Здраво, ме интересира дали некој има искуство со ставање на микроцемент во купатило, дали е подобро од плочки
Исто вака ама буквално иста плотна за машините перење сушење и просторот за елемент вака ќе се прави кај нас дека е ист просторот само плочките се бели клот и елементи ќе има над машините
Здраво, дали некој има купено црна чешма за умивалник која е повисока односно делот од каде што тече водата да е околу 27 цм и од каде? Ми треба за од страна на надграден умивалник
Во купатилото има ставено умивалник, сега сакам одоздола да ставам и плакар, ама на сликиве гледам само комплети, каде да барам елемент со дупка на плотната?
Тоа последна опција ми е, ич не сакам да фрлам нови неискористени работи. Порано во сите дуќани имаше башка само елемент да се купи.
Нели е тоа во зависност од брендот на казанчето, различни механизми имаат Grohe, Geberit, Liv, Clever… зависи од кај ти е купено, види таму
Здраво. Дали сте задоволни од вградени казанчиња? Ќе го реновираме купатилото па се мислиме дали да ставиме такво казанче. Многу поубаво изгледа ама што ако испадне некој дефект? Се кршат плочки или?
Во Холандија сите се вградени насекаде. Никогаш не сум слушнала од никого за дефект ни се случил кај нас еве 13 години.. Сега не знам ако е скопска вода каменец и се тоа, ама прашај си како се решава. Инаку е супер, рачунај и во јавни тоалети е така на аеродром пример тие се нон стоп употребувани, никаде не сум видела скршени плочки
Во еден стан под кирија каде што живеевме имаше вграденл казанче. После 15тина год од изградба на зградата имаше дефект и ги корнеа плочките и копаа во ѕидот за да го решат. Ова во ск. После тоа јас не би одбрала вградено, иако подобро изгледа.