1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уредување на домот. Вие или архитекти?

Дискусија во 'Дом' започната од rossonerka, 20 декември 2010.

  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Кога би имала финансии секако би си приуштила архитект да ми го среди станот. Би земала веќе докажан и покажан архитект како на пример архитектката од емисијата Ајде дома. Би му/и калжал/а што сакам јас, какви идеи ми дреглага архитектот па со заедничка соработка би дошле до финалното решение. Кој може да си дозволи, сепак архитект си е архитект, човк професионалец во таа работа кој може само да ти помогне она што ти го сакаш, го замислуваш, да го претвори во стварност.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    411
    Кога си го купивме со дечко ми станот сакавме целосно да го реновираме и имавме потреба од архитект од причина што сакавме секој простор а биде практично искористен,и сакав да не биде пренатрупан и како што некој спомна да има повеќе простор и по малку елементи.....

    Па така најмивме еден архитект(пријател на татко му на дечко ми)и за идеите кои ги изнеси преку скица и компијутерски, ни понуди пристојна цена околу 500 евра(но не верувам дека толку зима за другите,ова беше ептен пријателски)иако подоцна бевме напорни со консултирање со боите,материјалите,па од кој квалитет,дизајн и функционалност....и за на крај се испадна совршено и прескапо. А ние дури и не ни седиме таму, едвај се завртуваме, секој тера своја работа,во месецот една/две недели може да се собере...

    Искрено ако се прашувам повторно не би изнајмила архитект сега само повеќе трошок а ако се погугла малку, доволно идеи може да се соберат и од интренет и пак се да изгледа убаво и складно со ептен мали консултации... :!:
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Mojoт дом, јас давав идеи за уредување. И сите се позитивно изненадени. Кога би имала повеќе пари, тогаш уште поубаво би знаела како да средам.
     
  4. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Дефитивно Јас.
    Го сакам доста интериерниот дизајн и кога ке дојде време да уредувам
    мој стан не би дала на никој друг.. :lol: Незнам колку пати мојата соба ја имам уредувано, па преместувано па со едни бои, па други.. така да едвај чекам да имам свое место :D :D
    Би ви ја препорачала http://www.freshome.com, според мене е една од подобрите страни за уредување на домови, станови.
     
  5. zanana

    zanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Се додека ентериерот во Македонија се сфаќа како избор на тапети и табуретки, додека ангажирање архитект се смета за снобовски чин и го практикуваат "луѓе без вкус", архитектите ќе умираат за јадење и покрај макотрпно стекнатото знаење. Архитектите се уметници кои во Македонија, за жал, немаат своја сцена. Сите Вие, кои мислите дека суштината на ентериерот може да се ископира од сликичка од интернет, не сте свесни со какви магии располага еден простор...

    и еден муабет од татко ми:
    Езоп бил учител кој за своите часови имал соодветен ценовник. Некој Господин, кој бил заинтересиран да го образува својот син, се обратил кај Езоп. Меѓутоа, цената му се причинила височка и му кажал на Езоп дека за ти пари би купил вол. А Езоп (во негов стил :) ) му вратил:"Па купи...Тогаш ќе имаш два". :D
     
    На 1209, MissDior, Gunshine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Почнавме со уредување на домот, купив нови завеси, па сакам да слушнам ваше мислење, се мислам дали и во другите соби да ставам вакви или пак овие само во дневна највеќе одговараат :?: Еве слика
    [​IMG]
     
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Сама би сакала...
    А бидејќи се занесувам и креативноста е поголема од буџетот... :tmi:
    Би ми потребал татко ми да ми каже до каде е границата. :$
     
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    па не би имала ништо против и да се вмеша архитект :lol:
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.077
    Допаѓања:
    56.309
    Пол:
    Женски
    ^ Мене овие ентериери ми немаат душа :worried:
    Ко соби за роботи се.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Некој ги сака такви...
    Си го уредив јас домот сама со мм, бев сигурна дека никој не може да знае подобро од мене за мојот дом, и на крај не излезе баш така како што замислував, му фали нешто...АРХИТЕКТ :)
     
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Не би дозволила некој да ми се меша во уредувањето на домот ,па колку и да е стручен во таа област !
    Сакам да му вдахнам мој дух и моја енергија на домот ,дури и кога би изгледало помалку модерно ,тоа воопшто не ми е важно.
    Важно ми е да се чувствувам како дома ,а не како во некојси луксузен хотел без душа .
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Архитектот не е узурпатор што ти доаѓа дома и ти наредува овде стави џам, тука наткасна, НЕ МОЖЕ ТАМУ ДА ИМА ВРАТА! и слични глупости. Треба да се разбере дека тој човек има школо завршено, за нешто што обичните смртници мислат дека е куќичка за Барбики играње, многу, многу тешко школо. И верувале или не, од тoa треба да заработува и живее. Значи ако повеќето луѓе знаат што е пастелна боја, што е неутрална боја и дека светлината на бирото треба да ти иде од лева страна, овој знае неспоредливо многу повеќе од нив, и истите имаат брда сомуни за кркање дури на прстето да му се фатат.

    Јас сум човек со огромно чувство за уметност и естетика, па никогаш не би си дозволила да си играм со местото кај што ќе живеам. Имам неколку стотици списанија за уредување (архитект дома имам) и допрва за домата планирам да цртам идеите, ама ни на крај памет не ми е да не викам архитект за да корегира и даде стручно мислење.

    Не знам зашто и по кој основ се подразбира дека ако викнеш архитект ќе си направи по негово, смешки. Крај краева кој како сака ќе си уреди, али дали е направи сам, се гледа. И мене ми се ружни сликите со 3 парчиња мебел ама си има правци и стилови, никој не рече дека архитектура значи некои футуристички, сиви соби попут зандани. И мајка ми ни исцрта цел стан пред да го правиме, па пак со архитекти заедно го преправаа и излезе баш како што сакаа моите.
     
