Не знам зашто не можам Спојлер Фирмата е Арте Нова, работат низ цела Македонија. Не знам дали за помали проекти ќе се нафатат да доаѓаат, нам мебел за буквално цел стан бесплатно ни го доставија и монтираа. http://www.artenova.mk/kontakt/#telefoni
Секогаш кога сум барала понуда за изработка на кујна сум добивала нацрт од изведувачот бесплатно. На последно сама си ја измислив кујната во планерот на икеа, кој е онлајн и бесплатен, иако после се решивме за друга фирма, и тие нормално си направија нивни нацрт, за да знаат што да произведат.
Кога се вселивме прв пат дома си уредувавме сами. Но, по икс години дојде време за целосно реновирање. Ангажиравме дизајнерка за внатрешно уредување и сме презадоволни. Освен проектот нејзина беше и изведбата и надзорот до самиот крај. Домот изгледа како од списание (сами никогаш не можете да направите да изгледа така, некој сепак учел за тоа), а нула стрес и нервози и стрес со електричари, молери, плочкари и останати мајстори, избор на мебел, плочки, патос, завеси, бои, осветлување, шетање по продавници и купување... Вреди за секој платен денар.
А зошто сите викаат архитект за внатрешно уредување, а не човек што завршил факултет за дизајн и технологија на мебел?
Архитект дизајнира објекти како целина, дизајнер на мебел дизајнира мебел, дизајнер на ентериери дизајнира внатрешно уредување на домот. Три различни професии. Иако и архитекти работат ова, за уредување на внатрешност на дом, најсоосветен е дизајнер на ентериери.
едно прашање. Според вас што е најдобро завеса, венецијанка, зебра завеса или ништо? од надвор има ролетни
Не ти треба зебра ни венецијанки кога веќе имаш ролетни. Собираат доста прашина и не се едноставни за чистење, башка даваат ладен канцелариски изглед. Обична завеса стави си за естетика што можеш да ја переш во машина кога ќе ти текне.
Без ништо не би била јас, сепак си сакам приватност, а не сите да ми гледаат по дома, затоа најдобро како што ти кажа и членката над мене, обична завеса која ќе можеш да ја переш.
можеш ли да ми пишеш со која дизајнерка работевте и дали сиот мебел го купивте во продавници или имавте и порачан по мерка? барам некој дизајнер што соработува со фирма што изработува мебел по мерка, посебно вградени шкафови итн
Може ли препорака за некоја страница или апликација кај што би можела да добијам идеја за детска соба?
Brons скоро имаа ставано детски соби, може нема да се по твој вкус ама имаат идејни решенија што можеше да ги "украдеш". https://instagram.com/bronsinterior?igshid=OGRjNzg3M2Y=