Е еве де, се надевам дека ке се пријават кандати/ки за припомош кога се работи за „физикалија“ п.с стојам на располагање и јас де
edna idea koja ja imav najdeno na instagram,veruvam na nekomu ke mu se najde dokolku ima potreba ako stanuva zbor za maloprostoren toalet
Еве и од мене предлог за изведба на под во купатило. Одбравме црно бела,сива варијанта насекаде во куќата (кујната,дневната,трпезаријата) па и купатилото е со црно бели плочки,бел хантер даглас. Малку е валкано но не е важно. За изведба на купатилото имав вербална борба со сопругот па малку фалеше да има и физичка пресметка бидејќи настојуваше да биде помало функционално да има туш кабина и толку додека јас сакав када бидејќи цел живот се бањам стоечки а купатило не планирам да рушам па да реновирам. Добив бања од 12 m2 и ова џакузи. Како? Со мажите проблемите се решаваат политички дами мои . Ја заборавив и туш кабината која не е по моја желба но мораше да има компромис. Ќе пуштам дополнителни слики за неколку дена откако се ќе се монтира. Туку дајте предлог за мебел во бањата. Нешто исто црно бело 85-ка или 90-ка да одговара на џакузито. До 25 000 денари. Каде да купиме готово?
180x80 длабочина 55 cm. Само кадата е 24000 ден во Аквалукс. Со еден бловер е 39400, со два бловера 54800 ден. Имаат многу убави модели на џакузија. Не се разбирам многу мене изгледот ми беше важен но мислам дека бловер е моторот за вода. Нашата када е со еден. Ги читам претходните коментари од членките и размислувам да не згрешив во однос на црно белите плочки. Со здравје да ми е чистењето.
Ептен штосно. Да те прашам како се плочкиве доле за одржување? Јас сакам вакви подни ама ми е страв пошто имаат нерамнини да не навлегува нечистотија во нив? И дали се сушат побавно од мазни/сјајни плочки? И уште нешто, дали во параванот за туш имате сифон (одвод) или водата се слева надвор од него во тој сифон надвор што се гледа на сликата? Пс. Ако не е тајна од каде ги купивте плочките и која им е цената одприлика?
Плочките ми се многу лесни за одржување, никаков проблем немам, малку побавно се сушат ама обично не се мокри постојано оти сифонот е во туш кабината, надвор тој е дополнителен, па скроз мокри се само кога го мијам целото купатило, ама најчесто секако минувам со џогер на крај. Малку бигор ми се познава на нив на одредени делови ама водата ни е ептен лоша па не можам да се спасам од тоа. Ги купивме 700 ден од плочка мислам(не ме држи за збор оти свекрва ми частеше) Од Виница од дуќан.
Здраво, баш ме интересира како би можело плочките без фуга да бидат? Тие се специјални некои, или? И ние сме во план да реновираме и баш ги гледав овие плочки со шара на дрво но сиви. Имаме ние во кујната такви темно кафени но со фуга се.
Ај здраво, извини дури сега се уклучив. Вака, нај многу е до мајсторот, треба да успее да ги нареди без фуга... а и до плочките малце зависи, доколку се прва класа.. сите до една исти и рамни на краевите
Поклон ни беше од другарите за вселување, ама еден другар има дуќан за санитарии па претпоставувам од кај него. Кочани, Фалкада.
нема кај па тука да прашам колку реално кошта инсталација на вода за едно вц од 5 квадрати? матерјал и работна рака