Би најмила професионалец чисто за да ми помогне ако планирам промена на распоред на собите или нешто од тој тип,а за внатрешно уредување и слично,не. Си верувам на себе и својот вкус,па сакам да му дадам дел од душичево мое на просторот во кој ќе живеам.Подразбира топли,светли,млечни,кремави,ма земјени бои,со примеси на потемни нијанси,чисто за да му даде драматичност на просторот.По некоја интересна текстура по ѕидовите и убаво ѕидно осветлување и едно главно кое нема да биде често употребувано.Не сакам сјајни,мазни,аглести,ладни површини како што денес и најчесто уредуваат,што би се рекло по мода. Не сакам ниту пренатрупаност,туку одмереност и префинетост.Сакам дрвен под и никако ламинати како што обично те убедуваат професионалците кога го уредуваш домот од повеќе причини,јес на крајот е мој изборот,ама има и такви кои бидуваат убедени. Домот ни е уреден заеднички.Ако ме прашувате мене не би имала толку мебел (ко у секоја куќа,ама за мој вкус е многу),а собата моја е во целост моја и е уредена така.Нема шанси да не забележи човек дека е моја и е во стилот на она што погоре го пишав.Топла и гостопримлива. Имаме пријатели кои најмија за да им ја средат куќата и после месеци,секој кој и да им отиде на гости ги прашува дали кречат или уредуваат нешто по дома,сеуште ли не завршиле.Толку ладен,некако недовршен простор,едноставно без душа, у живот не сум осетила.
Само јас и љубениот. Никакви архитекти или мојата мајка, неговиот татко, скраја да е. Ќе си уживаме максимално, како да си градиме гнездо. Јас не ги сакам овие новите, минималистички ентериери. Сакам топлина! Ех, колку би сакала домашна библиотека
Ќе ја викнам ОНАА што се мота околу мојот иден сопруг! Да биде понижена и да пукне од мака што дозволи да и избега од раце уште пред неколку години..
Никако архитект Не си скратувам задовоство па што сака нека биде. Сакам сама да си уредувам и никој да не ми се меша. Само може за надворешниот изглед на куќата(ако ја имам), затоа што стварно немам никаква идеа. Ова е мое сегашно мислење, понатака незнам, ама мислам дека ке си стојам на ова Вакви соби ич не сакам, многу е монотоно, дури и досадно
Ох работа за мене... Обожавам уредувањето на домот, од самите ѕидови, мебел па до секој детал е уметност да го осмислиш и да го пренесеш во реален простор. Уживам во тоа вкрај. Сакам секоја ситница, па макар и една свеќа да е дел од нашиот стил и да се вклопи во целата слика. Да би правеле нова куќа би изнајмила професионалец, за добар план на собите, големина, местоположба итн. макар што би се нафатила и за тоа сама да го смислам, како што сум фрик-перфекционист кога ќе почнам некоја работа...сигурно ќе пролиствам и читам секој ден за намисленото па ќе дојдам до совршена замислена целина. А во овој случај, од карабина се натака беше осмислено од нас самите... Сум гледала безброј слики, сум читала многу списанија за уредување и стручни совети за накрај да дојдам до крајниот резултат. Нормално вметнавме и наши идеи во замислата и го добивме она што го посакувавме - комплетно нов, модерно уреден минималистички дом, пред се комотен и топол, а со доза елеганција. Ги сакам топлите бои, не сакам црно-бели комбинации и сл што делуваат ладно и стерилно, па баш и затоа кај нас владеат кремавата и црвената боја, како и мали детали во црна боја. Ѕидовите се во крем, подот светла бука, кујната (моментално во замисла ) ќе биде цела крем со црна електроника, гарнитурата е црвена (со крем детали-навлаки и перничиња). Во целина е пространо. Не сакам пренатрупаност, зато стаклените масички ми дадоја пространост и елеганција, а во комбинација со топлите бои (особено меките влакнести крем теписи) не делуваат ладно воопшто. Сакам одредени детали, неколку свеќи, керамички украсни вазни во крем боја, уметничка едноставна слика и тоа... впрочем точно е дека деталите го прават топол домот, минимални ама со голем ефект. Особено ми е важно доброто осветлување, кое кај нас го има на повеќе нивоа и за секаква пригода-дали пригушено или јако, од класично централно до осветлување детали (слика), па скриено светло и сл. а, да, соба без едно собно цвеќе за мене е мртов простор, па тука ми е малото дрво на животот... и вазната со неколку бамбуси... Има мн за опишување на веќе напраеното и вкусот воопшто, ама прилично долг постов а и заминав офтопик па, тоа во глобала...
Да ве прашам нешто една моја другарка сака да се запише архитектура факултет па да ве прашам дали оваа професија е добра и дали се зима пари многу и каде може да се вработеш фала однапред поз ...
На архитектура не знам баш колку го има овој смер, ентериер. Мислам, се учи како предмет, ама како смер, струка го нема. Го има на машински. Нека ме поправи некој ако грешам.
кога би имала свој дом, и доволно пари за да си дозволам архитект зошто да не а соседката што живее под мене е архитект, па кога би ни затребало по дома, би и се обратиле за совет
Ние планираме да го реновираме нашиот стан и сакаме да најмиме архитект. Доколку некој знае би ви била благодарна да ми препорачате. Исто така дали има некој искуство со Ајде дома?