    На sunfemina, MissDior, nanadu и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Некои велат дека од светлината во собата зависи живоста на самата соба.
    НЕ! Еве доказ - многу ладна и нежива соба. Празна...
    [​IMG]
     
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.487
    Допаѓања:
    144.172
    Кога моите дома реновираа пред неколку години консултираа архитект, се разбира тој не наредува како да направите, само дава идеи, кои ваше е дали ќе ги прифатите. И се на се прекрасно испадна на крај, и воопшто не е безживотно. Јас го сакам овој минималистички изглед со некои супер детали кои внесуваат живот и свежина.
    Па така кога ќе треба да уредувам свој дом, би консултирала архитект. Би му ги кажала моите идеи и потоа нека си ја врши неговата работа.
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ма да, тоа задоволство да му го препуштам на архитект? Ноу веј!!
    Јас сум убуџана кога треба една фиока да преуредам, па камо ли соба, или стан. Уживам сама да си планирам и да си креирам, уште подобро ако буџетот не ми е ограничен. Ама и со ограничен пак ќе се снајдам.
    Уште од мала сакав една празна, бело окречена соба, да ми ја остават и да си го решам сама просторот. Мислам дека ако се преселам во нов стан ќе полудам од среќа. :D
    Не дека не ги почитувам архитектите и нивното мислење, ама си знам дека мојата глава подобро ќе смисли.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.362
    Допаѓања:
    5.307
    уредувањето на домот си го правиме сами и просто од ден во ден уживаме во тоа што го правиме :lol:
    Е сега лошото е што секој ден знаеме да одземеме или додадеме идеа затоа што се сакаме и сето тоа изгледа толку слатко и интересно. Но никако ова доживување не би го препуштила на архитект
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Не би најмила архитект, ќе си оженам еден :$ се надевам.

    Мене токму тие минималистички уредени соби, во монохроматски бои, во комбинација со темно виолетова или црвена ми се преубави.
    Воопшто не ги чувствувам студени и празни, туку ми даваат простор, ширина, слобода.
    Сакам и високи прозорци, по можност од под до плафон.

    Кај мене дома мајка ми уредуваше скоро се' по нејзин терк (кога ќе си имаш своја куќа прави си што сакаш |( ).
    Она го сака дрвото како материјал, и' давал топлина во домот.
    Комодата е дрвена, има некои чудни дрвени маски, огромни се, зјапаат ко некои луди од ѕидот, брррр, се стресувам од самата помисла. Гарнитурата е огромна во дневниот престој, има некоја кралска форма, ко мислиш во времето на барокот сме.
    Илјада перничиња, украси од патувања што ја потсетувале на истите |( , уметнички слики, просто не можам да дишам во собата!

    Немаме воопшто сличен стил, ниту вкус.

    Кај мене ќе биде што попразно и ќе има барем едно растение во собата.
    Живо.
    Сакам да биде минималистичко, со правилни форми.
    И таква кадичка сакам.
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На zhap4e и ludoto19 им се допаѓа ова.
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Леле Трендафилке, што е убаво кадичево. :wasntme:
    За мерак, во соба да си го ставиш, од него да не излезеш. :D
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Ако не се лажам, архитект е оној кој ја планира конструкцијата на објектот? А за уредување на домот има дизајнери? :wasntme:
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Девојки, да ви појаснам бидејки гледам дека зборот Архитект и професијата ја сваќате погрешно.

    Внатрешното уредување не е цел на изучување на Архитектонскиот факултет. Внатрешна архитектура е само еден испит кој се полагаше во 5та година (по стара програма). Архитектите учат како да го обликуваат просторот, да ја постават обвивката од ѕидови на правилно место за да кога ке го поставите каучот макар и во празна соба, чуствувате топлина. Верувајте ми дека добро издимензиониран простор е позначаен од било каков мебел.

    На факултетот се учеа елементи и основи на проектирање во смисол на димензионирање според човекот како ексклузивен корисник на просторот; проектирање на објекти за индивидуално и колективно домување, проектирање на општествени објекти (училишта, болници, музеи, аеродроми, железнички станици, спортски сали, градинки, хотели, итн), проектирање на стопански и индустриски објекти (фабрики, фарми и сл.), урбанизам (изработка на генерални и детални урбанистички планови, решавање на сообраќајници, зелени површини итн), историја на архитектура и уметност (од стар век па до современа светска архитектура вклучувајки ја и Македонија), архитектонски конструкции со технологии на градба (матријали и начини на градење), статики, механики општо но и истите за дрвени, челични и армирано бетонски конструкции; уметност, филозофија на архитектура, теорија на архитектура итн.

    Жално е што кај нас нема можности да оваа професија дојде до израз. Новопечените богаташи и инвеститори ја деградираа 200% бидејки Архитектот мора да црта како што му е наредено а на крај го става својот потпис на проектот. Језиво е да се живее во станови со висина од 240цм од под до плафон, за да се изгради екстра кат во поткровјето; прозорци во дневна соба како за во купатило бидејки алуминиумските профили се продаваат од должен метар, во 50м2 да се направи двособен стан со соби како голубарници итн, можам до утре да пишувам. Ретки се тие што се вработиле и проектираат со одврзани раце а и тука најголема улога игра педигрето......

    Се извинувам што избегав од темата но сакав да поајснам дека Архитектите не се декоратори туку Дипломирани Инженери кој имаат завршено факултет со 40+ положени испити, за кои имаат цртано програми цела година, полагале писмен па усмен дел......
     
    На 1209, Hopeful, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.