1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Усни како рубин

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Lady-Mistique, 27 ноември 2009.

  1. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    94
    Црвената боја е симбол на крвта, револуцијата и скапоцениот рубин.Отсекогаш се сметала за најпровокативна боја.Очите се шминкале за да се добие визуелна илузија на раширени зеници кои заедно со заводливото црвенило на усните се одлика на реакција во текот на сексуалниот чин.Уживам во оваа боја, без разлика дали се работи за облека, лак за нокти или накит (честопати знам да ставам и прелив за коса)- црвено си е црвено.Преку ден ставам светла црвена нијанса за поприроден и помек изглед, а за вечерни излегувања сакам нешто потемно и повпечатливо.
     
  2. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    Аууу Обожавам да ставам црвен кармин.... Едноставно мислам дека е многу забележителен и многу секси изгледа.
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ретко ставам, а ми имаат кажано дека некако го отвара лицето и е многу привлечен.
    Сепак, за да носиш црвен кармин треба да имаш уста, и пред се , да знаеш како да го носиш.
     
  4. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    скоро секое излегување преку викенд користам црвен кармин најубав до сега ми бил од авон околу 230 денари е многу трае и прекрасно ги прави усните, некако не свети туку кремаст е, а и убаво ми стои црвен кармин на тенот + Што имам црна коса ептен ми одговара ;) :)
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ако мислиш на тоа дека треба да имаш ГОЛЕМА уста - грешиш. Ваквиот кармин супер стои на мали усни, затоа што визуелно ги зголемува. А ако го ставиш на големи усни, ги прави уште поголеми и изгледа невкусно. Зборувам за онаа
    РУБИН нијанса.
     
  6. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Имам полни усни и едноставно прекрасно ми стои ваквиот кармин. Но, како и да е, не ставам секогаш, туку само за посебни излегувања (каде што сакам да бидам забележана :angel: ).
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Во право си хипи, јас со него изгледам како да сум подвижна реклама за орален секс. Што би рекле американците dick sucking lips :D :$ . Затоа ретко носам. Поубаво ми е кога го гледам ставен на некоја друга девојка.
    Ти што така модно расположена денес? Убави ти се зимските идеални комбинации, by the way :) ;)
     
  8. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Ја сакам црвената боја...и црвен кармин-ама кога е на некоја друга девојка (на некои стварно добро им прилега).
    Мене не знам зошто ама ич не ми стои и не ставам. :makeup:
     
  9. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    сум пробала порано пред другарки кога се спремавме за излегување и сите ми рекоа дека убаво ми стои... ама никогаш не сум имала храброст така да се појавам во јавност... веројатно никогаш и нема да ја имам таа храброст ;)
     
  10. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Обожавам црвен кармин и црн туш за очи [​IMG], прекрасна комбинација но не за секаде и не секогаш.. :makeup:
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ^^
    да да, ептен убава комбинација за шминкање, мене ме потсетува на pin-up девојките, така се шминкале. ЈАс само туш си ставам редовно, црвенот кармин ептен е резервиран за посебни прилики.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    усни како рубин ми се допаѓа навистина имам еден таков кармин си го зедов по порачка од каталог на авон мислам дека беше ,тоа е едниственото што го имам од карминчиња повеќе користам сјајчиња, краминчето го нанесувам но не како дневна варијанта туку за приквечер кога излегувам инаку сум црнка ,мислам дека ми стои затоа што не го нанесувам нападно ниту ги цртам усните со моливче туку сосем нежно ке нанесам колку да ми изгледаат усните сочни ;)
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Аххх, обожавам црвен кармин, ептен е секси, женствено, сензуално...
    најдобро стои на уста со средна големина, претенката уста ќе ја направи само како линија, според мене воопшно не ми изгледа убаво така, мојата уста е преголема за црвен кармин, затоа поблаги тонови користам, освен некогаш кога сакам да сум ептен впечатлива. BTW еве на кој најубаво му стои црвениот кармин
    [​IMG]
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Не не, не мислев на голема уста. Мислев на убава уста, со убава форма, не мора да биде голема.
    И јас се сложувам со тоа дека на голема уста не изгледа многу елегантно туку повеќе делува вулгарно(ако може така да се каже).
    Точно, на средна уста најубаво изгледа таа нијанса. А за Мерлин непоборлив факт. Препознатлива по карминот и начинот на шминкање.
     
  15. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Сакам црвен кармин,и ставам кога имам природна,а не нападна шминка...едноставно одговара на секоја комбинација
     
  16. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Јас секогаш знам да го искомбинирам црвениот кармин во секоја гардероба А бројче пробај ти со бебешко розово моливче за усни (не само на рабовите туку на цела уста) и валкано розов кармин. Успева на некои. :)
     
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Како помала кога ќе видев некоја дадичка или тетка со црвен кармин одма ја обожавав. Ми беше некако пример за дама, за тоа како треба да изгледа женско. :)

    Инаку уште не сум собрала доволно храброст да ставам црвен кармин, а имам пробано и добро ми стои. Имам блед тен и некако ме освежува. :)
     
  18. bile991

    bile991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    10
    Обожавам се што е црвено, па така да и црвен кармин. Баш вечерва имав на мене црвен кармин и преубаво изгледаше :*
     
  19. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.449
    Допаѓања:
    22.755
    Пол:
    Женски
    Обожавам црвен карамин! Имам светол тен, темнокафеава накај црна-боја на коса, усните ми се со средна големина и мислам дека исполнувам некој од условите за носење на таа Real Red нијанса... сите велат дека убаво ми стои...ама се испофалив сега :wasntme: :lol:
     
    На bile991 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Guinevere

    Guinevere Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    25
    Го обожавам црвениот кармин :inlove: првпат ставив пред 3-4 год.за излегување и сите ми рекоја дека убаво ми стои дека имам светол тен :) ,секако црвен кармин со помалку нагласени очи па и црно бела или црна комбинација на гардероба е 10-ка :emo: