^ се согласувам со се што напишала AngelOfArh. Сите мислат дека знаат најдобро и сами пробуваат да го уредат домот, и најчесто им се потребни и повеќе пари и повеќе време и повеќе нерви. Бидејќи мајка ми е архитект, добро знам колку работа има да се осмисли и да среди еден дом.
Сепак би се одлучила јас да си го уредам домот,бидејќи никој друг не би можел да ми ја погоди замислата тоа само во мојата глава е.Знам точно се како сакам да изгледа,а кога би го правел тоа друг не би било баш така како што јас сакам.
Сега скоро имав прилика лично да се уверам која е разликата помеѓу мојата замисла и совет од архитект - и тоа за обична ситница од типот кој ѕид во дневната да го офарбам во друга боја, и како да го сместам брачниот кревет од 4м2 во спалната и боите на ѕидовите и тапетите за тие 12м2 да личат на нешто. Само сакав консултација, и една пријателка дојде чисто на муабет, без да ми наплати за советите, и во тие 10 минути што разговаравме добив многу повеќе реални идеи (и правила, за кои не знаев) отколку после денови сурфање по Интернет. На кај мојата замисла со нејзините препораки (од кои некои ме изненадија прво) дадоа сосема убава слика на просторот. Сепак тие луѓе учеле повеќе години и како што и за моето образование и искуство во мојата струка не може некој да седне и склепа некое решение за пет минути, така и јас не ни помислувам дека сама можам подобро од некој на кој тоа му е животна определба (да, може немаме ист вкус, но архитектот нема да дојде дома и да ми наметне свој вкус/бои/мебел без многу од тоа да базира на моите желби). За година-две кога ќе правиме поголем зафат дома, нема шанси ништо да почнам без стручно лице - иако ќе чини повеќе отколку јас и сопругот сами да засукаме ракави.
Целосно се согласувам со твоите ставови, но нема потреба од разочарување, треба да се бориш за својата професија, својот став и стручност. Одбивноста према архитектите дизајнерите е резултат на преценување насопствените способности, дека самите знааат најдобро. Ако се толку талентирани за дизајн на ентериер дотичните нека постираат слики на изведени ентериери па да процениме колку ги бива
Архитект е човек со професија која вклучува проектирање, дизајнирање на објекти со различни намени, проектирање и уредување на ентериери како и изготвување на идејни, основни и изведбени проекти. Архитектот не ги дава сопствените замисли, туку врз основа на барањата и можностите на инвеститорот му нуди најфункционални, најекономични и естески најдобри решенија од кој инвеститорот сам одлучува.
Татко ми е архитект... и верувајте ми посигурна ви е варијантата архитектот да ви помогне околу вашите замисли
кога би имала доволно пари и мој стан или куќа за уредување со задоволство би викнала архитект. искрено не ми причинува никакво задоволство да средувам сама, да бирам тапети па да мислам што каде да ставам а и крај на крај не ме бидува воопшто немам никакви замисли . така да би им кажала што не сакам а што мислам деке е во ред па архитектто со свои предлози може да ме консултира и да го уреди просторот како што смета дека е најдобро според големината и формите на собите.
Домот е уредуван од мајка ми и татко ми со помош на архитекти уште кога бев мала. Архитектот имаше најголема улога во уредување на спалната на мајка ми и татко ми и собите на мене и брат ми. Едноставно беше потребна помош за да го искористиме максимално малиот простор кој го имаме во собите. Јас сум задоволна како е уредено иако беше оддамна и не се доведувал во прашање мој вкус. Единствена работа што не ми се допаѓа е тоа што бирото и плакарите се фиксирани, па не можам да преуредувам кога ќе ми текне.
Порано не беше кај нас застапено уредување на просторот од страна на стручни лица од таа област, па уредувањето на домовите претежно беше сопствена режија. Меѓутоа сега е веќе присутно и мене повеќе ми се допаѓаат станови уредени од архитекти. Многу често сум влегувала во нови домови кои ме разочарувале со изгледот. Се ново, скапо, ѕидови во боја, тапети, лустери, врати, прозори...свашта, а сепак недоволно привлечно и натрупано. Фали шминка, фали некоја ситница, поинаков распоред, други бои...работи кои мислам дека мојов ум нема да ги долови до крај. Затоа ако имам можност би одбрала архитект. Јас знам што сакам ама мислам дека сама нема да го извлечам најдоброто од тоа. Верувам дека може да се испочитуваат моите желбите ама сугестии за подобро решение сигурно ќе постојат. Сакам секој квадрат да ми биде искористен до максимум и од практична и од естетска страна. Некои наши замислени работи и желби некогаш стварно не се совпаѓаат со просторот. Ама ние сме виделе на друго место или во списание, па сакаме така и кај нас да биде..сме увртеле нешто во глава и точка , а може нема да стои, нема да биде убаво како тоа што било на друго место. Затоа мислам дека архитект може да ги изведе работите прилагодено и просторот да има и целосна функционалност и убавина.
