1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уредување на домот според хороскоп

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Sara123, 17 јануари 2013.

  1. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    За оние кои веруваат дека хороскопот влијае во секојдневниот живот.

    Овен
    Одлуките ги носат спонтано, обожаваат слобода и својот авантуристички дух го пренесуваат во ентериерот. Затоа, мебелот кој тие го избираат мора да биде функционален додека естетиката е на второ место. Темпераментот на овенот одговара на огнените бои како што се црвените нијанси, а металот им е поомилен од дрвото кога станува збор за материјалите на мебелот. Централно место во станот им зазема собата со креветот, како и полиците со многу книги.

    Бик
    Ужива во собирањето на најразлични предмети и украси, а воедно и ужива во традицијата. Сака антиквитети, а сите сувенири се поставени на видливо место. Од боите најмногу му одговараат зелената, портокаловата и земјените тонови. Централно место зазема кујната, а најсреќни се кога живеат во сопствена куќа со голем двор.

    Близнаци
    Флексибилни се и најчесто сакаат дружби. Затоа преферираат отворени, пространи простории кои лесно се одржуваат. Често се селат, па избираат мебел кој лесно се склопува и расклопува. Преферираат жолта боја, како и светлите нијанси на сивата и сината. Сакаат да организираат куќни забави, а исто така многу време во денот поминуваат во работната соба.

    Рак
    Раковите се познати по своите страсти кон колекционерството. Потребна им е сигурност во домот, па затоа им е многу важно да се чувствуваат удобно. Ѕидовите често се украсени со семејни фотографии или фотографии од патувања, а преферираат меки материјали кога станува збор за мебелот. Сакаат топли бои како што е виолетовата, а средишното место во нивниот дом го зазема дневната соба, со топол и мек мебел.

    Лав
    Важна им е пораката која ја испраќаат преку средувањето на ентериерот, па затоа преферираат уникатност и луксуз. Од боите најчесто ги одбираат белата и златната. Најголем дел од времето го поминуваат во своите кралски фотелји или меки, раскошни кревети.

    Девица
    Девиците се реалистични и скромни, но тежнеат кон перфекционизам. Функционалниот мебел многу вешто го комбинираат со прекрасни детали и сувенири, а покрај самата естетика многу важен им е квалитетот. Од боите најмногу им прилегаат кафените тонови, кремастите, како и зелената. Нешто најважно во нивниот дом им се дворовите или пак балконите со извонреден поглед.

    Вага
    Вагите се познати по одличниот вкус, друштвеноста и чувството за уметност. Живеат со стил, модерно, тежнеат кон луксуз, при што често забораваат на функционалноста на предметите. Сите простории мора да се совпаѓаат по боите, особено во белите тонови, сребрената и плавата. Најгорди се на уредувањето на луксузните бањи.

    Скорпија
    Страствените скорпии тежнеат кон оригиналност, па затоа во домот често мешаат многу стилови. Формата на предметите и лудите идеи им се поважни од удобноста, а од материјалите најмногу ги сакаат железото и кожата. Преферираат црвена, силно зелена и црно – бели контрасти.

    Стрелец
    Стрелците често патуваат, великодушни се и не престануваат да ја бараат смислата на животот во мудростите. Отворени се за многу култури, а за нив идеалниот стан има високи тавани и е богато опремен. Виолетовата, пурпурната, како и темно сините тонови се оние кои најчесто ги користат за уредување на ентериерот.

    Јарец
    Ладни, воздржани, реалистични и скромни луѓе кои своето место на живеење го уредуваат исклучиво со неопходните парчиња мебел. Не сакаат многу детали и сувенири, а се што купуваат планираат да им трае до крајот на животот. Преферираат јасни линии и цврсти материјали, како што е каменот. Од боите омилени им се сивата и сините тонови.

    Водолија
    Водолиите обожаваат експерименти, екстравагантни се и тежнеат кон оригиналност. Во нивните домови се испреплетуваат различни стилови, а често знаат и да го менуваат распоредот на мебелот, сликите и декоративните елементи. Обожаваат стакло, бамбус и алуминиум.

    Риби
    Живеат во романтичен свет, во кој голема улога играат чувствата и соништата. Идеална локација за живеење за нив е куќата покрај море, која е креативно уредена и украсена со уметнички детали. Од боите ја преферираат тиркизната кога станува збор за ентериерот, а нивниот дом го доживуваат како одлично место за мир и релаксација.

    Превземено од crnobelo.com
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Па точно е. Особено дека сакам кожа, црвено и црно бело до негде :)
     
  3. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Овен
    Одлуките ги носат спонтано, обожаваат слобода и својот авантуристички дух го пренесуваат во ентериерот. Затоа, мебелот кој тие го избираат мора да биде функционален додека естетиката е на второ место. Темпераментот на овенот одговара на огнените бои како што се црвените нијанси, а металот им е поомилен од дрвото кога станува збор за материјалите на мебелот. Централно место во станот им зазема собата со креветот, како и полиците со многу книги.

