Кажете од тие што имате вакви мијалници како садови големи што би се рекло и вакви како споени со шкафчето. Кој е попрактичен за чистење? Јас мислам вториот е подобар, бидејќи е од сите страни заграден, а првиот има простор да се слева водата во него и може да рѓосa измеѓу мијалникот и шкафчето. Am I right?
Како првиот имам лесен е за чистење,вода неможе да протече залепен е убаво. Е сега јас го имам нешто повеќе од 1 година до сега немам приметено ништо за понатака незнам
Ствар на вкус е. Попрактичен само заради чистење може е вториов. Ама на првиот нема што да рѓоса, нема железо нигде, залепено е со силикон неможе ни вода да пројде. Во двете варијанти треба само да се пази да е добар материјалот на шкавче, обична иверка брзо ќе се расцвета од водата. Јас ја имам првата варијанта од што морав. Немаше точна големина како вториот што ми одговара па го ставив надграден.
Здраво,да ве прашам каде да најдам вц школки асални или до казанчето е незнам,да испушта нагло вода ?
Сакам да го сменам цело купатило скроз - вадење стари цевки, промена на распоред на цевките, нови плочки, кабина, елементи, сè. Колку време да очекувам дека ќе биде потребно за да се направи сето тоа? Станува збор за мал простор, 3 метри со 4 метри должина. И дали постои екипа што сериозно го работи ова, значи се посветува најбрзо што може да се среди, а не да работат по 2 саати на ден, на 5 места истовремено, па да бидам месец дена без купатило.
Куќа или стан? Со менување распоред на цевки не знам што мислиш, вц шоља тешко да смениш позиција. Рачунај 2 недели, вадење на старото, копање, малтарење, сушење...па редење ново.
Куќа. Да, сакам и шољата на друга страна да ја ставам. Апла друг распоред на сè. Да не знаеш мајстори да препорачаш?
Не знам мајстори, ама знам дека шоља на друга страна е малку невозможно. И во куќа да е, одводот е поставен под темели ваљда, не може се да се прекопа. Прашај си мајстори, ама биди спремна ако ти кажат не може дека не може. Ако кажат може, јас би била сомничава.
Здраво, дали знаете каде можам да најдам вакви бели плочки ѕидни, и подни некои во сличен стил? Исто има ли некој искуство со црна фуга, дали е добра идеја?
Јас го имам вториот и сум задоволна, практичен е. Сигурно веќе си купила ама барај нешто што е практично. И првото убаво изгледа ама вода насекаде ќе имаш. Барем јас кога би го користела. Вториот колку е поширок па пак ми прсне некогаш по некоја капка, со првиот јас воопшто не би можела да функционирам а баш е модерен.
Чисто како информација да споделам, може некому ќе му користи; може да се смени распоред како сакаш, на главната цевка од водовод додаваат други цевки и така се прави пренасочувањето и промената на позицијата на шољата. Бонус инфо: тргање на сè од вецето вклучувајќи ги и ѕидовите (до цигла), малтерисување на нови ѕидови и под, местење на водовод, одвод и кабли за струја, местење на плочки и цокле, местење на врата, местење на елементи и поврзување на струја, значи сето тоа кај мене го завршија за 18 денови. Што сметам дека е солидно брзо.
Ve molam za pomos.Go ureduvame stanot i imame gostinsko wc i wc za nas. Vo gostinskoto stavivme beli plocki so poprskani sivi sari niz niv i toa e malo wc, a vo naseto wc stavivme crni so proprskano niz niv i e golemo wc.Se mislam za sanitarijata,mnogu sakam da stavime crna solja,crna cesma i umivalnik.Ve molam za mislenje i iskustvo so istite za cistenje.Da napomenam ne sum od Skopje i nemame problem so bigor so vodata
@MissChievous дали со фирма се договори за реновирање? Ако можеш пиши ми име или број. И јас треба да го реновирам од темел и најпрактично ми е со фирма да се договорам наместо поединчено да бркам мајстори, па термини можеле - не можеле .. Исто некој друг доколку ина предлог за фирма, споделете.
Не со фирма, посебно човек за рушење, посебно човек за водовод, посебно за струја и редење санитарија, посебно за гипсање, посебно за плочки, посебно за кантардаглас. И тоа од муабет, еј познавам еден што мести плочки. Среќа па ни се посреќи, сè одеше ко што треба, никој не откажа.