1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уредување на домот. Вие или архитекти?

Дискусија во 'Дом' започната од rossonerka, 20 декември 2010.

  1. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    До сега сум уредувала два стана „од нула“, и двата ги осмислив сама со помош на дизајнерот од фирмата што ми го изработуваше мебелот. Вториот пат сакав да ангажирам стручно лице но парите што требаше да ги дадам за него отидоа во буџетот за мебел:tmi:
    Веројатно архитект би го направил тоа малку подобро од мене но и вака сум прилично задоволна како излезе.
     
    На girl-miri и galapce им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со Имелда, тука оној што ти го средува домот внатре е interior designer, архитект е оној што ти го прави нацрт планот за куќата, доградба и слични работи.:)

    Кога се преселив да живеам во куќата дека ја давав цело време под кирија сакав да ја реновирам, ангажирав прво архитект за поместувањето на распоредот, ѕидови, кујна, бања а после средувањето дома со другар ми кој е внатрешен декоратор ја средивме внатрешноста, плочки, патос, бои и слично.
     
    Последна измена: 28 јануари 2015
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Доколку имам финансии и можам да си дозволам, без размислување би ангажирала соодветно, стручно лице. Единствено би сакала само целиот простор да биде во боите кои јас ги сакам и за мебелот да се консултираат со мене. Толку. Другото оставам на тој кој што најдобро си ја знае работата. Која од боите ќе преовладува, како ќе го наместат мебелот, од која страна ќе биде греењето па се' до најмала ситница, оставам на професионалец.
    Јас си имам замисла, кога би морала и сама би си го уредила просторот, во тоа не се сомневам, ама исто така знам и дека ќе има еден куп пропусти кои за стручно лице би биле видливи уште од километар.
    И да бидам искрена многу би се намачила за кое, каде да биде, кој ѕид која боја итн. Со други зборови кога не си стручен за нешто, не знаеш ни што сакаш, си замислил нешто ама не знаеш како да го изведеш. Сто пати ќе се предомислиш и ќе преправиш, па може и дупло време и финансии да потрошиш.
     
    Последна измена: 28 јануари 2015
    На Giovanna, 1209, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Женски, морам да ве негирам и да ви кажам дека и архитектот има познавања од ентериери и нивно уредување. И под тоа уредување, не мислам на тоа како треба да биде наместена софата во однос на комодата со ТВ и додатоците. :lol:

    Неколку семестри се изучува предметот Ентериер или Внатрешна архитектура и се опфаќаат и овие области и тоа баш се учат вакви работи. Можеби не баш детално до најмала ситница, ама сепак еден архитект во секој случај ќе може успешно да се снајде со ентериерните решенија, дури и за вклучување на инсталации како електрика и сл. во даденото решение.
    Се учи тоа во текот на студиите, а со оглед на тоа како стојат работите во последно време, поголемо внимание се обраќа општо на дизајнот, покрај она инженерското кое го учиме во соодветните предмети.

    Јас сум секогаш за овие нешта да му се препуштат на стручно лице. Не сум пристрастна, но мене никој не може да ме убеди дека некој кој нема доволно познавања од оваа област, може да се снајде со просторот.
    Сите имаат замисла и некој веќе развиен стил, ама оној кој не е навлезен доволно во оваа тематика никогаш нема да го извлече најдоброто од просторот, затоа е тука и архитектот - вие ја давате идејата, а ние ја претвараме во нешто материјално. :)
     
    На Espadrila, Giovanna, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.722
    Допаѓања:
    145.086
    Дечкото ми е полн со идеи, не дека јас ги немам, но него се му се поклопува.

    Мене да ме остави, секој ден по нешто ново ќе ми текне, се што ќе видам и јас го сакам.:D
    Па уредувањето би им го препуштила на стручно лице и на него, нека се договорат,мене може да ме консултират за бои , а и да им ја потврдам замислата.]:)
    Стално си гледам ентериери на нет, си лајкувам страни поврзани за домот и во еден ден ми се раѓат триста чудби и идеи.

