обожавам црвено, па за вечерна шминка клавам дреч црвено, а за дневна доколку сакам да имам црвени усни клавам црвен сјај позз
Исто и јас, ич не ја сакам црвената боја незнам зошто. А црвен кармин во животот не сум ставила и нема ни да ставам не ми се допаѓа како ми стои. Навистина има девојки на кои им стои прекрасно. А за дневна варијанта баш и не ми се допаѓа
Многу сакам црвени усни. Постојано ми се црвени кога излегувам, претежно навечер. Сакам да го носам со црн туш, но и со темна сенка на очите. Иако велат дека не треба да се истакнати и очите и усните, не се согласувам , мене убаво ми стои така.
Еве еден туторијал за како да направите совршени црвени усни. http://www.youtube.com/watch?v=UjjUayEa1zE
Ви љубоморам на сите што си имате убави усни и што ви стои црвен кармин. Јас сум болна по вакви усни, ама ич не ми стои црвено, а усните ми се претенки...Пробав еднаш и дури и дечко ми ми рече дека сум била смешна..
обожавам црвени усни, или воопшто темна боја на усни.. дури и преку ден носам црвен сјај и супер ми стои а навечер обавезно потемна боја..мн убаво ми стои, обожавам
Obozavam crven karmin i cesto go koristam.Vo dnevnite kombinacii nikogas ne go koristam crveniot karmin zatoa sto mi izgleda napadno nekako a za navecer koristam ili bordo crven karmin ili epten dzis crven [mod-kirilica:vnkv9s4c][/mod-kirilica:vnkv9s4c]
Уфф обожавам црвен кармин, за излегување обавезно носам. Ги сакам потемните бои, бордо, темно виолетово прекрасни се
Го сакам и го носам, заедно со црвен лак и во комбинација со темни фармерки и бело кошулче внатре..незнам оти ама таа комбинација ми е хит зимава
Црвен кармин ммммммммммм го обожавам за вечерни излегувања,мислам дека скоро секоја комбинација на алишта одговара на него,како и да е јас не можам без црвено карминче
Задолжителен дел од мојот прибор за шминка. Го носам скоро секогаш кога сум излезена, а бојата варира од интензивно црвена до темно црвена, но не премногу. Модри усни не се секси.
обожавам црвена боја...а воедно и црвен кармин и често знам да си се облецам во црвено или да си ставам црвен кармин
Порано многу често знаев да ставам црвен кармин, сега во последно време ми делува многу смело А инаку убаво ми стои. Сепак многу треба да се внимава на шминката на очите во комбинација со црвен кармин, лесно може да се премине границата на нормално и претерано. Воодушевена сум како и стои на Гвен Стефани, прав дамски изглед Еве ја мојата уста во комбинација со црвен кармин Спојлер
И мене исто + болеро или џемперче од оние со ременче на половините во црна, сива или тегет боја, малце маскара и прекрасно изгледа - доминираат усните. Booпшто не ми се допаѓа кога гледам комбинации од типот црвени усни и нападна шминка и како шлаг на се`, облечени во црвено или слична комбинација во која црвениот кармин очигледно е вишок. Не коментирам за денската употреба на потемните нијанси на црвениот кармин.
мм Црвена боја во се е убава и секси без разлика дали е кармин или долен веш или облека сепак ја оправдувам за вечерен изглед ,а денски е многу нападна
Јас имам јасно изразени големи природно-црвени усни.Па така да не ми треба црвен кармин,само во некои случаеви