои формула по која се проектира објект. Главна задача на архитектите е проектирање и надзор, а ентериерот може да го направи и обичен декоратер или пак сами да си уредуваме. Е сега, ако некој сака ентериерот да му биде исклучителен, си постојат стручни лица кои може да се ангажираат, такозвани архитекти. Неможе некој што научил дека жолтата и црвената се топли бои а плавата и зелената ладни, да знае повеке од некој што коските ги оставил на Партизанска образувајки се. Лесно е да се гледаат сликички од интернет, но си постојат правила при дизајнирање, пропорции, симетрии, просторот на сликата сигурно не е ист со просторот кој треба да се уредува итн. Стручно лице може и да ви заштеди средства бидејки има познавање од разни матријали па ке ви препорача нешто поефтино, а поквалитетно и да се постигне саканиот ефект. И тоа што одредени индивидуи сметаат дека имаат “добар“ вкус е многу релативно. De gustibus non est disputandum, или преведено од латински: за вкусовите не се расправа, заклучила некоја умна глава пред илјадници години. Ако сите знаеме се, зошто одиме на лекар, зошто не се судиме самите, зошто не си ги произведуваме компјутерите итн.? Таков ни е менталитетот, не сме ние виновни па дури да се променат нештата не си ги вапцаме ѕидовите киви зелено или банана жолто немајки поим зашто баш тие и ке си уживаме у нив :rofl:
     
    На ennaz, zanana, aNy-to и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    434
    Кога еден ден ќе имам сопствена фамилија би сакала нашиот дом сама да го направам и тогаш ќе немам кого да обвинувам. Да, друго е план од архитект ама јас си планирам да си бидам архитект, така да не би требало да имам проблеми. :lol: :lol:
     
  19. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Првото! Односно јас би сакал да го уредувам(кога ќе имам лично свој :) ) од тој аспект што лично јас знам што каде сакам да стои, како тој ѕид да изгледа. Повеќе сакам по лично мој вкус да биде уредено, тогаш ќе се чувствувам најудобно.
     
  20. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Никако архитекти. [​IMG]

    Кога ќе ми спомнат дека нечија куќа архитекти ја уредувале, прво што ми паѓа на памет, овие или немат изградено стил ( што точно сакаат ) или сакат да се покажат, па види јас и архитект ќе платам. 8)

    Може кога ќе дојде за тоа ред, на друг начин ќе размислувам, ама според мене домот е твое место каде што се чувствуваш најудобно и го уредуваш како ти сакаш и баш по твој вкус.

    За детската моја, лани добив можност да си ја уредам, долго гледав секакви предлози, каталози, по салони, на нет и пак си ја направив по мое. Сеуште не сум нашла некој постелнини што точно ќе се уклопат, ама не ми се брза.

    Декорациите ( стрикерси и цветови/пеперутки за завесите ) ги купив ова лето. Битно ја уживам во оваа светла боја, ме одмара, релаксира и придонесува да се чуствувам среќно затоа што е уредена по мое. :wasntme:

    Да дојдат експерти, да ја гледат, 80% ќе биде не добра.

    Секое делче од неа за мене е посебно, на мој начин :!:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.