    Имам само две работи кои МОРА да ги има , се друго пропуштам во раце на кои ќе им верувам.
    Сакам простран и отворен простор , што значи ќе има рушење, па не би да ја срушиме цела зграда.
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Мишела, не велам дека немаат познавања архитектите, дури според мене е подобро нивно ангажирање бидејќи можат да дадат совети и мислења за поважните работи од технички аспект и за максимално искористување на просторот, а самиот изглед на ентериерот да дојде како бонус. Спомнав дека има посебен факултет за да не дојде до забуна дека само архитектите можат да го прават ова, бидејќи сепак ова нив не им е примарната работа, додека на дизајнерите на ентериер тоа им е примарната работа.

    Јас би ангажирала стручно лице за да ми направи во програма изглед како максимално да го искористам просторот без да морам да си увидувам на грешките после реновирање како што обично се случува. Да видам како тоа би изгледало, како би изгледале ѕидовите со боите што ги имам замислено, како би изгледала бањата со плочките кои сум ги одбрала итн., додека мебелот, елементите, би ги бирала сама.
    Но сакам да видам како тоа би изгледало во програма пред сето тоа да го ставам.
    Ова осеќам дека чини многу повеќе од 5 евра од квадрат:lol:.
     
    На galapce, bittersweet и crimson им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е на што мислеше, без гајле, го ценам и трудот на колегите од факултетот за Ентериер, но сепак мојот труд и мојата идна работа си ја ценам и сакам повеќе. Секој со своето, тука нема место за полемики.

    Ајде, ситно бројам, почекајте ме барем да дипломирам, ќе давам и фемински попуст. :lol:
    Не е ова само на збор, баш сум сериозна со муабетов. Сериозно, како за почетник, би била пресреќна ако почнам со ентериери, моментално ми се најомилени после проектантскиот дел испреплетен со конструктивниот, кој дефинитивно ми е врвот до сега.
    Ентериерите ми се љубов, многу се соживувам со ситуациите кои ги добивам во програмите. :D
     
    Последна измена: 28 јануари 2015
    На Doozy, galapce, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.240
    Допаѓања:
    284.168
    Јас имам градежен инжињер дома....најблиску што се може до овие де :rofl:, па меша прсти во се.


    Веќе има цели фајлови со целокупните материјали потребни за изградба на куќа, но и со секаков вид парчиња мебел, плочки, под, врати, прозори, скали, камин, вински подрум...буквално цела замисла како ќе изгледа(сортирано со производител, цена, слика)...
    Однапред ќе биде се договорено и покажано на архитектот и при изготвувањето на планот за куќа да биде напасувано на нашите желби.
    Така да внатрешното уредување ќе биде наше. Ептен некаде ако се заглави, ќе побараме пријателски совет од неговиот најдобар другар кој е воедно градежен инжињер, архитект и статичар.

    Сега во март, како измеѓу живеалиште се селиме во друг стан и веќе нарачавме на ново голем дел од мебелот. За сега одлично се снајдовме.
    Имам само една неодумица:rofl:, ама тоа отом потом ќе си прашам тука:$.
     
    На galapce, do-re-mi и bittersweet им се допаѓа ова.
  9. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Може ли некоја од вас што има искуство да ми препорача добар архитект?
    Средувам стан ама секој ден ми се отвара ново прашање па добро би ми дошол стручен совет... па и целосно решение, што да не (fingers)
     
  10. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    @Marchesa во темата Стручни совети од архитектки можеш да поставиш прашање, а може и да оствариш контакт за целосен проект со некоја од девојките што таму поактивно одговараат. Дел од нив се дипломирани архитекти, а дел при крај на студии.:)
     