Еве неколку фирми од Македонија кои се бават со дизајн на ентериер http://www.ateljeproekting.mk/ http://www.dscdesign.com.mk/ http://stonedesign.com.mk/
Мислам дека најдобро е архитекти но се разбира секој колку можи финансиски.Доколку би имала можност својот дом би го препуштила во рацете на архитекти сепак си ја знаат својата работа.
Архитект во секој случај, но со мои идеи. На архитектот може да му текнат работи корисни и на кои јас не би ни помислила дека може да се направат во мојот простор.
Одамна ја немав посетено темава, си стојам на мојот претходен пост да не се разбереме погрешка. Ќе речам мислам дека грото од младите во земјава би се согласиле на помош од архитект и гледам дека и покрај ограничениот буџет тие се одлучуваат за архитект, што е правилно, подобро да се спречи отколку да се лечи, дури и во мојата професија. Искрено би била најсреќна доколку работам само ентериери, тоа е мојата прва љубов, но заработувачката е во малку покрупните проекти. Инаку сеуште ми е тешко да наплатам, и сеуште знам да сработам и нешто од ќеф, но најсреќна сум кога ќе видам нешто што излегло онака како што сум предложила, се разбира ако е во склад со желбите на сопствениците
Не дека сум Архитект, и не дека сум пристрасна за темава ама и јас препорачувам да се побара помош при уредувањето. Јас најмногу работам изведба на објекти, и многу често имам проблеми со завршените проекти. Кога луѓето ќе започнат со внатрешно уредување знаат да направат хаос. Се бушат цевки и кабли, се рушат носечки ѕидови, столбови и греди, се уништува подна изолација... Предност на ентериер направен од Архитект е тоа што ќе имате помалку главоболки, ќе ви најде поефтини и подобри материјали, мебел, мајстори, ќе се избори за попусти, се ќе ви заврши побргу. Многу ми е жал што луѓето кај нас не се во финансиска можност ни за самата интервенција а камо ли пак да побараат помош од сручни лица, но за оние кои можат да си дозволат искрено им препорачувам. Понекогаш знаете „Сиромавиот и скржавиот два пати плаќаат“
Кога ќе дојде време да си уредувам сопствен дом тоа без размислување ќе го препуштам на професионалец - архитект. Ај што немам никакви идеи за такви работи туку и се што ќе видам како идеја ќе ми се допадне и никогаш не би можела да се одлучам, кога би уредувала сама тоа најверојатно би бил многу колоритен простор натрупан со секакви потребни и непотребни глупости и декорации, таква сум, сакам се што ќе видам . Сигурно би било се симетрично, знам дека само такви работи работи ќе барам и ќе биде онака без вкус уредено само натрупано. Ау најголемите дилеми ќе бида то со боите на ѕидовите, тапети и такви работи, може ќе изгубам месеци во размислување. Тоа јас ќе си го дефинирам ко „незнам што сакам„ е таква сум кога треба да уредам или преместам нешто во соба. На архитектот би му дала одврзани раце, само би му кажала дека сакам просторот да биде светол, да има дрвени елементи, беилина и да дава чувство на топлина, а тој нека прави понатака што сака. Дечко ми го бива многу за вакви работи, по професија е дизајнер и има осет и вкус за уредување ентериери, и на него со задоволство би му пропуштила да уредува како сака, мислам дека и он попрво би одбрал архитект одколку сами да се правиме дека си знаеме како треба да биде.
Јас архитект викам само кога сум замислила да бутам зидови низ дома да не ризикувам да бутнам некој потпорен па да ми падне цела куќа на глава или ако сакам да доградувам, па мора некој да ми нацрта за да поднесам да ми одобрат во локална управа. Не знаев искрено дека кај нас архитект учи, и работи внатрешно уредување на дом. Тука не мислам да нацрта кујна или бања, во склоп од градбата на една куќа затоа што се вградува(па струја,цевки, вод/одвод), не е дел од подвижен мебел. Ама да му е работа бои на зидови, тапети, завеси и рунтави перничиња? Тоа ми е како доктор да ти каже со која боја лак да си ги лакираш ноктите
@imelda , за таа област има посебен факултет, не се студира на Архитектонски. Порано беше дел од Шумарскиот факултет, а сега е посебен, т.е. Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер. http://www.fdtme.ukim.edu.mk/za/