@ALISA0000 беше до таму најде нешто?, ние летото гледавме околу 950ден беа тие што ги меркав , ги фалат доста
Мене ми изгледа како добра идеја, види на нет има убави слики од купатила со имитација на дрво, мене ова ме бендиса.
Јас си ставив и попаметна работа за нешто друго во домот од ова нема и во кујна ставив Баш ваква нијанса, ги искористив и на делот кај мијалникот и туш кабина, мислам дека некаде имав слики по темиве. Ништо нечисто не се познава, јас темелно го чистам купатилото еднаш во неделата и тогаш ги пребришувам и плочките, онака на два дена само ќе ги поминам со вода заедно со шоља и мислам дека и да не ги чистам и подолго ништо нема да се познава. Даваат и топлина плус, во комбинација со бели ми се. Нема некој што дојде на гости да не ми рече купатилото ти е сон.
Како мајстор, можам да ти потврдам и да ти кажам, дека ваква плочка „Декор“ нијанса на дрво.. ти е нај добар избор за под, во складна „свелто кафена“ нијанса на ѕидни плочки! особено шарата на дрвото, му дава до израз на купатилото и изгледа многуу по големо и отворено
Имаш разни дизаини, и разни нијанси на „дрво“ почнувајки од кафена во сите нијанси мат/сијај па се до дрво дизаин на сивкаста боја.... Али по добра комбинација од ете под со шара на дрво, поставени плочки без фуга нормално, комбинирано со некоја плочка на сива нијанса!! (немора да е дрво шара) со 2мм фуга, бродски редени ѕидни плочки во хоринзотала П.с кај мене лично дома така кујната ја правам и можам да кажам дека е прекрасна комбинација!! Ако сакаш и би ти сликал, само веќе ближам до завршна фаза немам дозавршено, а следно ми е купатилото. Па планирам истите нијанси да ги искористам! Е сеа, обично купатилските елементи се претежно бели, пошо едноставно белата боја се вклопува со се!!! Па да те прашам, околу просотор за „елементот за бањање“ што би било класична када? или некоја детално изработена по мерка, туш кабина, со цоклиња?
П.с би сакал еве, едно интересно нешто што сум го сработил... и која е разликата во визуелната големина.. Имено се работи за 2 идентични простори, од кој што визуелно поголемиот простор, е купатило, и има помали димензии на плочки комбинирани, темно кафени со, многу светло кафени.. А другиот простор е изработен со големи димензии на плочки, со темно кафена нијанса.. и нормално визуелно изгледа дупло помало А разликата квадратура е, тоа што ете купатилскиот простор е за 0.39м2 поголем од просторот во кој би се користело како wc.... немам се и сешто сликано што сум работел, али ете ми текна во моментов на тоа https://www.facebook.com/photo.php?...set=pcb.1464239986966945&type=3&theater&ifg=1 го имате на следниов линк ..
Сликата со хоризонталните плочки изгледа поголемо Јас планирам када со параван стакло да турам просторот ми е 2×2.50
Одличен избор.. само што изработката на параванот со стакло ке те чини многу повеќе...зависи и од димензијата нормално.. Имаш многу подобра варијанта, на параван изработен од плексиглас, матиран... многу лесно се чисти и многу поевтино е...ако веќе размислуваш за када.. Ама вака од ум, не може никој конкретно ништо да понуди.. Дури и дизаинот и шарата и бојата, на плочката се бира спрема просторот, а се зависи од тоа колкав е просторот, каде би стоеле елементите и нај нормално каде се наоѓа прозорчето.. и колку осветлено би било.. Пример да бапниш, темна нијанса на плочка, пример Црна.. во малецко купатилце, ке ти биде страв да влезеш внатре се зезам..
Е нема прозор затоа ке одам со светли плочки И само темен дрво под нема да стесне визуелно ако другото е лајт крем Аууу матирано нема шанси Чисто стакло сакам
Мал простор, дрво декор, плочка за под.. и некоја лајт крем со нијанса на сиво!! али не поголема димензија на ѕидна плочка од 200х600 редена во хоринзотала
Има ефни плочки многу ми се бендисааама 120×60па ми е страв да не изпопагаат пошто ке лепам плочка врз плочка Несакам да ризикувам и најверојатно ке бидат зидните 20×50
Нема врска тоа, баш цената... со паѓањето (одлепувањето) само некогаш некој од нај евтините имаат мана во димензиите, се разликуваат во неколку мм 2/3 максимум, па мамето би му се расплакало на монтерот A и не би ти препорачал плочка над плочка бидејќи се што е залепено си има век на траење.. па и сигурно не ни знаеш како тие моментални плочки се залепени и до каде се со одлепувањето Секој добронамерен мајстор, би ти препорачал корнење на старите, средување подлога и лепење на новите.. 2000/3000 максимум плус ке дадеш, ама барем ке бидеш сигурна, бидејки за век го правиш.