    На Marchesa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.316
    Допаѓања:
    41.594
    Пол:
    Женски
    Еве јас сун κажала досега низ темиве деκа студиρам Дизајн и технологии на мебел и ентеρиеρ и мене пρетежно ми пρедаваат пρофесоρи што се аρхитеκти.На аρхитеκтонсκи имаат пρедмети за ентеρиеρи, но не се толκу опфаатени κаκо со нашиот фаκултет.Исто κаκо што и ние учиме κонстρуκтивни елементи и сл пρедмети ама не сме толκу стρучни κаκо аρхитеκт.Лично сметам деκа аκо саκате κомплет нацρат, со се изρаботκа на мебел најпаметно е да се κонсултиρате и со дизајнеρ и со аρхитеκт, зошто ние не изучуваме само дизајн туκу и изρаботκа, матеρијали, технологии, пρоизвитство и пρоеκтиρање.Таκа да дизајнеρот нема да ви напρави само план туκу може да го изρаботи тој мебел и да ви даде совет од аспеκт на инсталации, пρегρадување и сл аρхитеκтонсκи ρаботи. Да не се сфати ова κаκо напаѓање на κолешκите аρхитеκти, само саκам да не се сфаќа погρешно поимот дизајнеρ, деκа е само деκоρатоρ и ништо повеќе.
     
    На Giovanna, RainDrop, Marchesa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Планираме реновирање на целиот стан. Сакаме да ангажираме архитект кој ќе ги има сите профили на мајстори, односно архитектот да го нацрта целиот проект и тој/таа да си ги ангажира сите мајстори. Знам дека вака ќе биде мноооооогу поскапо одколку сами да си ангажираме мајстори, ама немаме време (и живци) сами да го буткаме целиот проект.
    Ве молам доколку имате предлог за архитект со сопствени мајстори (а сте задоволни-од лично искуство) да ми препорачате (може и во ЛП).
    Како се движат отприлика цените? Немаме никаква идеја колку би не чинело.
    Дали ако еден архитект го црта проектот и тој/таа целосно го води целиот процес на реновирање-не го наплаќа цртањето на проектот? Добив ваква информација, ама некако не ми се верува дека би добиле гратис проект.
    Сите информации ни се добредојдени и однапред огромно благодарам!
     
  13. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Ние сами се погриживме за уредувањето на станот, поточно јас, маж ми само велеше добро, добро.....:DМоже зашто после долго време конечно седнавме во свој стан, ама некако однапред знаев што сакам. Од преуредување на собите, рушење, преградување, искористеност на простор, мебел, се беше моја замисла.И мислам дека не погрешив, сите не прашуваат кој архитект сме го ангажирале. Се фалам де....:rofl:
    Ако не си сигурен што сакаш, или како нешто треба да изгледа, подобро е да се консултираш со некој или да ја препуштиш работата на стручни лица. Кога би го правела тоа повторно, секако би ангажирала некој, ако не за друго заради расправиите и нервозите со мајсторите, никако не можат да те разберат што сакаш, како да изгледа, се доведов во ситуација да местам плочки за да му објаснам на мајсторот како сакам, а за колку време ќе завршат тоа никогаш нема да ти кажат точно.
     
