Нашето е околу 12 квадрати, и не кошташе 400-450 еур. Со поставување на нови цевки од саатот. Мислам дека нема врска толку квадратурата колку што ќе му значи што треба да направи односно колку работа ќе има дали е нешто покомплицирано и за преместување.
Каде да барам акцесорис за купатило односно она за ролна тоалетна, за крпи, бањарки, сапун, чаша за четки, корпа за хартија, четка... дали има комплети или посебно се треба да барам. Исто корпа не сакам со газење да се отвори туку со ротирачки капак, а пак да е модерно нешто. Имате некои слики или идеја каде да барам? Но да не биде со цени до плафон, да не е луксуз, но да не е ни пластика обична. Нешто просечно накај модерно
Јас имам пластична сталажа. Во план сме да купиме огледало со плакарче, за да може да ми ги собере сите работи.
Ако имаш доволно простор, да си купиш поголемо плакарче (ако веќе не сте купиле), зашто не собираат многу ствари.
Да, да, за такво мислев, комплет со огледало. Од тие има и со поголеми димензии, што собираат повеќе, има и помали, се’ зависи колку дозволува просторот. У секој случај, практично е.
Здраво феминки. Го реновираме купатилото цело, и сакаме параван да нарачаме. Искуства ваши? Кое стакло е подобро? Од каде имате купено, каде можам да најдам со пристапни цени?
бидејки јас ја отворив темата пред да почнам со реновирање на вц се осекам должна да се доизкажам некако не ми помогнаа нешто советите тука па се надевам моето искуство и информации ке му помогнат на некој во иднина па вака ке пишам тоа што сум запамтила водводна инсталација со нивни матерјали ,демонтажа на стари и монтажа на нови елемети 18,000 плочка 600 ден квадрат лепење -350ден квадрат +лепак за плочка врз плочка 800 ден од врека околу 12вреки за некои си 30квадрати-10,000 водоотпорна фуга 2 пак -1000ка некаде + средство за премачкување на старите плочки некоја хидроизолација--800 ормарче горно+долно 15,000 када 10,000 параван-10,000 вц шоља- 10,000 чешма за на лавабо 3000 струјар -3000 вц е 2на 2,5 метра и се на се околу 2000е ме кошташе мислам дека тое е тоа не изпуштив ништо се надевам на некој ке му дојдат добредојде овие информации
Имаме слични плочки. Неможам да видам што марка е машината и како си задоволна од неа? Мојата е gorenje и брзо ќе ја сменам..
машината е мидеа 9кг А+++ со инвертер мотор звер од машина звер има 5години гаранција а првата година ако ти се расипе нема сервис него ти ја земаат оваа и ти даваат нова белите ги праве бели бапка собира дупли кебиња нечујна 1400 вртежи со еден збор препрезадоволна
Од каде ја купи? Да ја сменам одма мојава,зимавме повеќе работи од gorenje и ништо не се погоди па менуваме,квалитетот им е нула !
14.999 на некој попуст беше инаку редовна дали 20,000 дали 21,000 беше не сум сигурна види на сајтот на сетек има од 8 и 9 кг само тоа гледај да не утнеш
@ohlalalala ова не е уграден мијалник, уграден е вметнат во елемент. Јас имам ваков и некако потежок ми е за одржавање од вградените, колку и убаво да изгледа мислам дека ќе го сменам.
Тогаш надграден е така? Нз точно како се вика. Стварно ли е тежок за одржување? Штета преубаво изгледа.Ние дома имаме обичен старомоден, нема ни шкафче, ни ништо, па размислуваме за ваков кога ќе реновираме. Ама сега некако ме премисли. Значи сепак поарно оние стандардните со шкафчиња?