Барав но не најдов тема за уредување на купатило Дајте предлози од искуство темна или светла плочка,када туш кабина или џакузи Слики од веке направени купатила Совет за тоа каде има најмогу избор и прифатливи цени
Црна или бела плочка на под избегнувај обавезно. Се, ама баш се се познава. Моите подни се прљаво бело со некои крем линии ама се се познава, секое влакненце колку и да е минимално Јас најмногу сакав комбинација светло сиво со темно виолетово, бело со јоргован или ментол зелена со бело ама маж ми, тогаш дечко, се одлучи за темно црвено со прљаво бело. Убава е комбинацијата не дека не е Друг совет од искуство не земај зидна плочка со 3д дизајн затоа што е потешка за чистење, поубаво само бордурата ако ја имаш да ти биде со 3д а оваа другава со оптичко/лажно 3д. За када, туш кабина или џакузи најмногу зависи од големината на купатилото и распоредот на елементи што ќе го имаш внатре, зависи што ќе ти собере и за што имаш повеќе мерак Бидејќи ние имаме када да ти кажам дека цените им се движат од 12-13 000 до 120-130 000. Јас се заљубив во една црна без пластики, без ништо, овална, длабока 45 см, тенка 3 см, демек не фаќа прашина, антибактериска, антиалергенска ама и цената и беше анти мојот паричник
128.000 во еден салон кај ПТТ средното, веднаш до него има салон што имаше реклама за секакви подови од К-15 мислам, со црвени букви испишани мада сега им фалат буквите Инаку на располагање им беа останати само две такви, едната овалната и другата правоаголна ставени веднаш кога ќе влезеш за да не можеш да ги утнеш
Да и од мене совет за бели плочки во купатило никако, имаме такви и чистењето за нив е смрт, за 2 дена се прават ужас.
И за црните јас да се надоврзам само мокри се убави водава во скопје е "уметник" за црни плочки Пред да се омажам обожавав црн мебел (кујна,гарнитура и купатило) сега несакам да ја смислам
Како ви се бендисува плочката? Бело со нежна лила боја ми е убава комбинација Друга некоја комбинација
Вакви има кај една другарка во Скопје.. Настел ги градеше зградите. Таа ми има кажано дека се лесни за одржување, кога и да отидам е чисто а не е некоја ултра домаќинка Така да...
http://www.enmon.mk Овде имате пристапни цени и убави и квалитетни плочки и санитарии, другото зависи од просторот и вкусот и вашата лична потреба
Имам вакви плочки, ѕидни и супер се. За одржување се лесни и практични, а богами и многу убаво изгледаат.
На страната не се гледа убаво , најубаво да си отидете во салонот, не знам тоа дали е за квадрат, во салонот поубаво се гледа имаат разни цени ,а убав избор
Зависи што ќе правите, мислам дека без 2000 евра нема да бидете. Разгледајте ги дуќаните за плочки во Маџари, се наоѓа по нешто интересно таму. Не се држи за колекција, можеш да си направиш комбинација што ќе ти одговара од подни и ѕидни што те бендисуваат. За санитарија со пристапни цени види ги Падеде кај Три Бисери и Аквалукс кај Дојрана
Ние од едмонд земавме плочки , и нешто санитарија , задоволна сум доста , супер цени имаат , па и попуст даваат