станот во кој сега живеам од како се одселив од родителите го уредив по мој вкус и тоа целосно сама, бидејки не сум сеуште мажена, би сакала и мојот иден дома да го уредам сосема сама со мало учество на сопругот. Но никако не планирам да повикам архитект да го прави тоа место мене, од проста причина што досега не ми се допаднал ни еден стан што бил уреден од наш архитект,а другата причина е тоа што јас не верувам на никој друг освен себе - такаов карактер сум
Кога ке дојде време да треба да го уредувам домот, секако дека јас со идниот сопруг би си го уредила, на тој начин да ни пите пријатно и убаво за живеење и на двајцата! Искрено не би фрлала пари по архитекти, со тие пари би си средила нешто плус... Мислам дека денес секој знае што му треба, и барем има доста сајтови на нет, од кои би исцрпеле некоја идеа!!! Така да парите во џеб и сама си знам што и како сакам!!
Дефинитивно ние. Се потрудивме и најдовме соодветни решенија за секој дел од домот. Навистина е добро и да се побара мислење од некој стручен во таа област, но никој не може прецизно да го направи и долови нашиот вкус, она што е најдобро за нас. А се тоа го знаме само ние самите. Зашто сепак ќе има нешто на крај, кое нема да ни се допаѓа. Затоа и си уредивме се по вкус, без ничија помош. Што можевме направивме сами, а што не беше во наша моќ, си средија мајсторите. Најважното, идеите за средување беа наши .
Јас ќе побарам стручно мислење од архитекти, ама не за се’. Планирам да отидам во Југоекспорт стил, таму имаат на располагање архитекти што бесплатно ти прават 3Д проект за станот, нормално при тоа се договараш за боја, детали, од прилика до колку пари да биде, а тие ти даваат совети и идеи. Со ова сакам да кажам дека и тоа како можат и архитектите да ти го средат просторот по твој вкус, а сепак да добиеш и стручно мислење.
Секако дека архитектите можат да помогнат во однос на уредување на домот, но најсоодветно е да се побара помош од дизајнер на ентериер. На запад не секој може да си дозволи да плати дизајнер што претставува престиж. Ние во Македонија заслепени од тоа дека знаеме и се разбираме од се не се осмелувам да платиме некој стручен да ни помогне. И за жал на крај завршуваме со елементи кои се судираат во кујната, една спална помалку и некој треба да спие во дневна, ламинат што крцка и слични недостатоци на просторот.
Јас. бидејќи мислам дека никој неможе да ги реализира моите идеи подобро од колку што можам и сум способна јас сама. Архитектите си имаат некои свои зацртани планови во главата и не на секој може тоа да му се допадне
имам разговарано на темава,и дефинитивно сакам ние да си го средиме домот,секако на архитектот тоа му е работа но јас сакам по мој вкус да биде средено,да ми е пријатно дома,можеби тоа што ке го проектира архитектот мене нема да ми се допадни,иако е тоа негова работа, или пак да го искажам она што ми се допаѓа на пример кои бои да се застапени и кој стил па тој само да ја зврши работата според тоа
Ех вие размислувате вака, нема шанси архитекти, а што да кажам ја, понекогаш ми е тешко и да наплатам за некој ентериер верувајте ми. Морам однапред да ви кажам, некаде на некој пост овде прочитав дека архитектот е тука да го среди хаосот од желби на клиентите, токму така, баш така е работава. Јас искрено им давам предност на клиентите, на крајот на краиштата тие ќе живеат во тој дом, кога имам одврзани раце што е многу ретко вообичаено им покажувам примери и се раоводам пак според некоја нивна желба. Досега сум имала само еден таков ентериер, искрено на крај клиентите беа задоволни, но јас не бев, знаев дека нема да поминат доволно време дома за да уживаат во тоа што сум го направила. Цените се ужасни, 10 евра од квадрат, ма те молам, јас наплакам упола, со тоа што голем дел од мебелот и лично го проектирам и со мојот мајстор и изведуваме. На крај најтешко ми е да наплатам на блиски луѓе, како да им објаснам дека тие неколку линии кои они ги гледаат треба да ги наплатам 300 евра. Морав да редактирам, откако ги дочитав сите коментари, навистина сте самоуверени драги мои. Знаете што јас настинав па ке идам сама ке си купам лек за настинка шо ке ми е лекар. Никако, значи постјат моменти кои сами нема шанси да ги увидите и кои само ќе ги промашите. Не е дека се фалам или нешто слично, но ја грб немам од учење и цртање, сум оставила младост во жолтана зграда на партизанска и сега вие велите НИКАКО! па да да им кажеме да колегиве ич да не го довршуваат факултетот, што ќе се мачат кога утре задутре се ќе им биде за џабе, никој нема ни да помисли да ги ангажира, а да бидеме искрени ако не се ентериериве ние архитектите би можеле да сонуваме за пристојна екстра заработувачка. Да, веќе реков, и мене ми е тешко понекогаш да наплатам, но луѓе, не ми кажувајте дека сосетката што е проесорка по физичко подобр од мене ќе ја среди својата куќа, епа ете гледам колку е средена. Ние не сме диктатори кои ќе дојдат дома и ќе ви го средат домот како што ние сакаме, на крајот на краиштата вие ќе ги платите тие мајстори кои ќе ви го средат домот не лично архитектот. Во ред, сами средете си го домот, играјте си архитекти. И уште еднаш, не декоратер, декоратерот може само да ви каже која вазна ви одговара на завесите, архитектот е тој кој точно ќе ви го намести мебелот во домот како би било функционално и практично во ист момент. Да, да Функција и Практичност, две многу важни работи во еден дом за кој никој гледам не сака да размислува, само на тоа колку е скапа комодата или од која земја се украсите мислите. Е се разочарав навистина!