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Јас лани уредував стан ( т.е пола стан, зошто уште соби се празни)и тогаш и сега мислам дека архитект поубаво ќе си ја завршеше работата, но пустото кога си со ограничен буџет тоа ти е, крати ваму, сечи таму. Не дека не ми е убаво, но друго е кога пофесионалец ќе си ја заврши работата, ќе бев поштедена од многу нервози и лутања.
    Ќе ти кажам дека моја пријателка во исто време уредуваше стан и она си ангажираше професионалец, од почеток до крај, значи уште додека станот беше во градба, па плочки, санитарии, па измени на инсталации според потребите и сл, па се до уредување, мебел, плакари, осветлување и на крај детали, како украси и слики. Се одеше преку архитектот, она не се замараше како мене со прибирање на понуди од различни мајстори или со шетање по салони за мебел по сто пати или со масторите кој што завршил за колку време.
    Сето тоа вкупно ја кошташе околу 1800 евра за стан од скоро 90 квадрати, значи идејното решение и процесот на работа до самиот крај. Гратис проект немаше. Работата завршена супер на крај. Е сега јас неможев да си дозволам таков луксуз слободно ќе го наречам затоа што 1800 евра мене ме кошташе кујната (дрвенаријата, без апарати) и гарнитурата и нешто кусур:$. Жално или тажно, вистина е.
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    мишела многи грешиш. јас ангажирав стручно лице и се каам затоа што ништо плус не ни направи во 3Д предлогот од тоа што веќе си го имавме ние пред него замислено со извадени идеи од нет а сега очекувам сметка од минимум 10.000 денари. за што? за да ми потврди дека аголната гарнитура треба да дојде во ќош? многу се зезнав, мм беше против и криво ми е што не го послушав. за тие пари можев нешто квалитетно да си купам за дома :(((
     
  16. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    ја ценам професијата ама исто така мислам дека е прескапо, особено за тоа што кажав од а до ш како јас замислувам. требаше да ќутам и оставам да чујам идеи. не добив идеја за комбинација на бои, материјали, ништо.... само основен 3д модел на соба и тоа со бели ѕидови и гарнитура чија боја ја кажав јас. ќе пукнам од мака!!! никад више нема да најмам човек за вакво нешто!!!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Од „стручно лице“ до стручно лице има многу разлика, затоа внимателно се избира човекот на кој ќе му ја препуштите работата.
    Не грешам јас ни малку, напротив, искуството ми покажало и убедена сум дека стручно лице многу подобро ќе се снајде од некој кој нема доволно познавања од оваа област.

    А тоа што на пазарот се вртат мал милион идиоти со диплома во рака и проектите ги решаваат колку да се каже, не значи дека архитектите и дизајнерите не си ја знаат работата, сепак ваквите исклучоци се ретки, но ете, да не даде среќата да налеташ на такви повторно.
    Баш ми е жал што си имала такво искуство, но пак ќе кажам, до човекот е и до неговиот пристап кон тебе како клиент и кон самиот проект.

    Патем, да ја споделам мојата најнова радост - успешно го сработив мојот прв посериозен ентериер! Пресреќна сум, си исполнив една од најголемите желби на моето детство. :)
     
    На mims-89, do-re-mi, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Препорачајте некој добар архитект !:?:
     
  19. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.345
    Имав идеи еден куп како сакам да ми биде уредено, планот на куќата и едноставно дојде тоа време и мене ми закочи мозокот. Како да се уморив пред време. За среќа ангажиравме со вереникот млад архитект, не знам ни колку е добар ама ми остави прекрасен впечаток, некако се поклопивме со мислењата. Најбитно ми е што ја придобија мојата доверба баш дека е млад и верувам дека е креативен.
    Сега во фаза сме да го направи планот (треба прво да измери) и се израдував бидејќи се согласи да ни помогне и за внатрешно уредување.
    Секако не мора да ми каже каков мебел да купиме, но доволно е да ги усогласиме боите во просторот со негова помош.
    Е сега прашањето ми е дали знае некој/а колку време е потребно за планот да се нацрта зашто после треба да го однесиме во општина и можеби да чекаме некој месец за одобрување?
    Ми се брза, сакам побрзо да се почни со градење. :)
     
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Доколку се има можност да се ангажира, да.
    Како професионалци може многу полесно од нас да искомбинираат некои работи.
    Наше е да дадеме замисла и правец за нашите желби. Они треба да предложат неколку варијанти према проценката направена од нивна страна.
    @Feodora Зависи од архитектот-колку е зафатен, на колку проекти работи истовремено?!
    Не е едноставна работа, се работи со мерки и една грешка може скапо да чини. Затоа не форсирајте, оставете нека го нацрта како што треба.
     
    Последна измена: 25 декември 2016
    На Feodora му/ѝ се допаѓа ова.