Уредување на домот. Вие или архитекти?

Дискусија во 'Дом' започната од rossonerka, 20 декември 2010.

  1. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    13.419
    Кога го купив новиот стан, мислев дека уредувањето ќе ми биде најзабавниот дел. Па имам Пинтерест, имам Инстаграм, имам фантазија – што би можело да тргне наопаку? По првите три часа лутање по салони за мебел и пет различни мислења за тоа „дали каучот треба да е сив или беж“, сфатив дека ова не е баш како во стори :D

    Одлучив да соработувам со архитект, и денес мислам дека тоа беше една од најдобрите одлуки што сум ги донела. Соработката започна со запознавање со просторот, мерења, разговор за моите навики, очекувања и буџетот со кој располагав. Многу ми се допадна што од самиот почеток сè беше поставено јасно и организирано – добив 3D визуелизации, скици, и тоа ми помогна веднаш да замислам како би изгледал станот кога ќе биде готов. Секоја одлука беше разгледана заедно, без притисок, но со голема поддршка и насоки од неа.

    Архитектката пристапи кон уредувањето со чувство за рамнотежа помеѓу естетика и функционалност. Особено сум задоволна од тоа како успеа да ја искористи секоја можна површина – кујната е исклучително практична, а во другите две соби има плакари кои на прв поглед изгледаат како дел од ѕидот, но зад нив се кријат целосно организирани простори со полици, фиоки и делови за облека. И сето тоа без да изгледа гломазно или да ја оптовари просторијата.

    Во однос на мебелот – се беше нарачано од Турција, идентично со рендерите. Единствените елементи што ги променивме беа неколку мали масички, и тоа по договор. Таа се погрижи и за завесите и теписите, а јас се посветив само на декоративниот дел, ламбите и сликите. Иако ги избрав сама, се придржував до насоките и концептот, а сликите беа нарачани од млада уметница.

    Она што ме воодушеви најмногу – и што секој што влегува веднаш го забележува – е осветлувањето. Станот има многу извори на светлина и добро планирани светлосни точки, што прави секоја соба да изгледа поголема, посвежа и поотворена отколку што е во реалноста.

    Сега, кога се е завршено, можам искрено да кажам дека добив дом кој не само што изгледа убаво, туку ми одговара естетски, практично и емотивно.
    Да, можев и сама да пробам да уредувам, ама немаше да излезе вака прецизно, смирено и усогласено.
    Лично соработката со нејзе ми заштеди време, енергија и многу дилеми.

    За крај, искрено би препорачала соработка со архитект на секој што се наоѓа пред предизвикот да уреди нов дом – ќе заштедите време, ќе избегнете импровизации и ќе добиете сигурност дека просторот ќе биде функционален и уреден токму по ваш вкус :)

    Во продолжение неколку слики
    IMG_9931.jpeg
    IMG_9883.jpeg
    IMG_9957.jpeg
    IMG_9960.jpeg
    IMG_9820.jpeg
    IMG_9963.jpeg
     
    Последна измена: 20 јули 2025
    На Joanna28, Lizi, Mumoftwo30 и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.766
    преубаво :inlove:
     
    На Mumoftwo30 и deliza им се допаѓа ова.
  3. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    2.419
    Пол:
    Женски
    Препреубаво ти е, со здравје да си живееш и да си уживаш :hug:

    Сакав да те прашам мебелот од каде е од Турција? Ептен ми се свиѓа гарнитурата и масичките.
     
    На Mumoftwo30 и deliza им се допаѓа ова.
  4. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    13.419
    Фала ти многу! ❤️ Мебелот е правен по нарачка според рендерите, па не знам точно од каде се набавени – тоа го организираше архитектката. А масичките ги сменивме и ги избравме заедно, па се сеќавам ми прати линк и од таму ги нарачав
    еве го линкот
    https://www.larexdesign.com.tr/products/page/6/
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    2.419
    Пол:
    Женски
    Фала ти најмногу :hug:
     
    На deliza му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.666
    Допаѓања:
    8.858
    Ќе сакаш ли да ми пишеш порака бидејќи јас не можам, ме интересира цената за архитектот колку беше?
    И колку плативте за шипинг за мебелот?:)
    Прекрасно е сѐ:)
     
    На deliza му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.766
    и мене ме интересира колку плативте за архитектот

    @deliza
     
  8. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    13.419
    Проектирањето беше 20 евра по метар квадратен :)
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    45.813
    Пол:
    Женски
    Јас наплаќам 15 евра од квадрат, се движат од 15-20 моментално.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.766
    Допаѓања:
    10.658
    Пол:
    Женски
    За кој архитект се работи? Ако е од Мк секако?
     
  11. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    13.419
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ORNEL

    ORNEL Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2025
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Здраво

    Купив стан. Сега доаѓа потешкиот дел, уредувањето. Имам проблем со таваните, вратата и таванот се допираат и не знам како ќе поставам завеса. Идеја како би ги решила овој проблем?
     

    Прикачени фајлови:

  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.431
    Допаѓања:
    190.699
    Баш се допираат? Ни еден сантим нема меѓу отворена тераса врата и плафон?
    Ако има 1,5 цм барем, ваква корниза шина
    upload_2025-7-23_11-45-41.png
     
    На ORNEL му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ORNEL

    ORNEL Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2025
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.809
    Допаѓања:
    182.728
    Стави зебра завеси или ако сакаш обична завеса корнизот ке дојде напред на плафонот
    Друго нема
     
    На ORNEL му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    978
    можеш како што вика алиса зебра завеси, а претпоставувам дека е носач над вратата па ако сакаш перде тогаш корнез скроз од еден до друг крај таман да го скрие носачот и страните кај вратите
     
    На ORNEL му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.809
    Допаѓања:
    182.728
    Еве тука ке треба корниз
    Горе ке скрие трегер се тоа ок
    Ама доле на подот 30 40 см ке одземе
    Затоа зебра најарно ако е мало станче, ако има простор тогаш обична завеса
     

    Прикачени фајлови:

    На ORNEL му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mkdx

    Mkdx Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки. Имам нов стан од 70 квадрати, и опремени ми се само 2те вециња. Моментално какви се цените, колку би ме чинело од прилика да опремам кујна, дневна, една работна соба и спална?
     
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.809
    Допаѓања:
    182.728
    10 до 15К
    Среден квалитет
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    229
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20250728_211930.jpg Screenshot_20250728_211909.jpg

    Сакам мал простор од домот да искористам за место за читање книги. Имам две варијанти што размислувам првата е како на првата слика само не да биде во ѕидот вдлабнато туку како на прозорец, второто ми е нешто слично на втората слика со футеља некоја и над неа полици за книгите.
    Ми треба мислење кое би било и по практично и по убаво? И дали е подобро да биде во дневна или спална?