    Точно е се, освен полици со книги :?:
     
  4. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    *Со просторите што лесно се оджуваат ми погоди. Мојот дом многу лесно се одржува.
    *Со селењето и мебелот не е точно! :!: :lol:
    *Со боите само 80% е точно.
    *Со забавите дефинитивно! Обожавам, само што си ги правам во party room! :party: :dance: :music: :d:
    *Со работната соба така-така ми погоди! :P
     
  5. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Точно е за рак. Се повеќе верувам во хороскоп :D
     
  6. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    за вагата све си кажа како што е :) да, сакам луксуз и за бањата е точно :D
     
  7. Bailey

    Bailey Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Скорпија
    Страствените скорпии тежнеат кон оригиналност, па затоа во домот често мешаат многу стилови. Формата на предметите и лудите идеи им се поважни од удобноста, а од материјалите најмногу ги сакаат железото и кожата. Преферираат црвена, силно зелена и црно – бели контрасти.

    Јарец
    Ладни, воздржани, реалистични и скромни луѓе кои своето место на живеење го уредуваат исклучиво со неопходните парчиња мебел. Не сакаат многу детали и сувенири, а се што купуваат планираат да им трае до крајот на животот. Преферираат јасни линии и цврсти материјали, како што е каменот. Од боите омилени им се сивата и сините тонови.

    не се сложувам со ништо од напишаното за шкорпија јас сум шкорпија и искерно ништо од тука не е точно шкорпиите баш секогаш гледаат да е удобно и светло не сакаат многу сувенири, обожаваат да уредуваат со камен и во собатра мора да има голем цвет со топла боја и омилени бои им се сивата и сините тониви истото што е напишано за јарец. :D
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Во голем дел точно :nod:
    Можеби боите не ми одговараат многу, ама точно е дека сакам најразлични украси и сувенири, бидејќи сум носталгичар и сакам со еден поглед низ домот, да ми навиреат убави спомени. Не би рекла дека централно место во мојот дом ќе зазема кујната, ама точно е дека сакам голем двор. Никогаш не би можела да замислам да живеам во стан.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Вага
    Вагите се познати по одличниот вкус, друштвеноста и чувството за уметност. Живеат со стил, модерно, тежнеат кон луксуз, при што често забораваат на функционалноста на предметите. Сите простории мора да се совпаѓаат по боите, особено во белите тонови, сребрената и плавата. Најгорди се на уредувањето на луксузните бањи.

    Точно е се :D
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.861
    Допаѓања:
    35.569
    Пол:
    Женски
    Рак
    Раковите се познати по своите страсти кон колекционерството. Потребна им е сигурност во домот, па затоа им е многу важно да се чувствуваат удобно. Ѕидовите често се украсени со семејни фотографии или фотографии од патувања, а преферираат меки материјали кога станува збор за мебелот. Сакаат топли бои како што е виолетовата, а средишното место во нивниот дом го зазема дневната соба, со топол и мек мебел.

    Само болдираното е точно. :D
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    :D јарец ... 50% не
     
  12. UnPaso

    UnPaso Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Девица

    Девиците се реалистични и скромни, но тежнеат кон перфекционизам. Функционалниот мебел многу вешто го комбинираат со прекрасни детали и сувенири, а покрај самата естетика многу важен им е квалитетот. Од боите најмногу им прилегаат кафените тонови, кремастите, како и зелената. Нешто најважно во нивниот дом им се дворовите или пак балконите со извонреден поглед.
     
  13. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Бик
    Ужива во собирањето на најразлични предмети и украси, а воедно и ужива во традицијата. Сака антиквитети, а сите сувенири се поставени на видливо место. Од боите најмногу му одговараат зелената, портокаловата и земјените тонови. Централно место зазема кујната, а најсреќни се кога живеат во сопствена куќа со голем двор.
    Хехе погодиле за мене :D
     
  14. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Точно е за девица! Ова хороскопот е страшна работа.. ако некој сака да ме запознае само нека прочита хороскоп и finish :D
     
  15. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Близнаци
    Флексибилни се и најчесто сакаат дружби. Затоа преферираат отворени, пространи простории кои лесно се одржуваат. Често се селат, па избираат мебел кој лесно се склопува и расклопува. Преферираат жолта боја, како и светлите нијанси на сивата и сината. Сакаат да организираат куќни забави, а исто така многу време во денот поминуваат во работната соба.

    ТОЧНООО :)
     
  16. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Не се согласувам. Точно е дека сакаме луксуз, но зависи во која форма. Јас на пример си сакам уникатна и опуштена атмосфера во домот. Кралски фотелји? Чекај малце од тронов да слезам.. :D ехаа и вие шо направивте, луксуз да, кичасто не. :!: :yawn:
     
  17. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121

    Точно е!